Хахаха, јас лично не, само блиските. Ама памтам таква случка, на која што бев присутна. Бевме кај една другарка за да вежбаме кореографија на една песна, и сеа другарката го зема телефонот и се јавува на на некој ХХХ (број) навистина не го памтам, безвезе и сеа ѕвони, чекаме да се јави. Се јавува некоја женичка, и еве го разговорот. Жената: Да, кој ви треба? Таа: Миљка, другачката да и платам 5.000 за кравата. Жената: Да, да?Што? Таа: Ало, да, овде је Живкица, дајте ми ја Миљка! Жената: Извинете грешка имате, ја опцу и тит-тит-тит...слушалката беше спуштена.
оххх дааа и тоа каккоо,често и тоа као онаа тетката за исклучување поради долговите ,и сите по некоја клетва фрлаа ххх као дамла да те отепа, или пак пцуње
Леле колку пати сме го правеле тоа со братучет ми ,се јавувавме на дедо му и се правевме дека е брат му од Чиле хехехехе,па демек не се слша добро и ќе му спуштевме,и овој по цело маало ќе раскажува како му се јавил брат му како ќе дошол за Македонија ,а ние се валавме од смеење
Кога ке бев сама дома и кога некој ке заѕвонеше на домашниот телефон и ке ставев марама и ке зборував!И денес ми текнуваат такви работи но до други работи на тоа ред не иде!
Стално вртев од кај баба ми на други домашни броеви, рандом избрани и најтрагично беше што секогаш барав чести имиња Елена, Ивана, Ана и секое второ вртење ми викаа: -Само момент да ја викнам. Па спуштав, па се плашев да не ми свртат пак и да не дознае баба ми
Исто така имам ѕвонето и по ќебапчилница , па послем ни се јавуваа дома зошто сме ѕвонеле без потреба . Во 1 одд. се скаравме со другарка ми по телефон , и цело време ми ѕвонеше да се простиме , и и викам повеѓе да не ѕвони дека е досадна. И по 5 минути звони телефонот, а се јаувува тектами и ја на цел глас краво уште колку пати треба да ти кажам да не ѕвониш , па после дури сватив дека била тетка ми
хахахахахаххахахааха уште зафркаваме кога ќе се собереме со друштвото обично сите понекад бесплатни иаме и ѕвониме ко будали некои, ама еднаш шо се јавивме и некој ни вика од таму овде е министерката, и ние епа овде е марија антоанета, и од таму ни викаат наполеон и тито се тука и ние па Хитлер ќе ве среди сите или па еднаш се сеќавам сме умреле од смеење коа му свртивме на еден сликар и му викаме сакаме да не сликате за време на секс и тој важи важи и после вртевме и на друг нешто ни викаше тој имате грешка и ние па нема врска ако е тешка ќе дојдеме јас, братмиииииииииии, нурзим,фатимеееее
Моја тема хахахаха Порано како помала, заедно со една другарка комшивка, кај неа дома игравме и ни текна тоа. И мисли се каде да вртиме и ајде викам јас кај баба ми ќе ја зафркаваме. И звониме и таа се јави и вика од таму ама многу смирено. И сама жена, цел ден паметот тука и бил, за вечерта да се јави назад да провери. И се јавува мајка и на другарка ми,а се познаваат со баба ми дека таа кај нас доаѓаше често. Леле кога ме дозна мајка ми добив добар ќотек дека не сум почитувала и сум била безобразна да зафркавам луѓе а згора на се, сопствената баба. Јас па заборавив дека баба ми има ловец на телефонот за да го види бројот. Порано тоа немаше секој, баба ми како ЦИА обезбедена После на среќа вртевте цифри и секакви имаше од другата страна
ххахахахахахаха многу пати се имаме јавувано во ПОЖАРНА и ги зафркававме : - Ни изгореа дрвата во печката... во пицерија му нарачавме пица на еден другар без тој да знае ( многу скапа пица ) хахах
да, илјада пати.....им се јавувавме на луѓе шо ги знаеме ама со непознат број и им кажувавме дека добиле на гради или ѓи зезавме со нешо како: -добал ден чичо/тетоо, да не слуцајно плодавате флизидеули
Дааааааа ејјј колку пати .... најчесто ги сврзувавме броевите на две регистрации и кад тад некој ќе се јавеше !! ххаха имаме и доделувано награди и одмори на Халкидики ....аххх колку луѓе сме израдувале
Хахаха даа. Кога го прочитав името на темава се навратив на тие моменти. Најчесто вртевме кај комшиите, во полиција, пожарна, но и броеви по случаен избор. Смислувавме секакви приказни, абе времиња беа тоа.
Да, често правевме тоа. Како помали навечер од говорница вртевме и им досаѓавме на луѓето. Неколку пати и од домашен сме вртеле, најчесто на пожарна и случајни броеви. Детски памет