Ми текнува во седмо одделение кога ѕвоневме на училиште на одмори со еден другар и другарка.Другаров имаше многу бесплатни минути и ај ние дечишта исто така на измислени броеви ѕвоневме.Ама овој другаров значи како го менуваше гласот ко вистински маж, а не ко детиште, тоа чудо едно И ај ѕвони тој и вика ако е маж ќе кажам дека сме од болница, дека жена му е донесена тука и дека се пораѓа, а ако е жена не знам таму што рече.. И се јавува еден маж и овој другаров "Добар ден, се јавуваме од болница, вашата жена е донесена овде и се пораѓа, не замоли да ве повикаме".. И дали ви се верува се погоди маж на кој жената стварно му е бремена Се возбуди човеков целиот среќен: "Кажете каде треба да дојдам, таму сум за 5 минути" И тогаш спуштивме ние, не можевме да издржиме да не се изнасмееме.. Ама колкава е веројатноста баш таков маж да погодиме
Сите бρатучеди собρани оκолу телефонот и опеρиρавме: -Ало? -Ало деρ ме зилје!!! (ова неκој од нас имаше ρазбρано деκа значело ,,пρасе со ѕвонче" и дечишта- толκу ни теκнуваше сите ги напρавивме пρасиња со ѕвона ) Нејсе, одлично се забавувавме, дуρ не ни се јави назад една баба со ловец на телефонот. Албанκа да ти биде и да ти се навρеди, оти хелоу ДЕΡ МЕ ЗИЛЈЕ. Паметам деκа бевме во паниκа и дежуρавме на смени и ги ,,чеκавме" повиците на бабичκата, κоја патем, бетеρ од нас се погоди- не` споулаве. Ни дρжеше говоρи, а пусто ние не ρазбиρавме албансκи. - Добρо бабо. Нема повеќе. Таа виκа на дρугата стρана уште толκу, абе одвај се отκачивме од неа. И последно вρтење ни беше.
Не, никогаш не ми било интересно такво нешто, макар што проба некој некогаш, мн одамна. Ме разбуди во 3 ноќе па, после туркаше кола 3км. Наравоучение - не се зезајте со луѓето зш после ќе ве зезнат.
Колку само перници продавав и награди делев хахах. Башка онака со друштво колку имаме ѕвонето, до утре сабајле би пишувала на темава...
Imav simpatija od klas, abe go otepuvavme so drugarka mi od zafrkavanje na tel.Pa samo glasot da mu go slusnam i zatvori abe horori......
Охооо ќе се соберевмр после часови у основно кај некоја другарка дома и обавезно ги зафркававме симпатиите.. деца
Да И тоа им кажувавме дека добиле вечера во ресторан, патување не знам што и луѓево веруваа. Со скриен им вртевме и се чудев како се јавуваа. Добро сега ми е срам малце шо така сум правела ама па дете бев тогаш. И појше беше идеја на други ама признавам смешно ми беше кога веруваа, па и податоци даваа за патувањата.
Да, вртевме рандом броеви и баравме познати историски личности Една баба дури на прашањето дали е дома Александар Македонски рече дека моментално се туширал
Со една другарка ѕвоневме кај нејзините. Они дома, а ние во двор (под прозорот од дневната). Кога ќе стигнеше мајка и до телефонот одма спуштавме. А нејзините мислеа дека си играме во двор.
Возрасни луѓе никогаш немам зафркавано. Школските што им имам ѕвонено преку скриен да ги зафркавам за да им се оддолжам тоа што тие така ме зафркаваа на ист начин и толку.