Секогаш кога некој од другите ќе имавме повеќе кредит ѕвоневме на разни броеви кои ќе ни текнеа во тој момент и ги зафркававме луѓето. Интересно беше пак би ѕвонела.
Да. И тоа се собиравме цело друштво, нели имаше телефонски именик и од него биравме случаен број. Колку сме се кикотеле. Нешто подоцна се зафкававме со симпатиите, се додека не испаднаа идентификаторите.
Да, се до моментот кога неколку другарки земавме да вртиме на бившиот на една од другарките и му зборевме се и сешто на крај само го склоповме телефонот без да ја притиснеме слушалката. Пресреќни ние голема работа завршивме кога слушаме глас од другата страна како ни ги кажува имињата, во земја пропаднав
Кога бев мала, јас и уште една другарка вртевме од скриен број и кажувавме на луѓе дека добиле на лото
Бидејќи никогаш немавме фиксен телефон, секогаш кога одевме на гости кај баба ми и дедо ми со сестра ми вртевме на рандом броеви и им кажувавме дека се добитници на некоја награда, браво кафе и сл. спомени од детството
Јас коа бев копиљ немаше мобилни, чат пат некој пејџер али и тоа подоцна... Но небитно тоа Еден период беше многу популарно Супер бинго го водеше Игор Џамбазов и имаше некоја игра што ѕвонеа на рандом броеви и ако ти ѕвонат на пример тебе треба да се јавиш и да кажеш гледам супер бинго (без ало, без кој е што е туку директ гледам супер бинго) и ние другари собрани кај мене ѕвоневме по телефони и кога ќе кажеше некој гледам супер бинго се мочавме од смеење.
Ау, јас правев цели списоци со сите ликови од Касандра, па рандом броеви список праење и по ред кај сите: Ало, Игнасио ќе ве молам. Ало, дали може да ја добијам Росарио? Ахахахахахах
Ние исто ќутевме, понекогаш со другарите ждригавме кога ќе речеа ало, или прдевме, луди бевме, па глумевме звук од авион, па ги повторувавме, ало тие и ние ало, тие кој се јавува, и ние кој се јавува итн., смеење до солзи али деца како деца ни беше забавно и затоа го правевме, денешните деца само во мобилни и таблети, ние како деца бевме мали хулигани само бељи правевме за малку цела зграда ќе запалевме, па еден другар запали фичо, ретровизорите ги кршевме намерно навечер рекорд ни беше околу 100 ретровизори да скршиме, ептен забегани бевме во тинејџерски години, ама и кјотеќ јадевме кога ќе не фатеа, сега кога ќе ми текне која фалинка бевме со другарите па и другарките, оф леле... Го фативме последниот воз и се оправивме со умот, али до 19 мои години, ептен будалаштини имаме направено кои не се за јавно да се кажуваат
И јас го имам ова правено, ко за беља рандом бројот на кој свртев имаше идентификатор и ни се појави пред врата
Леле да Само што јас не зборував бидејќи не можев да издржам, а да не се смеам Ми текнува се собравме цело друштво и се јавивме на некој чичко (тој ваљда наивен): - Здраво. Кој е на телефон? - Здраво, Благоја е на телефон. - Ах Благоја, грешен Благоја... И после не ми текнува што се зборуваше, само тоа го запамтив Еднаш со братучетка ми се јавивме на едно девојче што тогаш ме провоцираше кога и да ме види и вака: - Ало? - Здраво X, вие сте сега Мис на Македонија. И оваа бидејќи беше идиотка се дереше на телефон, велеше татко ѝ ќе откриел кој ѝ ѕвони преку скриен број... Ништо не откри, за среќа. Доволно се.
Нас само еднаш не фатија. Изгледа само тој имаше идентификатор. Само што спуштивме слушалка, некој ѕвони на телефон. Одма му го познавме гласот.
Леле... ама мора вака да се исплашиш за да престанеш Нам тој човекот според бројот ни ја најде адресата по именик и дојде (бидејќи мал град)... детски лудории ќе речам, не бев искаран ама веќе не ми текна да прам такви работи