ехее ии това колку пати ко бев мала..море и сега со скријан кога умирам од досада ии шо ке прам им досагам на лугето хахааха
Уффффффф тоа беше ВРВ кога се јавуваме по телефони па им викавме на луѓето "Се јавуваме од Македонски телекомуникации ќе ве замолиме да дувнете во слушалката да видиме дали вашиот телефон и сигнал се добри, имаме мали технички проблеми" хехехехехе и овие ќе дуваат дуваат и ние на крај им викавме "Фала ви што не изладивте"
Аух дааа но најлудо беше кога се јавивме во брза помош и кажавме оти на чичкото што продава зелка му е лошо,ццц дечишта бре
Лелеее сега не ми е јасно зошто тоа ни било толку интересно. Често се собиравме кај една другарка, скоро секогаш преку ден беше сама) и се зафркававме по телефон. Абе дечишта
И уште тоа го правиме...(кога имаме бесплатни). Ѕвонеме на луѓе после полноќ и им го кажуваме ова: Ние:Ало млекара. Хх:Грешка. Ние:Не сум грешка,ти си крава тешка. интересна си ја правеме. Spoiler ако на некој од овде сум ѕвонила хаха
Да Ќе се соберевме друштво помало или пак со брат ми.Вртетме броеви од памет.И еднаш барав некоја си Мартина,се јави една бабичка и ми рече дека е на училиште.Интересни беа тие времиња.
Даа и сеуште понекогаш..еднаш, бевме кажале дека сме од А1 тв и дали сакаат некоја емисија репризно да ја гледаат, а еден Кумановец (у Куманово сме свртеле) вика Светско првенство утакмицу у фудбал Барса и Милан
Хаха даа Т.е и сега кога ни е досадно го правиме тоа.. Им кажувавме дека сме продавале печки.. И што знам некои други глупости
Ќе се соберевме едно 6-7 другарки и плус моите 2 сестри и како сме ги зезале! И уште го правиме тоа ако ние досадно. Има многу, ама сега ме мрзи да раскажувам!
Порано измислував броеви и вртев, а пак подоцна знаев на некои деца телефонски броеви и со другарките им вртевме од скриен број и ги зафракававме
секаде сум ѕвонела со другарките. Никогаш нема да заборавам кога се претставив како од погребално претпријатие и му кажав дека жена му починала во сообраќајка. Шок од другата страна на телефонот, а ние одма прекинавме затоа што ќе умревме од смеа
Да, да, да... Се сеќавам ми доаѓаа другарки дома пошто претежно бев сама, и вртевме на непознати броеви и стенкавме по телефон хаха луди тинејџерски години... Еднаш ни се уклучи секретарка на некој пар, и ние пак стенкавме и го извикувавме името на мажот. Којзнае може се развеле после тоа