1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали како мали зафркававте луѓе по телефон?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SummerGirl, 25 јули 2010.

  1. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    :rofl: :rofl: Ме потсети,еднаш на сестра ми и се јавија : Имате ли вода? Имаме. А имате ли топла вода? Имаме. Епа чекај ме,ќе дојдам да се бањаме :lol: :lol:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Ахахахах леле темава ме потсети на нешто...па кога бев негдека 4-5 одд. и кога ми купија моите прв пат мобилен телефон и го однесов во школо да се правам важна. :D И од моб. се јавувавме во лудница. Хахахах леле будали сме биле, со болни луѓе да се зезаме..ама сепак мн. забавно беше.

    Едит:
    Мислењето е променето од страна на модератор.
    [mod-kirilica:35dktc53][/mod-kirilica:35dktc53]
     
  3. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    хаха ја и другарките мои за нова година ке се собереме и сабајле во 3-4 саат ке звониме кај деца што ги знаевме ама ја еднаш така се зезнав другарките се смееја и не фатија дека сме ние :$
     
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Јас само се јавував на симпатиите. :$
    Им правев муабет, Како си? А што правиш... ? :$ И така по 1 саат муабет, не ни здосадуваше,и секој ден им се јавував по едно 100 пати :lol: И ден денес незнаат дека јас сум се јавила :wasntme:
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    иии јас на симпатиите пораки им пишував убави и на крај од пораката ај оди сега во пи*ку матер ама не знаеа дека сум јас ... :rofl:


    а со брат ми вретвме кај луѓе навечер и им викавме ало дали спиете и ке речеа да и ние епа одете во вц да се измочкате па легнете си пак ... или па им викавме ало полиција и они не грешка и како грешка полиција на будали се правевме додека не се погодија едни со идентификатор па мама и тато не средија . :rofl:
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Па тоа беше најнормална работа, да му свртиш на некој и да молчиш, или да се претставиш со друго име, или само да му го чуеш гласот на симпатијата , а после цела ноќ да се прашуваш дали ке дознае :lol: Имаше и нервозни тетки кои пцуеја , колнеа и слично. Знам дека кога немаше мобилни , фиксниот беше добра забава, окапувавме со саати на него :$
     
  7. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Секако дека да :)
    Го знаевме позивниот за некои села и звоневме, Добарден, роднините од Австралија ви пратија пари и злато кај нас, ние сме од комшиите да си ги земете.
    Добарден, добивте телевизор да го подигнете во Понеделник во Прилепска телевизија.
    Исто додека течеше Супер Бинго вртевме нормално :)
    Дечина :tmi: :$
     
  8. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    хахха Да да ,и тоа не само na разни луѓе,туку со другарките вртевме и на поважни информации,полиција,пожарна и каде ли уште не :lol:
     
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Леле темава ме насмеја и ме потсети на едни стари добри времиња :D , нормално дека вртевме да се зафркаваме, ми текнува сега во моментов на еден конкретен случај: сестра ми врти некој број од прилика и се јавува машки глас, таа вели: Добар Ден, Јован ( измислено име нормално :D ) ќе ве молам ! Од таа страна: Кој Јован, и во истиот момент се слуша лаење на куче и сестра ми вели: Па тој што продава кучиња ! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Оф леле да :) Конкретно јас не се јавував,звонеше другарка ми,а ја чмаев до неа :D онака целата што е можно да упијам повеќе од она што тогаш ќе го каже момакот во кој бев смртно вљубена :) Типот учеше во друг град средно и ние одвај ги чекавме тие два дена во месец кога ќе си дојде дома за да другарка ми го масира минумум два саати,а он јаден па и баш не му сметаше ,си разговараше комотно :D
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Лелеле хаахха да , јас и другарка ми се јавуваме во Бардовци ( бидејки бројот е бесплатен ) и зборувавме глупости , имитиравме плачење, викавме гласно што ли уште не..
    А една комшивка вртеше на едни други комшии ама овие имаа идентификатор и и викнаа полиција дома.. :D
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    хахахахаах не знам јас дали зафркавав, ама мене ме зафркаваа :D

    ко мала, нели касандра играше, јас 7 години! и еден комшија, тој имаше 20че, и му викам, абе дали знаеш кој се мажени со кој у приватен живот, колку деца имаат, итн... и тој ми вика не знам, јави се на информации :D :lol: и ја дете, 7години, со цел памет, отварам именик и гледам број на информации, и се качувам и се јавувам! :lol: и еден крева и јас го прашувам демек дали касандра е мажена итн...и овој уште ме заебава, ми одговара измислува! и јас викам ајде уште едно прашање да ти поставам, и тој ааа не не , за уште едно прашање јави се пак (колку да ме откачи изгледа) и јас вртам пак, мислам дека едно 30 пати се јавив и овие се заебаваат со мене, ми кажуваат за ранду, касандра абе лом! и после утредента пак вртев, и и се јавија на мајка ми да и кажат што-како да не трошиме телефони! леле кога ми кажа мајка ми дека тоа е информации за тел.броеви хахахаах :$ оваа случка и после 13 години мислам дека никад нема да ја заборавам :rofl:
     
    На antonina, sanjaeva, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Оооо колку пати и сега тоа :$ И тоа се со скриен број... :lol: Еднаш знам бев кај братучед ми и зема број од тие што имаат продавница и се јавува он и братучед ми вика ние сме полиција и доаѓаме да ви затвроиме продавница и овој со цел памет искача на улица чека :rofl: А еднаш па од мобилен со скриен број земав се јавив во ВИП ама они имаат индетификатор и ооп на татко ми името..После цел ден се плашев да не го викнат. Еднаш па се јавувавме со другарки на деца и викаме дека имало духови :D
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Охохохоооооо :lol: :lol: :lol:

    Ми се чини дека тоа ни беше една од најубавите и најинтересни занимации.Море кога ќе се соберевме другарките од маало,бевме шест кај некоја дома,тогаш мобилните беа научна фантазија за обичните смртници,и нормално од фиксен вртевме на случајно одбрани броеви.Па бевме од радио емисии,од фирми,им делевме наводни награди,правевме анкети....ееееејјјј и уште триста глупости :D :D

    На една локална телевизија имаше видео огласи,па ќе вртиме кај тие што продаваа нешто ќе ги матиме како ќе купуваме,па им закажувавме средби да се договараме окулу цената....Е убаво ни беше што сме газеле по нечии нерви,ама деца....далеку од тоа дека сме размислувале дека ќе нервираме некој :devil: :devil:
     
  15. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Дааа хахаха :D
    секоја вечер се собиравме и вртевме на броеви без врска а и од домашниот со сестра ми понекогаш хахаха
    и во пожарна им се јавувавме и им викавме ај дојдете навадетенија бавчата и слично
    ахх времиња :D
     
  16. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Најмноогу со скриен број титкања... Уф. сум се растурала титкајки на некој другарки или познаници. Ако ѕвонев, ѕвонев од други телефони. Од мојот никако не си ги трошам парите.
     
  17. MeLL

    MeLL Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    85
    хаха.. како мали се собиравме друштво и ѕвоневме на броеви кои сами си ги измислувавме и ги зафркававме луѓето да се видиме некаде :lol: и во полиција сме ѕвонеле ц ц кога ќе ми текне сега :x :D
     
  18. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Сум зафркавала на тел.безброј пати незнам тоа ненеако ми беше хит ко мала.Ама за памет ми дојде да престанам кога излегоа мобилните пред 15 год.бившиот имаше мобилен ептен меѓу првите во Македонија а јас немав поима дека на нив се покажува бр.па така со другарка ми го утепавме од зафркавање се додека не му пукна филмот и ми се јави да ми каже да престанам бидејки знае дека сум јас.Леле колку бев усрамена немате представа, од тогаш несум направила таква глупост
    П.С нај хит ни беше да се јавуваме на огласи и да се договараме со луѓето за цена и средба. :lol:
     
  19. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Јас и брат ми како мали,се шегувавме со комшиите од спротивната страна.Куќа спроти куќа,и се се гледаше.Арно ама тогаш се зафркававме со фиксни телефони,ние имавме безжичен,а тие имаа обичен телефон :D А телефонот им стоеше во ходник...Им ѕвоневме,а кога ке станеа до ходник до телефонот,им исклучувавме :D И нормално не им текна дека сме ние.
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Лелее смешки бе браат :D Незнам коа беше, дали овој распуст или претходниот и ноќе во 2 саат, ја во кревет и неам шо да праам. И зиам си тресам некои броеви од памет и им ѕврцкам. И сум заспала коа фатиле некои да ми ѕвонат у 7 саат сабајле и ја така несвесно сум се јавила и некој ми се дере нешо на телефон ојј, мој и ја таква цела : ааАа? и спуштив ахахах. :rofl: И после у текот на денот, глеам ми пишува некој порака. И викам сеа кој е овој, го глеам бројот и ми текна што сум вртела ноќеска. И тој албанец биил леле :clap: и ми пишал нешто у стилу ој фатимее леле хахахах :D и после цели два дена не ме оставија на мира цело време некој ми ѕрнкаше на телефон и накрај го исклучив и ме оставија на мира. А па еднаш другарка ми некој и ѕвонел у 7 саат сабајле, а она претходно му ѕврцкала така од памет. И тој исто албанец бил. И овој нешто вика која си ти? И оваа со цел памет уште нерасонета : Аа, ало овде Лејди Гага! И овој кај живееш? И другарка ми : На патот кон иднинатаа :rofl: И кај е тоа? Накај гробиштанаа, брее :D Леле не е здрава, мајке мии. :) Смешкиии. :D Уште се смеам за тоа.