Хахаха ДАА Се собиравме децата од цело маало и се јавувавме најмногу по таксиња жално али ... децка работа
Да но ми беше страв после си викав леле ке разберат јас бев сега полоција ке ми дојде сега ова сеа она хах
Лелеее лелее ова ми е најомилениот дел од детството, со братми имавме поврзано еден телефон во нашата соба. А нашите не го знаеа, мислеа дека имаме само еден во ходник. И ние ќе си легневме во собата демек ни се спие порано и почнувавме. Еднаш знам дека го земавме телефонскиот именик и секоја Снежана што ја имаше во него ја побаравме и си правевме муабет Инаку едвај чекавме родителите да заминат на гости некаде и ние да го нагазиме телефонот, а тогаш па и двојници имавме, кои за жал од нас не дојдоа на ред до линија. Инаку многу мерак имав да слушам други јазици и на тел ги вртев сите бројки се додека не ми зазвони некаде. Младост лудост
испринтај продавам печка со број на некој шо го мразиш (а поминало долго време за да неможе баш да претпостави дека си ти) и исполепи го низ градот е тоа е зафрканција
имам и јас зафркавано како мала..но најитересно ми беше нека сум иамла 10 год и една моја комшивка звони кај нас и јас се јавувам и викам ало и вика се јавуваме од македонски телкомуникации да ни кажете колку е долг кабелот од телефонот до таму акде штое приклучено и ајс викам незнам чекај мама ке ја прашам и доаѓа мама и вика еми незнам кажи 10 метри (и таа озбилно свати хахах) и ајс викам нели 10 метри и од таму ми викат епа доволно е долг да се обесите леле кога почнав да се смеам хахахахха и утре дознавам дека тоа била комшиката слатко се изнасмеавме еее времињааааа
Зафркававме. Звоневме со скриен број у пожарна, викавме такси на рандом адреси, пици порачувавме. Од денешен аспект глупаво е ама тогаш интересно ни беше.
-Ало, овде Марија Марковска од т-мобиле, се јавувам да ве известам да не одговарате на наредниот повик, имаме проблеми со мрежата и јавувачот може да доживее електричен шок. И после ѕвониш пак и или не ти крева, или крева и вриштиш и се преправаш дека те фатило струја па тој од другата страна се вади од памет. Не знам дали сум пишала за ова, прееска ми текна.
Хаххаахах и тоа какоо Јас па ги прашував да не нарачале вц шоља или па интервју им правев абе триста глупости буквално во гаќи се имаме мочано... деца
Јас сум свесна дека ќе горам во пеколот заради ова. Не знам колкави сметки им стигале на моите за телефонот - или и тие правеле премногу муабет па не приметиле, или навистина мислеле дека не можам да бидам до толку одлепена. Тогаш уште одеше во етер серијата „Руби“ на тогашната А1, па бидејќи ни беше досадно со другарка ми, си свртевме рандом број и на жената што ни се јави и` поставувавме прашања од типот „што се случи со Руби и незнам кој во минатата епизода“ и откако ни одговори, не знам од каде ама треснав: „честитки, добивте автомобил од екипата на А1 телевизија“. Тоа не ни беше дел од „сценариото“, ама ете, ми дојде. Жената полуде од радост (ЛЕЛЕ кола, леле фала ви А1 ќе продолжам да ја следам серијата), другарка ми заоѓа од смеење, а јас мртва ладна си зборам со жената и и` кажувам дека ќе се јавиме повторно за да ги потврдиме податоците. Најверојатно возбудата преовладувала, па жената не приметила дека гласот од другата страна е апла детски. Кој идиот од дете сум била во тие моменти, да има како би си врзала неколку воспитни. Има уште многу, ама ова е без сомнеж во топ три.
Ааааа и ова го имам правено -Ало, овде Маја, се јавувам од квизот златна патика (?!), дали сакате да ни одговорите на неколку прашања? Наградата е 5000 денари. И обично сакаа, па ќе прашувавме глупости. Еднаш дури му објаснивме на еден човек како да си ја подигне наградата од уни банка и искрено се надевам дека не отишол.