Ееее, тогаш немаше идентификатори, беше поинтересно Обично на роденден кога ќе се соберевме, се јавувавме на броеви што ќе ни текнеа на памет. Јас бев најозбилна, па мене ме тераа да се јавувам, зошто другите се кикотеа Се сеќавам на една случка, кога еден од другарите што си е малку пооткачен се јави на некоја негова комшика што ич не ја поднесувал и и вика: Госпожа, сметката за Hot Line сеуште ја немате платено
Дааа Така ќе се соберевме со другарки и ѕвониме по броеви демек за награди хаххаха .. Леле сега кога ќе ми текне Што сме билеее хахахах А се сеќавам еднаш и на баба ми така и направив И се јавив и демек за награда за нова печка, па каде да ја подигне, ама ништо на крај ме откри
Хаахаххаа скоро сите сме го правеле тоа ... Ние најчесто вртевме во пожарна, во полиција, во болница и ги испраќавме луѓето демек се запалила некоја куќа или има некој повреден
Ти текнува ли кога едни дечки од соседниот град ги зезавме па тие не открија и дојдоа да не видат кои сме хахаххаха лудница. Кога ќе ми текне страв ме фаќа што сме работеле јас и ти Еднаш со една другарка си викаме ајде да зезаме преку телефон. И кој ќе ни текне, бившиот што ме викаше смоквичка . Му вртиме и тој од таму се јавува а ние две си смисливме имиња. Таа беше баба Зумбула а јас кокиче. И така се глупираме цело време, јас неа зумбулче бла бла, таа мене кокиченце ова она и одеднаш другарка ми се заборави и вика лелееееееее ________ (го кажува моето име) а јас по некое време се свестувам што кажала таа и веднаш заклопуваме и ја бркам да ја истепам што се откривме. Бог ти знае што си помислил човекот. Со кое детиште сум одел јас хахахахаха ЛУДНИЦИ!!!
Едно време главна занимација со друштвото ни беше тоа, вртевме у пожарна, викавме такси, замаравме луѓе ... некој нерви кинеше, а нас ни беше интересно
охооо... кај мене сметки ненормални ради овие зафрканции Најјако беше кога зафркававме познати фаци. Сестра на комшивката работеше во ТВ и ние земај броеви од пеачи од водители и ги зезавме тогаш немаше мобилни па често наместо некој пеач ни се јавуваше негова мајка, баба или некој по дома хахаха Прв не фати ДРАГАН ВУЧИЧ!!!! после тоа имаше многу незгодни моменти... ДЕЦА!!! сеа на фејсбук сите... можеш да четуваш со кого сакаш (џабе, не е тоа тоа)
Хахахах Седнати пред 2-3 години со другари од зграда и со сестра ми и ѕвониме не други и на една женичка и викаме:Вие победивте на милионер лани??и oвaa да!и ние епа мозете да си ги подигнете парите и се кикотиме и ни спушти a на други им пеевме и ни се газат одд смеење хаха
ај па ти шо ако ве фатил драган вучиќ,да не му се испашивте?он сам од себе не се плаши затоа толку долго го има на нашава естрада.абе сељак на деценијата
Па за нас тоа беше страв итоа каков Мислиш му спремавме атентат... али уште поголем страв доживуваш на први кога ти стига дома "честитка" од македонски телекомуникации. Исто и ѕвонење по домофони и по врати беше актуелно тоа време, еден комшија не бркаше низ цело дебар маало по папучи за по дома. btw пред некој викенд ме разбудија сабајле звуци од маалски деца : ИЗГОРЕ ЛОНЧЕТО, ПРЕТЕЧЕ МЛЕКОТО... леле луѓе ме вратија назад во времето! Баш ми е мило што има уште такви нормални деца.
Мислам дека темава треба да се преименува „Дали како мали НЕ зафркававте луѓе по телефон?“ Едно доста уникатно, и секогаш забавно искуство.
Нема некој што не зафркавал по телефон. На ова се сеќавам.. Една наша соученичка требаше да ни дојде на кафе и вртејќи го тел. број кај неа, сум згрешила бројче и се јавува еден дедо, и нормално викам-Добар ден Сашка ми треба. Кога се налути дедово , мајки шајки што се не летаа...Благодарение на неговиот речник секој ден ја баравме Сашка кај него (бројот го видовме на идентификатор)
хахахах да да тоа ми беше најинтересно кога ке се зберевме некаде и уште ако сме сами е тогаш навали народе се отвараше телефонскиот именик и на која страна тие броеви а во позадина смеа и музика нормално на цел глас пуштена луѓето немаа мира од нас.
хаха ..кога имафме бесплатни повици измислувафме броеви и се јавувафме..се газефме од смеење ама она буквално.. ))))))))
Со другарка ми најдовме број од живинарска фарма (се јавивме на Информации). Вртиме на бројот. - Ало живинарска фарма? - Да повелете. - А со која кокошка имам чест да разговарам? Друго: - Ало хотел Астор? - Не грешка имате. - А шо ми мирисат на манџојна? Spoiler е добро де, тогаш смешно ни беше Друго: - Ало се јавуваме од водовод може ли да проверите дали имате топла вода? Некои проверуваа, се враќаа и велеа имаме. - Епа измиј си ги нозете до овде ти смрдат. (го прочитав ова со нозете кај повеќе феминки, изгледа универзална зафрканција била ) Стандард ни беше една малку морбидна шала. Се јавувавме и велевме дека сме од телеком, во наредните 5 мин ако некој ги бара на телефон да не креваат слушалка зашто тој од другата страна ќе доживее електрошок. Некои не креваа, а ако кренеше некој - вриштевме како луди (електрошок доживувавме де). Се јавувавме кај децата од класот и свиревме со свирче, ги оглувевме Ова го правевме откај другарка ми. Тие сфатиле некако дека сме ние (изгледа сме зборнале нешто па не’ познале), и се јавиле дома. Мајка ми ме одбранила, рекла дека сум на музичко, ама после дојде ме собра откај другарката и ме искара Многу често се јавувавме на рандом броеви и ги лажевме луѓето дека добиле награда телевизор, да се обратат во Супер радио во најкус можен рок... Имаше уште лудости, ама засега на овие се сетив
Леле кога ќе ми текне јас, братучетка ми и братучед ми седнати на фрижидерот за длабоко замрзнување си вртиме рандом бројчиња, и на хендс фри си правиме муабет се представуваме како демек сме од Телеком, Есм или Водовод или бараме некој...стандард Имавне еден број од една хистерична жена која секогаш кога и да кренеше слушалка веднаш почнуваше да се дере, да пцуе ни ало ни ништо, а ние од другата страна само дополнуваме и ако ни спуштеше вртевме веднаш и повторно исто. Еднаш вртиме на еден број и баравме некоја Ирена и ни се јавува дедо и ни вели Ирена спие, но ако си ти Ана ми рече да ја разбудам, и јас се представив како Ана и кога Ирена се јави ние спуштивме, џабе стана девојчето. срамота Вртевме така често се додека едни луѓе кои имаа идентификатор една вечер не се јавија кај моите и не кажаа , после тоа пак вртевме али не толку често како претходно.
Хахахахахаххахах закон Ало пожарна!! Доаѓајте побрзо!!! Ми гори шкорчето.... хеххехехехе И на овие години уште не сме дораснати...па со другарките, ние на одмор а во Ск им закажуваме средба на др... ама не имаа откриено хехеххехе фешти : ))
Еднашка и добро испадна тоа..не дознаа и дојдоа во Ох, ама нема врска се подруживме еден викенд :Р ДОбро сепак познаници ни беа хахахахахха