Да ни поминеше денот на мене и на другарками без да го свртевме телефонот и да доделувавме награди, да правевме анкета, да бевме од некоја фирма, да нудевме некои производи (наши измислени со смешни имиња), да закажувавме гости како од типот (еј дома си ајде ставај кафе овде ,, Кромитка Љутова-Љутова Кромитка'' ќе дојдам за 2 мин), да вклучувавме гледачи диретно во емисија хах сеуште се сеќавам на тие случки а строго зафркававме некој од комшии и ден денес кога сме заедно излезени низ мало ако сретнеме некој едвај се воздржуваме се газиме од смеење
Охооо, и тоа колку. Сега па откако излегоа бесплатните минути на ВИП, лелеее. Ѕвоневме со скриен број и им викавме на луѓето дека се јавуваме од Сител или Канал 5 и демек имаме награда за нив, бла бла. А на некои им викавме дека ќе добијат парична награда ако кажат како прави жабата. Па после како прави лавот. Хахаххахха Смешки!
Дааааа, не ни поминуваше денот без тоа! Им вртевме во 12 саат навечер и им нарачувавме пица а они “грешка имате’’ и јас - да знам дека имам и му исклучив и после кикотење Им ѕвоневме на домофони им се деревме , што не! И ако не откриеа - мрш бре дечишта!! хаха
еве неколку интересни случаи .. 1.Со скриен по сите такси се изнајавивме и пред гимназија се изизпаркираја.. 2.Порачавме без скриен 2 хамбургер и 1 пица да донесат до кај едно другарче пред кујќи(дане е кажувам адресата) и таксито си купилио си дојде а ние се скривме сите и си се смеевме после ни оставале пораки (тел. го исклучивме) ќе не пријават демек ова она и ништо од тоа.. таксистот си фати си го изеде сендвичот и си замина
Ехее па и сеа сум мала, уште си зафркавам... Ми текна сеа на една случка од минатиот месец Јас отидена кај баба ми и кај дедо ми на гости за да спијам неколку дена, мајка ми и татко ми на свадба, а сестра ми остана дома сама Еве како се одвиваше разговорот (на слушалката имав ставено крпче за да не ме познае по гласот дека сум јас) Јас: Добро вечер. Сестра ми: Добро вечер. Јас: Се јавуваме од Водовод и канализација. Имаме дефект тука па да ве прашаме дали имате вода? Сестра ми: (иде да провери на чешма) Има има вода тука. Јас: (како од пушка) Епа ај чим имате вода измијте си ги нозете до тука ви мирисаат. Е тука беше крај Дедо ми, баба ми, сестра ми се згазија од смеење, а јас со една фаца like a boss и кажав на сестра ми дека сум јас.
хаха да на улица со друштвото ѕвониме на некој број кој сами си го измислуваме и „Ало,вие ли имавте оглас на Пазар3? Колата сакам да ја земам“ и овој „Не не,грешка!“, „Ма не е тешка,брат ми е билдер ќе ја донесе :geek: “ и така тепавме досада
Хахах да и тоа многу пати со другари и другари ќе се соберевме кај некој дома кога бевме сами и звоневме и се шегувавме со луѓето велејки им дека добиле награда од некакви наградни игри или дека се јавуваме од некои фирми и се разбира некои веруваа некои а имаше и многу пати кога не фаќаа со лове цна телеонот ако имаат. Звоневме и до мобилни телефони преку скриени броеви ама и тоа помина
Па со оглед на тоа дека имам 14 години (вчера наполнив) сеуште сум мала и сеуште зафркаваме луѓе. А најчесто тоа го правиме од досада. И колку само им се смееме.
Сите ние другарки многу зафркававме по телефони. Ќе се соберевме друштво кај мене и вртевме на броеви кои сами ги измислувавме. Најчесто се претставуваме дека сме од некоја фирма, дека сме им се јавиле по случаен избор им кажуваме на англиски (им ги кажувавме за све). Имаше и такви што ни веруваа. Колку само сме се смееле. Најако беше ahaha
лелеле дадада колку пати само имам зафркавано луѓе по телефони како се имам смеено и тоа со другарите па најинтересно ни беше кога се јавивме и се претставивме како водители на џандар збира и ни поверувааа имам замалено И се уште се зафркаваме со оглед на тоа што имам 14 години... А па интересен момент кога се јавиввме на некој број и тоа младо момче околу 15, 16 години и му зборувавме на англиски па потоа направивме лажен фб и да не адне абе скечовииииииииии
Па не баш, само еднаш ми се случи јас бев сама дома и се собравме цело мало кај мене дома и се јавуваме на такси и си ги пракавме на различни страни во градот Spoiler Лошачка сум била
Со братучедами го правевме тоа за први мај се јавувавме на вип броеви и на луѓето им кажувавме дека добиле бесплатно бесплатно патување во Бразил по случаен избор но само ако одговорат на неколку прашања кој е главен град на бразил ? (скоро сите одговорија точно ) и второ прашање колку камили има во бразил е тогаш сите ни спуштаа хахахахахах ако сум налетала на некоја феминка се извинувам
Секогаш, секогаш. Сега најнова мода на овие у моево друштво им е, да се јават на некое другарче, со познат број и да му кажат еј брат у гужва сум ке те барам попосле.