Да! Со другарка ми вртевме кај еден наш заеднички симпатија....Леле го отепавме детето... И еднаш брат ми ме кажа дома
oхоооо..главна финта беше да му кажиш на некој дека е добитник на некоја награда демек кола или тв..и на крај каде да си ја подигне ама уште појако е шо од ко ке исклучевме пак звоневме демек извинете само се шегувавме абе деца
Кога бев мала, една вечер и заѕвонив на една моја другарка од школо, а во исто време на телевизија даваа Супер Бинго. И јас како што сум ѕвонела, така и на нив дома исто им ѕвонел телефонот. И ми крена татко и и вика: „ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО“. И јас само му реков епа убаво гледај си (хахаха). И човекот се засрами и се разочара (а дома во моментот имале купено десетина ливчиња). И од тогаш нонстоп со другарка ми се зезавме со тоа „гледам супер бинго“.
хаха .. па кој не ги зафркавал така еднаш во маалото бевме многу деца, братучетка ми чекаше повик од некоја другарка, па го зеде телефонот надвор. Ни беше здодевно и немаше што да правиме, тогаш братучетка ми вика ај ќе зафркаваме по телефон .. се јавувавме на измислени броеви ... се јавивме кај некои луѓе и подига некоја жена, а ние викаме ке ми треба Ивана, и таа вика Ивана е излезена кога ќе се врати што да и пренесам? и ние право спуштивме .. ги има многу такви случки ( дури и уште поинтересни, ама таа е една од тие најкратките ) .. а почнам да ги пишувам сите цел реферат ќе излезе
И тоа многу често. Се сеќавам со другарка ми постојано го правевме тоа. Од домашниот телефон само вртевме , ќе измислевме некој број и се јавувавме. Се претставувавме дека сме од пошта, од банка - едноставно се зафркававме со луѓето. Детска работа
Зафркавање луѓе по телефон ни беше главна занимација кога одевме на екскурзија.Дводневна екскурзија и вечерта наместо да спиеме им се јавувавме на некои луѓе -измислени броеви ,а во автобусот гледавме броеви на возилата (реклами на камионите) и се претставувавме како директори на некое училиште Добри времиња :geek:
јас не сум зафркавала мн. по телефон ама брат ми растураше, дури и ден денес понекогаш ке ми каже дека зезале некого на тел.
Незанм дали предходно спомна некој ама моја генерација кога бевме трето четврто одд, најхит беше форава, се јавуваме и се претсавуваме дека сме од пошта и бараме да дувнат три пати да ги провериме линиите а у тоа време уште "комунизам" и сите сиротки дуваа , ние ќе се испосмееме и ќе кажеме фала што ми ги олади јајцата за вечера
Еееј колку пати сме се јавувале така и сме ги зафркавале. Се јавуваме во лудница, брза помош, некогаш викавме дека сме од ЕСМ(сегашно ЕВН) и дека имаат неплатени сметки, во топ шоп се јавувавме... Исто се сеќавам, малку оф-топик ќе бидам, во ПТТ сандачињата им остававме писма дека добиле награди на некоја наградна игра.. аах меморис
Многууу Еднаш така со една другарка како сме се изглупирале.. срамота жива.. бевме три другарки, јас и уште една и се скаравме со третата и нареден ден ајде јас и другава другарка ќе ја зафркаваме третава преку телефон.. идеме од говорница се јавуваме, она ало и ние ќутиме на телефон па испуштаме некои крици а најтрагично беше што говорницата беше кај неа позади зграда и не видела од прозор другаркава.. хаххаха..срамотааа .. али децааа глупави што друго ќе напраат
А кој не го правел тоа! Најчесто им доделувавме награди на избраните ,среќници,,! А понекогаш и ги обавестувавме за неплатената сметка за струја и луѓето одеа другиот ден да се расправаат и да докажат дека немаат долг! сега ко ќе размислам,сме биле безобразни многу!
Леле на што се сетив сега... кога бев мала цел месец наутро бев сама дома и со другарка ми се јавувавме секаде каде што знаевме број (значи не по случајност, туку биравме луѓе што ги знаеме). Најчесто правевме анкета кој сок најмногу го пијаат. И кога стигна сметката од телефонот... пердуви летаа од мене
Sekako deka da Se sobiravme kaj mene i zvonevme,po taksi, po lugje,naracuvavme pici od picerii na adresi kaj komsii abe cirkus Dodeka ne ne prijavila edna vo posta pa go otkrija i toa mojot broj-posto kaj mene se zbiravme,i taka jas si go na***v kaj moite ama sepak bese zabavno i interesno
Ххахаахах леле и јас го имам правено истото.. Кај другарка дома обично, со уште 1-2 деца на спиење бевме, и си легнавме, телефон у рака и трескаме некој број и кажуваме дека добиле награда кола или било што друго ххахахх баш е забавно пак би го правела тоа =))
ЈАС СО МОИТЕ ДРУГАРКИ МНОГУ ЧЕСТО ЗА НОВА ГОДИНА ЗЕЗАВМЕ ДЕЦА ПО ТЕЛЕФОН И ГИ ПРАШУВАВМЕ КОЈ ДЕН Е ДЕНЕС И КОЈА ГОДИНА СМЕ И ЗА ТОА ИМ ВЕЛЕВМЕ ПАРИТЕ ДА ГИ ПОДИГНАТ ВО ЗОЛОСКА ГРАДИНА
-Добар ден, се јавуваме од водовод да прашаме дали имате вода? -Да, имаме. -Епа ако имате измијте си ги нозете пошто до тука ви смрдат! Се јавуваме по луѓе и ова го зборевме, само што ја никогаш не издржував до крај, секад пукав од смеа. После кога искочија идентификаторите некои се јавуваа и се дереа безобразни вакви такви.. Деца де !
Охоо Ние ги имавме усовршено техниките за зафркавање по телефон. една од моите омилени беше: “Добар ден, овде е Даниела , директорката на Канела. Дали имате нарачано торта?„ или пак, ќе се јавевме кај некој рандом број и викавме: “Мамо ( или тато) , кај ми е точакот?„ И правевме цел филм како точакот е украден. Колку се смеам кога ќе ми текне... весели времиња без идентификатори
Си измислував некој си број, ке им се јавам и ке им речам АЛО МАМО и од тамо: девојче, овде не е мајка ти си го згрешило бројот хаха а најмногу обожавав да се јавувам во едно такси, како се викаше не знам, и им кажував кај да дојдат ама само улицата Дете