Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали како мали зафркававте луѓе по телефон?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SummerGirl, 25 јули 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Се јавувавме и велевме:
    Ви работи фрижидерот?
    Да!
    Епа дајте му плата!
    или:
    Измијте ги нозете, ви смрдат!
    А имаше случаи кога се јавуваме демек по случаен избор и доделувавме награди. хаха
    А наградното прашање секогаш беше:
    Како се викате?
    :) деца бе деца :)
     
  2. Little-one

    Little-one Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    79
    ДА, и тоа многу...
    Најчесто користена фраза ни беше: Чичко се запаливме :rofl: :rofl: :rofl:
     
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.441
    Хм,да,сега по малку ми е срам кога ќе се сетам на тоа а тогаш ми беше многу забавно..
    Омилено (со брат ми) ни беше-во вашиот стан има темпирана бомба,ќе експлодира за 10 минути ..
    Џизс :D
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.331
    Пол:
    Женски
    Често во населба зафркававме луѓе по телефон, ептен ни беше интересно, викавме и такси, дури и сестра ми ја имам зафркавано, па и баба ми :D
     
  5. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.220
    Пол:
    Женски
    хахаа значи ме вративте назад многуу :(
    имаше многу такви случки со децата од малата
    ама најјако беше Hottline ко му праевме на едно дете...хахаааххаахах
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.918
    Допаѓања:
    4.551
    Хахахахаха!!! лелелелеееееее!
    Со другарките, се јавувавме на разни броеви, и пуштавме стенкање од јутуб. Кој слушаа,кој спуштаа! комедии беше тогаш а сега не би го направила истото :)
     
  7. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    хехе интересно беше. Со другарки или доволно е една за да има смеење до солзи, но многу се зафркававме и доделувавме награди, но прашањата беа нај интересни... Кога Ристо Самарџиев победи на макфест? Кој си гледа ќе си знае секако. :D :D :D смеење до солзи и болки во стомак :D :D :D :D
     
  8. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Хаха јас не но од училиште едни деца звонеа на такси пред училиштето :D хаха но денес неможеш мн да си ,,играш‘‘ со ѕвонење бидејќи има секакви и можат да те пријават :?: :)
     
  9. elenastoimanova

    elenastoimanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Hahah se sekavam kako mali(13-14 god.) so mojata komsivka se javivme vo pozarna koga se javi covekot i koga prasa kade gori mojata komsivka ozbilna mu veli "jas goram po tebe, dojdi zemi me" covekot pocna da ni vika po telefon ni kaza se sto mu tekna na pamet a na krajot ni dade ubav sovet ni rece da ne se javuvame za da se zezame zasto dodeka nie se zezame mozebi na nekoj stvarno ke mu bide potreba pozarnata...... :D :D

    [mod-kirilica:zrkqlpgi][/mod-kirilica:zrkqlpgi]
     
  10. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Хахахах колку ни било убаво на нас, во споредба со овие денешни деца на 10 годишна возраст кои знаат само за компјутери.
    Ние се јавувавме по комшии и им викавме, се јавуваме од македонски телекомуникации, дали ке сакате да го измерите кабелот од телефонот до штекерот, луге имаше мн што мереа и на крај им викавме - епа сега слободно може да се обесите :D :D :D
    Јас никогаш не зборев, неможев да издржам мн се смеев :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Даааааа!

    И тоа колку пати :D

    Најчесто со една соседка, која тогаш ми беше најверна другарка и постојано бевме заедно :D

    Се јавуваме на различни броеви и баравме некој по некое глупаво име :D Знам еднаш рековме дајте ни ја Марија и жената рече еве сега и ние што ќе правиме исклучивме :D
    децаа :lol: колку ни беше убаво тогаш
     
  12. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    ооо многу, ми текнува само на “Колку ви е долг кабелот на телефонот? - 1 метр -Е, значи ќе ви е доста да се обесите„ хахахах [​IMG]
     
  13. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Хаха Еднаш на гости коа беме и тогаш се зафкаваме и ѕвонеме негде па после ни викаа да не ѕвониме неш полиција че дошла и такви глупости, ами мали беме не лажеа...
     
  14. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    Сме се зафркавале и на пазар3 сме ставале огласи на некој и му се јавуваат за да се пазарат :lol:
     
  15. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Не само како мали. :rofl:
    Кога сме собрани само девојки вртиме како луди со скриени броеви.
    Колку и да изгледа детски ние битно се забавуваме,се смееме откако ќе завршиме со муабет.
     
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    И ние :lol: Ама по еднаш се јавуваме на еден број,за да не претераме сега,стварно е невкусно така да им досадуваме на истите луѓе.Откако ќе го завршиме разговорот со "добитниците на веспа",се јавуваме кај други се додека на најдеме нова занимација :D Абе интересно ни е вака од време на време,кога немаме некоја подобра идеја за забава.
     
  17. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Леле демек за квизови ги зезавме :D
    Па имаше и една жена секоја недела кај баба ми на ручек кога идевме абе по пола саат ја заебававме :D
    Исто и за дали сакаат да се пријават во велики брат, преживеан, и какви се не емисии... Деца бе деца :lol: :lol:
     
  18. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    87
    Женско друштво + досада = забава & зафркавање луѓе по телефон :lol:
    а некогаш е "Зовем да ти чујем глас" :D
    се погоди да вртиме кај една особа што не ја знае пола азбука, комедии :lol:
    одма закани, сеа ќе видите вие, само да дознаам кои сте, утре пред врата ќе ви дојдам со алфите :lol:
     
  19. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Ние најчесто на такси вртевме и порачувавме кај една продавничка блиску, и испаѓавме на тераса да видиме кога ќе помине :rofl: :rofl:
     
  20. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Квизови, па добитници сте на награда патување, се ви е платено ...Интересно, се во свое време. :)