Штета што веќе го нема ова зафркавање по телефон. Сега сите имаат мобилни, а оние што имаат фиксни телефони имаат идентификатор на нив.
Да да по фиксниот телефон со другарка ми вртевме на разни броеви и се зафркававме со луѓето. Еднаш претеравме и еден човек ни рече ќе ве пријавам и ние уплашени престанавме. И не само тогаш и сега со мобилните сме го правеле тоа.
даа... само еднаш мноогу се исполашив и после тоа не сум се јавила.се јавив на оние информации за броеви што е и на таа к**во и реков и спуштив.ете ти ја таа се јавува на кого бе ти к**во?? и јас грешка грешка... уште ми се смее
Ауууууу да, да хахаха Нели порано телефонските броеви ги запишувавме во шарени тефтерчиња и на сите по ред им се јавував.
дадада Ќе се собереме кај мене позади зграда и ќе измислуваме броеви и им ѕвоневме.Најчесто викавме дека се добитници на некоа награда и дека следниот дено во 18 да си подигнат награда од плоштад во скопје. Уште памтам на еден постар чичко му рековме дека од скопско добил кола и овој се израдува
Јас минатото лето зафркавав едно момче и со другарките сме се згазиле од смеење можеби еден час муабет правивме со него на телефон
Да,секогаш кога имам бесплатно зaедно со другарка ми ги зафркаваме луѓето,еднаш за малку ќе не фатеа...