Не, никогаш не сум пробала... Но, еден сељак додека бев кај баба ми, ми досаѓаше по телефон. Дури 86 пати ми се јави детево со 86 сменети имиња! Тоа крајно идиотсво е! Но, не успеа да ме зафркава како сите други. Му пуштав бумеранг да слуша преку телефон, а тој кажуваше: -„Алуу?? Алуу? Кој е тамоо?? Абе ај не зајибајај се мор!!!“ Така јас си поминував убави 12 часа со тоа(тие) непознато(и) пријателче(иња).
Да , на почетокот кога си ставивме фиксен телефон со другарките цела маала ја зафркавафме на телефон абе гревови наши
Хахахаха, колку пати Еднаш на една жена и се јавивме (ја знаевме жената) и и кажавме дека се јавуваме од ЕВН да оди и да си ги плати сметките, бидејќи ќе ја исклучиме
На баба ми синоќа и се јавуваа по 100 пати. Сега подочњнаците, на олкаи. Таман замижав, слушам ѕвони телефонот... убава тортура направија на мене ѓубрињава!!!
Со брат ми обожававме да зафркаваме на некој.И така ке свртеме било кој број и прво јас а потоа тој.Една вечер седевме до многу доцна и не фати досада и решивме да се зафркаваме,беше околу 01:30 часот.Ѕвонам јас и крева една пристара жена,и јас и велам стрина Нетко,ајде станувај да ја измолзиш кравата,и таа вели кој е таму?И јас прснувам да се смеам и исклучивме. Исто така таа вечер вртам друг број и крева пак една жена и велам кој е таму,и оваа Милка.И јас епа ајде стрина Милко големо да расте внучето,да расте со мајка и татко.И таа какво внуче ? и спуштив. Иста вечер,сега брат ми ѕвони на друг број,и крева еден пристар маж,и брат ми му вели Митко дојди бе кравата се пораѓа,дојди на помош.И човекот му спушти. Така се имаме зафркавано многу не само со брат ми,и со моите другарки. Еднаш со моите другарки седиме кај мене,и ѕвониме на едно момче кое ми беше симпатија. ТОЈ:Ало,кој е? ДРУГАРКА: Дали го добивме Милан(името е само пример)? ТОЈ:Да. ДРУГАРКА:Ви се јавуваме...(прснуваме сите да се смееме а брат ми пушта песната Talk dirty во микс со песната дојди ми Лено) ТОЈ:Кој е таму? ДРУГАРКА:Ви се јавуваме од (и во позадина брат ми пак пушта исти микс,и сите се смееме) ТОЈ:Ајде гони се. ДРУГАРКА:ААааа,чекај чекај.Ви се јавуваме од Италија за плочките во купатило.(А требаше да каже ви се јавуваме поради тоа што плочките од Италија за во купатило ви стаасаа) ТОЈ:На мајкати п****та. И исклучи,се згазевме од смеење. Има голем број такви зафрканци кој сме ги правеле,еве уште некои. Ѕвонам јас кај едно момче(најдов број во телефоно,нели сега на фб кој има оставено број ги пишува право и на телефоните).И цело време му велам дека ми е симпатија(а ни фаца не му знам),му велам дека многу убаво се облекува,дека има прекрасен глас,и кога му спуштив,отварам негов профил и има што да видам,погрозен неможеше да биде.Другарките ме зафркаваа многу за тоа. И слушнавме една фора од една девојка,и ајде и ние да испробаме,ѕвониме на една девојка со која бевме закачени нешто. Јас:Здраво. Таа:Здраво. Јас:Да не спиеш? Таа:Не Јас:А ти се спие ли? Таа:Не Јас:Мори оди легни си кокшките одамна се заспани. Таа:Ќе видиш ти....(почна да псува,ама не дозна дека бев јас )
Да и уште ѕвониме со другарките.Сега за дочек дека будни останавме вртевме во 4 сабајле ама никој не ни се јави. Се сеќавам еднаш ѕвоневме на многу луѓе и им викавме дека смртта ги повикува. Еднаш дури татко ми го прелажав,имавме порачано тапети и јас му се јавувам на татко ми и му викам да дојде тапетите да ги земе.Ми поверува. Spoiler Вака читајќи ја темава ми дојде една желба да ѕвонам,ама е почекам уште малку до после да се собереме со другарките....
Да секако имаше некои кои ги познавав а некои не ги знаев и броевите сама ги измислував имаше случаи кога сум звонела и на 192 193 и 194 и ги зафркавав сеа коа ке се сетам на тие случки се смеам ко вчера да биле
Ахаах секако дека да и тоа со моите братучеди измислувавме божем некој си квиз па им поставувавме глупави прашања
Не е баш мое дело ама смешно е. Дешавкава се случила сега кога беше извлекувањето со фискалните. Нели се јавуваа дома на добитниците на поголеми награди, и кога го извлекоа станот прво го кажаа бројот па после името на добитникот, и во истиот момент ѕвони на тв и им заѕвонил телефонот фиксен кај една комшивка, срце ќе ги удрело луѓето, некој се зафркавал со нив. Инаку оф топик... Ова личи на зафрканција ама некои го користат и за подруги цели. Кај едни мои роднини се претставувале као се јавуваат од некоја агенција за таму не знам што и го испрашувале братучед ми се: колку години имал, колку члена се во семејството, каде работат па дури и по колку часа работат... и нормално нему му паднало сумливо и одбил да им каже. После некое време дознал дека истава "агенција" се јавувала и кај пријатели од баба му и така си дознале кога луѓето не се дома и си ги ограбиле фино лепо...
Да.. итоа на едно дете кое порано кога јас бев 3 или 4 одделение го сакав (ама онака детска љубов), но после 4-5 години некако све се измени почнавме да излагаме скоро година дена и бидејќи имаше женска со која одеше 1-2 год. и дека беше постар од мене околу 5ипол-6 години решивме да не излагаме више...