Да еднаш со една другарка ѕвоневме на една жена ама на домашен беше тоа значи зборам за пред 7/8 години и и зборувавме демек ве извлековме за награда од Роби (сега телекабел што е) и таа ни вика јас имам индефитикатор на телефонот (или незнам како се пишува) и после во 3 саатот кога ќе си дојде мајка ти од работа јас ќе и се јавам за да ја подигнам наградата. хахаха колку сме се смееле за тоа.
Хахах со брат ми. јас бев многу малечка и само слушав, страв ми беше јас да зборам. Да ви го исцитирам разговорот: - Добар ден се јавуваме од електродистрибуција дали може да ви поставиме неколку прашања? - Да секако. - Имате ли фрижидер? - Да. - Дали добро ве служи? - Да. - А му давате плата? Боже колку сум се смеела. И си го практикувавме тоа едно време, се додека не се јави една госпога покасно кога моите се беа вратиле од работа. Ни одржаа лекција ама јас мало па си се извлеков и тогаш како и во многу други ситуации зошто сум помалечка
Сум го правела и ден денес го правам. Знам дека не е културно но не се шегувам со постари луге и старци оти срамота е, несакам да правам никого будала. Но доста често знае да ми стане досадно и со некоај другарка да вртиме на деца со скриен ( кога велам деца мислам на врсници). Како помала се јавував и на постари ама сега не. Пред неколку месеци со уште 2 другарки му вртевме со скриен на еден албанец од Скопје што го познавам и зборував јас. И се јави тој и ало ало и јас А....? И тој да јас сум и почнав нешто на албански да му зборувам mirmrama, miremengjesi, miredita и уште што не се испомешав. Па му броев на албански до 10 и тој цело време ќутеше. Па му пеев нешто еh at dish sa shum te dua Па едно време почна тој нешто да зборува на албански а ништо не го разбравме со другарките се газевме од смеење па почнав на турски да му зборувам па ми даде со некој друг да зборувам па тој ми викаше јави се после сега нема време и му викаме Македонија нема време за чекање. Па ни даде некој трет најверојатно Босанец таа другарката му викаше кај си бе поп (а учеа медресе за оџи) ама битно се изнасмеавме ептен. И сега ми е смешно. А еднаш паметам кога се јавивме на еден сокласник кој беше пред исклучување и се претставивме како класната и го баравме татко му а детето ќе се онесвестеше почна да моли, ве молам, уште една шанса, повеќе не бегам, ќе донесам оправдание хахахха додека да сфати дека сме ние.
Да,но само некои кои ги знам.Итоа долго време да ги знам.Не некој што го запознав вчера или постари.Тоа никако.Инаку за Нова година,цело друштво зафркававме едно дете по телефон.И јас му реков да се ќердоса,со едно чупе кое го сакаше.И за 22 дена,децата си се фатија. Кога занекој ќе посаксм за некој дасе фатат,ќе кажам(ќе фрлам магија) и ќе се фатат.А за да се скарат ќе фрлам клетва и клетвата фаќа И еднаш зафркававме едно дете тоа беше во 5то одд Го скапавме мајтапење А тој со нас учеше..
Охоо секогаш кога ќе се соберевме многу деца секогаш ѕвоневне,правевме наградни игри погоди го прашањето и ќе добиеш шпорет,и така ќе најдиш некој постар човек и ќе се мачи ќе одговара..деца море деца
Ехее што доѕвонивме со децата од маало кај што стигнеме кога и да начекавме телефон а сме сами, одма вртевме и се зафркавме.. Јас многу му ѕвонев на симпатијата, пусти Ненад глава не можеше да крене од мене, ѕвонев, ќе се јави тој и јас тап ќе ја спуштам слушалката нон стоп така правев се додека не се јави татко му, после му бев лута, ко гајле да му беше на него