Пред некој ден се сетив на една случка. Со една поранешна другарка, седејќи кај неа во двор, ни текна да ја зафркаваме на фиксниот телефон. Јас вртев од мобилен со скриен број (тогаш ја имаше таа опција) и кога мајка и ќе станеше да крене, одма спуштав. Знаевме кога станува за да крене слушалка, бидејќи седевме под прозорот во дневната. Едвај се воздржувавме да не се насмееме. За среќа, не не фати.
Баш се присетив на овие времиња. Уште една во низата од лудориите. Ги зафркававме и тоа многу често. Знаевме да ги полудиме луѓето. Најчесто беше за тоа дека немаат платено сметка за струја и ќе им ја исклучат струјата. Имаше зафрканции од типот „Здраво, овде Петко, твојот швалер.“ Потоа знаевме да се изнасмееме слатко. Секогаш се правеше во друштво, за да биде нели поинтересно.
ах и тоа како... колку само пати се имаме собирано кај некоја другарка и по цела ноќ се јавуваме на луѓе што ги знаеме и што не ги знаеме. еднаш дури се преправавме дека сме од некоја компанија и се јавуваме за наградна игра за да доделиме кола. сме биле толку добри што дававме и адреси, податоци и некои ни поверувале и се истрчале до Скопје да си ја побараат колата Тогаш дојде и до посериозно што не пријавиле во полиција.. среќа полицајциве фини луѓе ништо не ни направија ама од тогаш јавување јок
Ехеее колку зафрканции имало... најпозната ни беше "Добар ден се јавуваме од водовод, има некои проблеми, дали може да проверите дали имате топла вода дома" и они ке кажат да, и ние "Епа тогаш измијте си ги нозете зошто ви смрдат" хаххаха
Ехххх...Да не почнувам сеа, не ќе можам да се запрам од приказни раскажување... Ми текнува дека кај баба ми тоа најчесто го правев заедно со брат ми,тандем бевме...Идевме по спратови и биравме кого ке го зафркаваме...времиња детски невини ама не и наивни хаха
Ехееее ја и сега се зафркавам со скриен... Најмногу го нервирам дечко ми а на него ни на крај памет не му текнува дека сум ја, оти сум премирна за такви работи
Јас како мала не, ама затоа сега ми е како хоби. Се јавам кај една другарка, удрам на индиски акцент и кога и продавам и врати и џамови, кога осигурување, кога за статистички податоци ја испрашувам каков детергент купува и дали е задоволна, така едно пет минути секогаш додека ме познае, некогаш и ми поклопи.
ааа тоа ни беше главна занимација во текот на денот хаха со другарка ми,кога ќе појдевме кај нејзе од домашниот телефон пишувавме некои броеви како што ќе ни текне и звоневме,па кога ќе кренат им виаквме им блекавме како кози хахаха една школска моја ја зафркававме оти многу ја мразев и ден денес ја мразам дигната е многу.....едно девојче што учеше со другарка ми,дури го сменила и бројот поради тоа што и се јавуваме на секои 5 секунди,кога ќе се видевме негде ни се жалеше дека некој и звони нон-стоп и затоа го сменила бројот
Имам зафркавано луѓе заедно со друштво,баш се сеќавам на едни им зборевме за дејство на дрогата и алкохолот им читавме песни времиња беа тоа
Имам и јас правено такви заебанци. ееее кога ќе ми текне што се имаме зборувано, така секој ден со другарката, сестра ми и вртевме на рандом броеви да реметиме луѓе Ама сега ептен ретко, скоро никогаш, не ми ни текнува на таква работа.
Како некое хоби ми е Како мала од домашен, затоа што мобилниот за мене беше врвно достигнување. А сега со скриен од мобилен се зафркаваме со другаркитекога ке се собереме, најчесто се јавуваме на симпатиите или на некои нафурани глупачи што ни одат на жифци да ги изнабреѓаме малку Но и мене кога ми се јавуваат не се лутам, интересно ми е си се зафркавам и ја
Ја и ден денеска кога ќе ми е досадно си вртам со скриен и се глупирам,посебно кога ќе сум со другарка е тогаш се циркуси
Како мала не зафркавав по телефон, но затоа пак сега си надокнадувам Почесто со другарка во училиште на одморите кога ни е досадно, ќе се разѕвониме