дааа заедно со другарките еден период тоа ни беше најголема забава најјако беше кога еднаш се јавивме кај една постара комшивка..еден другар му вели здраво се јавуваме од квизот кикирику ако извикате три пати кикирику ќе добиете голема парична награда и кога почна она на цел глас "Кикирикууу кикирику кикирику" се скинавме од смеење
Хахаха.. Кога одев кај братучедите тие и се јавуваа на баба и дедо и ги зафркава. Сега не сумм ни помислила да направам такво нешто, а ни тогаш јас не учествував, само гледав, слушав се смеев.. Што значи, НЕ.
Хахаха дааа многу често, на другарка ми баба и беше докторка па стално и се јавувавме демек сме нешто болни а таа кога ке не познаеше дека сме ние ни викаше дека сме болни во главата, а имаше сега брзо една зафрканција како вие лавот хаха па и ако сме веке возрасни за ова и срамота е да кажам пак зафркававме стари луге, а наградата беше демек покачување на пензијата хахаха
Даа Божее, ѕвоневме со другарките кај луѓе и ги прашувавме дали имаат вода? Една од другарките еднаш кога ѕвонила некаде го згрешила бројот и и се јавила некоја баба Гоца. И оваа и го запаметила бројот за да можеме да ја зафркаваме. И тоа тетка баба Гоца ја викавме Божеее
Хехеех темава ме врати многу многу одамна. ЕЕЕ времиња беа тоа, мала бев хеххех. Јас и мојата најдобра другарка зезавме на телефон еден водител на локалното радио хехехех децаааааааааа. Кај ни бил умот тогаш. Убаво и безгрижно време беше тоа. Камо да можеше да се врати барем на момент.
Јас си бев махер за тоа.Се собиравме најчесто кај мене и ако беше мајка ми дома или некој друг,ке го натеравме да оди да купи сок ли,смоки ли,кога како,и за тоа време ние сегде вртевме.А на мајка ми ќе и текнеше што правиме, на пола пат ке се вратете без сок и ке не искараше
Хехе пред околу 1-2 години со школските главна занимација ни беше. Се собираа 5-6 деца. (незнам како се наоѓав секогаш со нив, но јас никогаш немам зборувано туку само ги слушам и се смеам. ) Врв беше кога ѕвонеа на мајка и на една школска (мајка и` секогаш за се ни се кара, не за телефонот туку за други глупи работи) битно ѕвонеа и мајка и се јавува па едно машко од одд. си затна носот и збори: „Ало овде е зет ви“ се утепавме од смеење. Друго беше кога звонија на некој човек и тој културно прашува кој е а овие: „Честитки добивте телвизор на подарок ве извлековме преку компјутер“ па човекот ги прашува: „А каде може да ја подигнам наградата? “
Слушнавме една финта и памтам дека цело време им ѕвоневме на луѓето. Така на една кокона и ѕвоневме со другарките. Ние: Ало Таа: Ало Ние: Еј лепотице ти имаат ли кажано дека личиш на Анџелина Џоли. Таа: Нее Ние: Епа како ќе ти кажат кога не личиш Таа после десетминутно пцуење изгаси.
хахахахаха ,ние вртевме на пожарна,брза помош и такси... ама мали бевме 4-5 одд. гледавме од прозор кога ке се наредат 3-4 авта од различни такси компании..или ги праќавме негде подалеку од градот со оние од пожарна и брза помош се расправавме или ги исмејувавме и тоа вртевме од СИМЕНС А-52 хаха
Може да се каже. Кога бев помала, братучед ми во пубертет, нема што да прави пред излегување и им ѕвоневме на баба и дедо. Или им велеше дека нашол изгубен паричник, па демек е нивен ги прашува за адреса ова она. Или пак дека добиле награда. А еднаш дури им се јави и им рече дека кај него стигнала перална со нивно име. Ги шекна луѓето.
Хахах,да ама ретко,ако се најде некој во друштво со кредит И тоа дека добиле наградна игра и некој веруваа,па за нарачки ... Па дали имаат вода и овие пуштаат од таму хахаха,што сме биле