Па уште и питаш Со друштвото сме праеле партал,леле чекајте да се изнасмеам,е добро сеа може Еве некои „финти“: - Значи се јавуваме со непознат број демек работиме во Пенти Ѕвониме и се јавува некој господин .. Ние:Ало добар ден се јавуваме од Пенти. Господниот:Повелете. Ние:Добивте награда танга гаќи ако не дојдете да си ги земете за пола час ке ви пропадне наградата Господинот:Од кај сега тоа? Ние:Жена ви пазаруваше од кај нас. Господниот:Ама јас не сум женет. Ние:А девојка ви? Господинот:Немам ни девојка. Ние:А швалерката? - му исклучивме - И после Хиихихихихиихихиихихиих Офф бее имаше и уште една. Ние:Добра вече ,вие ли то продавате кола на Пазар3? Жената:Не не,грешка? Ние:Тешка викате а? Жената:ГРЕШКА бре жено,ГРЕШКА! Ние:ААААААА?Тешка е а?Ај ке доџеме да ја земеме ние цела сурија сме,ај пријатно. Офф имаше и други,ама ги заборавив,какви времиња беа тие
Аа да! Редовно, секој понеделник мислам дека беше кога играше Супер Бинго на ТВ. Едвај чекавме со другарките, специјално се организиравме за тој ден и вртевме па сите нели чекаат Игор да им се јави и тие одма да кажат Гледам Супер Бинго! И лажевме како сме ние од режија, па се договаравме каде и кога да дојдат по парите.
ехеее растур правевме измислувавме броеви и вртевме кај ќе стигневме кој знае колкави сметки сме им правеле на домашните
Да премногу Се јавувавме на брза помош,пожарна нели бесплатно е. Па тие стават шпион па знаат од каде сме,се плашевме што ако дојдат лелее хх Абе циркуси...ама деца тоа ти е ,тогаш тоа ни било интересно .
Летото со другарките многу вртевме на телефон.Вртевме на полиција,пожарна и брза помош.Им викавме еднаш дека во тоа и тоа школо има пожар . Еднаш рековме дека има голема тепачка во Градски парк. Потоа на едно девојче и викавме дека добила некоја награда по случаен избор,да дојде таму и таму и да ја земе. После неколку пати на една и вртевме и и викавме дека смртта ја бара...
сега ми текнува што сме правеле како мали...тогаш немаше мобилни и на фиксни ѕвоневме и ако ни се погоди некоја теткица баравме рецепти за еклери бре?!!! луди млади години
Ало, овде е Марија Петковска, се јавувам од т-мобиле, за да ве известам дека поради технички проблеми, не смеете да одговарате на сите наредни повици, бидејќи јавувачот може да доживее електричен шок. И после се јавуваш пак и вриштиш, демек те удрило струја. Или не ти креваат.
Ахахах да со другаркиве еднаш измисливме еден број и ни се јави една теткица па се праевмеко демек сме од EVN ја нема исплатено сметката од предходниот месец па женава нешто ни објаснува како може ова она. хахахахах лом бешее ехх тие годинии
Многу. Баба и на другарка ми си купила број од вип (само што излегоа) и нели ефтино беше. ние мислевме дека е бесплатно и вртевме и вртевме додека не исклучи па после враривме секаде што припага. и баба и кога виде дека нема кредит рече: подобро да купев од МОБИМАК или КОСМОФОН аххахахахаах барем ке имав пари а сега дадев 200 ден. А одозгора треба и да надополнам. Срамота и ние толку се згазивме.
хахаахах... ме потсетивте сега, како помала со братучетка ми и сестра ми се јавувавме на броевите, на Скајнет беше тоа , машки пишуваа ако сакате да се запознаеме јавете се и ние се јавувавме на броевите и лажевме дека сме повозрасни, дека живееме на некое си друго место и се договаравме со нив да се најдеме во град, им кажувавме какви сме и такви некои лаги, и се секавам еден од нив отишол во град и не чекал (е ќе дочека ) и потоа ни се јавува и ние лажевме дека не сме можеле да дојдеме. Леле леле греота луѓето, ама сеа што да се прави деца сме биле
Баба ми ни имаше кажано дека немала платено еден месец за струја па ја имале опоменато еднаш... Па така наредниот ден и се јавувам онака формална ,,Добра ден. се јавувам од есм, доколку не ја платите сметката во рок од 2 дена ќе ви ја исклучиме струјата,, и баба ми душичка целата ушлашена ,, Видете госпоѓо.Син ми ми пратил пари од странство,кога ќе ми стигнат парите одма ќе платам. Мислите мене не ми е мака,дури и повеќе и од вас,, Исклучувам и звони домашниот.Баба ми се јави да ни каже дека и се јавиле... па во смеа и раскажав се...
хахаха леле да , звоневме по таксиња и ги испраќавме по адреси сеа вака ми е мака ама што да правиш детска пакост
Eh toa ni bese najomilenata zanimacija vo ranata mladost.Vrtevme na taxi i gi prakavme kolite na razni adresi,pa izmisluvavme razni nagradni igri i dodeluvavme stokovni dobivki.Se dodeka ne napraviv ednas tel.smetka od 6000den.i doma ke me otepaa.Bev kazneta dolgo vreme bez dzeparlak
Ауу кога ќе се сетам на тоа Со другарка ми сме ѕвонеле кај комшиите најчесто. Имав една комшивка од спротива и таа живееше сама телефонот и ѕвонеше на секои 15 минути и многу гласно до кај нас се слуша и јас со другарка ми денови со ред и ѕвониме кога ќе излезе по леб до продавница ние ѕвониме и жената мора да се соблекува да се јави и кога ќе се јави ние само ќутевме или некога и се јавуваме како божем да сме биле од телевизија од некој квиз и и поставувавме прашања од општа култура и таа одговара и одговара и и викавме демек награда ќе добиеш а таа награда никогаш не стигнала Комедии скоро на сите од маало им се имаме јавувано
хахаха лелеле..Јас со другарка ми звоневме кај што ке најдевме број во телефонот и велевме Добар ден се јавуваме од Космофон дали вие сте тиа и тиа?Да,јас сум.Епа ви честитаме вие сте новиот добитник на Пежо 206,ви честитаме и да ве замолиме да оставете лични податоци и во рок од една недела да го подигните автомобилот..Тој/таа Е како можи од која наградна игра е ова?Ние Епа автоматски бирање на броеви/добитници имаше..
Хихих.. да.. еднаш се јавив на еден прој и почнав да дрндрам: Жена: Ало? Дете во позадина на слушалката: Мама, Мама!! Јас: Добар ден, правиме анкета за едно локално списание, сакате да ни одговорите на неколку прашања? Жена: Ајде. Јас: Имате Фејсбук профил!? (бладав ко некоја си..) Жена: Не, немам.. Јас: А.. дали користите др. страници на интернет!? Жена: Да користам ......... (не слушнав, другарка ми до мене се газеше од смеа ) Јас: (веќе не знаев шо да и кажам, а и ќе препукнев од смеење): Во ред, пријатно, ви благодарам.. Жена: Пријатно. До ден денешен се сеќавам на овој разговор, aww..