ллеелеее абе смешки (тогаш немаше без жични телефони) ало колку ви е долга жицата на телефонот?? и овие со сет ум одговараат.... па околу 1 метар!! добро е, доволно да се обесите исто и за ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО изгубивте 3000 ден господине имше многу зафрканции, а бе детство луди години
Ехееее колку пати сме звонеле и сме ги зафркавале луѓето.Најчесто ќе се соберевме другарки и ќе звоневме кај нашите симпатии и ќе се кикотевме. Еднаш во второ одд. јас и другарка ми имавме ист симпатија и одлучивме да му се јавиме дома(бидејќи немавме тогаш моб.телефони). И го вадиме ливчето кај што ни е запишан бројот ...бројот изгледаше како да звониме во Америка , а не во МКД. 39200000345 кој ни го кажал појма немам ама знам дека беше со многу нули и со многу цифри и ние така попростички си звониме , а таа тетката упорно ни вели Бројот што го биравте непостои. А ние упорно се обидуваме. Еднаш звоневме кај една баба и и правевме анкета демек колку деца има , колку внуци итн. Кутрата таа се ни раскажа. Ах што убаво ни беше како деца ...само глупости правевме и само си се смеевме.
со друграките ги зафркававне симпатиите, познаници и сл.дека се јавуваме од комуналец или нешто сл.па немаат платено сметки ахаххахаха
Леле какви гигантски сметки сум праела ради тоа зафркавање. Многу често се собиравме цело друштво кај некој од нас, и вртевме броеви кои сами си ги измислувавме, како ќе ни текне, и се претставуваме дека им се јавуваме од болница, полиција или слично, а многу често и дека сме од некоја наградна игра, лото, бинго, и им соопштуваме дека добиле некоја награда, па им кажувавме измислени адреси да дојдат да ја „подигнат“ наградата. Многу од нив не ни веруваа, но имаше и такви кои ни поверуваа... Смешки! Којзнае дали доаѓале на договореното место за наградата?!
многу често се собиравме со другарките како мали и ѕвоневме кај ке ни текне најчесто ја употребувавме следната фора алоо имате ли вода? иамаме зошто? па ако имате измијте си го газот
јас и 3 мои братучеди сме иста генерација, заедно седевме, игравме, учевме, затоа и ден денес имам и некои машки навики , секогаш ѕвоневме и се зафркававме но со тие што ги познаваме, поинтересно ни беше и ден денес правиме глупости заедно еднаш и се јавивме на стрина ми, и јас се преправам дека сум некоја друга, и се дерев на тел: каде е син ти, зошто не ми се јавува, знае ли тој дека и јас имам браќа и ако знаат дека ме остави лошо ќе помине , а таа: смири се девојче, ќе зборувам со него, не грижи се, нема да те остави, нема да прави проблеми (приметив дека се преплаши ). и кога одиме дома, ме прашува мене, оти тој “нема да и каже“, ама дискретно, -да не има ... некој проблем? а јас -не бе каков проблем. таа нервозно-и ти не ми кажуваш, вие исти сте сите, не кажувате еден за друг. и не можев да се воздржам повеќе после и кажавме
А што ни е било толку интересно сето ова јас стварно незнам, ама деца, тогаш се што не треба да се прави е интересно, се што е забрането е послатко . И ние така со другарки зафркававме, еднаш и дома ме дознаа, па малку ме караа моите, Оттогаш и незнам дали ми се повтори
деца ко деца ... нормална ствар со братучедка ми обично се зезавме дека е во wc оној кој го бараат, нешто као има запек (со извинение hah) и разни други филмови ... по цели денови се кикотевме ради тоа абе деца ...
Да да секогаш кога и да се соберевме друштво кај некоја другарка ДОМА број еден што правевме беше ЗАФРКАНЦИИ ПО ТЕЛЕФОН Најинтересна случка беше тоа што го зафркававме мојот сегашен сопруг тогаш не се познававме затоа што телефонските броеви ги биравме по случајност и многу го зезавме. После неколку години во еден разговор спомнавв јас нешто за зафрканции по тел и тој ми вика аман доста порано некој луди многу ме зафркаваа и ми ја кажа цела зафрканција и јас се пресмеав му велам па ние бевме па падна добра смеа.
да јас зафркаваф ама една од моето училиште од погорниот клас со другарките ја зафркавафме.. ама повеќе не (да не ме виде класната ќе ме отепа )
Леле да ова ми беше една од омилените занимации кога бев мала. Како денес секс Бев многу лошо дете, и уште сум
Дааа Еве една : Се јавив кај баба ми и почнав да и кажувам дека освоила мобилен телефон - кај да си го подигне и дрн дрн јарино После ја прашував да не се јавија бабо некои за телефон
да.додека имавме домасен тел.се јавувам кај сите сто ги знам и Чекав некој само да каже ало и следува моето;време е за моЧање; после излегле мобилните па нели има опција гласна порака да оставис додека си недостапна и кога ќе ми бесе искљуЧен тел сите слусаа;претплатникот во моментот има секс ,поЧекајте додека не дојде васиот ред;и еден ден изгледа ме барал татко ми и се враќа од работа и незгодно му бесе и вика ееееее овие мобилниве катастрофа ја префрлува врската кај др.и утредента ја немасе веќе таа порака и сега кога некој ме бара следува; hot line повелете или информации повелете сто треба?обожавам да се зафркавам
Леле само кога ќе ми текне што правевме со другарка ми. Им се јавувавме на комшивките и им викавме овде е швалерката на маж ти, остави ми го љубовникот а на постари луѓе им викавме леле козата си ја изгубив во депресија сум, да не заете кај ми е и паѓавме од смеење. Али најјака финта ни беше кога ги прашувавме дали имат вода дома и кога ќе ни кажеа да, им викавме епа измијси ги нозете до овде смрдат.
Ехехееее И јас се јавував да им кажам дека освоиле некоја награда, зафркавав деца од одд. Ќе се собереме кај некоја другарка и хахаха хихихи се зезавме. Немала баба работа Колку пати само не имаат фатено на идентификатор па ќе ни се јават лом ќе не направат. Со една другарка си купувавме картички за јавни говорници, ќе си купевме бонбони и така го менувавме гласот Мали и луди
хаха,добра тема тоа беше секојдневие.. пожарна,болница,такси.. и најчесто на англиски нешто зборувавме, за да не не препознаат
хахаха како мала ехеееехееееее. Туку оставете тоа, јас и олкава мома знам да си најдам играчка во таа работа Лани го зедов мобилниот и завртив на 223305 и запеав : На 223 305 те чекам драга јави се, на 223 305 побарај мееееееееееееееееее! и спуштив. (знаете кога ја исфорсираа песнава на некоја реклама )