Не само што јас иам зафркавано и мене ме зафркавале со скриен број. Затоа секогаш ми е исклучен звукот да не ми ѕвони телефонот. Некогаш знаеле и навечер да ѕвонат кога јас спијам и за да не ме будат си најдов решение. Не се лутам зашто и јас се глупирав.
Не, али еднаш со другарка у трето, четврто одделение на домофон им вртевме демек продаваме колачиња, и првата жена беше толку љубезна и дури и врата ми отвори да одам до горе да купи... И инстант ми падна жал и колку лошо сум постапила, и одма си подвив опашот и тоа беше и последен пат. И после со години ми беше криво...
Да, со другарките/другарите ги зафркававме бабите и дедовците наши. Еднаш еден другар му се јави на дедо ми (бевме собрани друштво) и му кажа дека нарачал песок да го пречека, ќе му одбивале од пензија. На тоа дедо ми кажа дека мала му била пензијата (немаше врска, скржав беше). Друг пат се јави другарка и му кажа за да не плаќа голема сметка за телефон да го пресече кабелот (имаше кабел од 10м). Кога дојдов дома го мереше кабелот.
По телефон не. По домофони по зградите околу со другите деца, да. Дури и ѕвоневме и по врати од станови и секако бегавме. Посебно во еден стан особено мерак ми беше да ѕвонам. Врв на задоволството беше коа ќе ја дознаевме шифрата од влезот, за да не ѕвониме по луѓе и да досаѓаме. Како супериорно се осеќав во тој момент.
Не знам дали имам коментирано тука, ама и да имам... Во периодот коа идеше Касандра, јас ќе земев на лист од тетратка ќе напишев рандом броеви од градот кај шо живеам и после до секој број ставав име од серијата, и ќе си почнев: Добар ден, ми треба Ранду или Добар ден, дали Игнасио е дома?
О, ДА! Јас сум од генерациите со двојник. *Најјако беше со Бингото со Џамбазов, најјаките заебанции беа тогаш.
По телефон не, али онака коа ке се соберевме летно време коа се стемни надвор и знаевме да бутаме кантите кај соседите хехех