Пих, не еднаш! Вртиш бројче (во времето кога фразата „ти вртам“ значеше буквално вртење, ми недостигаат тие стари, црвени телефони на вртење), знаејќи кој е првиот број за некоја населба - обично ги пикиравме аеродромци (однапред ви се извинувам на сите) измислуваш број и се јавуваш. Ало? Да? Аеродром? Да! Кој ви треба? Ве молам кога е наредниот лет за Франкфурт? Како? Аеродром? Да? Ве молам кога е наредниот лет за Франкфурт? Ама девојче ова е Аеродром! Па да де! И кога е летов? Ама девојче ти се јавуваш во населба Аеродром. Па да де, аеродром само сакам да се информирам... Тиииит. Ииии, ми спушти И класичното. Ало, горам! Нема тука Горан! Не Горан туку горам! Грешка сте! Абе, да пукнеш од смеење Ама...тогаш ни беше смешно, и забавно
ме вративте во детство. Ние со другарките имавме навика да вртиме во населба Бутел и пази: - Ало, дали е тоа Бутел?? - Да - А, на која парцела живеете.
Пред некој ден од што ни беше досадно со една другарка земавме да зезаме луѓе и викаме ајде некој број на тепка бидејќи бесплатно имавме на Уан. И јас пишување бројот и викам: Ало, ******? - Не е ****** девојче... ****** ај бе не ме заебавај, те чекам тука пред зграда со саати, ти уште ми се праиш на Тошо. Искачај одма да не ти дојдам у стан. Бабава упорно и упорно вика не е *******, а јас упорно ја терам да се симне пред зграда. Утре дента другарка ми кога идела накај мене, една бабичка од маало што сите деца ја мразиме и со метла не бркаше кога игравме кај неа на улица и рекла: „Мори, ми вртеа вчера ******, па ******, сестра ти да не ја бараа?... “ Другарка ми рекла не верувам, ја излажала и право накај мене. Кога ми кажуваше умрев од смеење. Што к`смет ќе беше од сите броеви нејзиниот да го трефнеме.
ЕЕЕЕЕЕ сега видов дека постои темава кај ви текнало ко мали со сестра ми и брачед ми, сами дома и шо ке прајш , вртиш на телефон (фиксен) нели -ало -да? -се јавуваме од МТВ да ве известиме за наградата која ја дибивте на наградната игра за чунга лунга мастиките -ама ние не сме играле извинете а кое е вашето име? ________________(името) -да да тоа сте вие господине, добитник сте на телевизор, честитки -лелеле фала ви многу , ке си го ставиме кај децата во соба -во ред пријатно пријатно и после ми стана жал заради човечето и веќе не се јавив да зафркавам
Хахах да кога бев кај братучетка ми секогаш ќе го земавме фиксниот и вртевме најразлични броеви. И после откога им дојде огромна сметка баба и не и даваше да го користи фиксниот
Да....ама еднаш не открија Со сестра ми излеговме на терасата и ги видовме комшиите надвор, а бидејќи долу во подрумот имаат телефон решивме да ги зафркaваме од мобилниот.. Тие си седеа ние им заѕвониме и тие истрчаат да се јават и тамн стигнат до подрумот ние исклучиме...после пак седнат во дворот и ние пак почнеме и се така неколку пати и се смеевме до солзи и потоа престанавме ама за наша среќа тие не не видоа...Така да после со сестра ми отидовме кај нив да си играме со нивните внуки бидејќи тие беа постари и имаат внуки.....сестра ми го носеше тел на вратот...и тие не прашуваат кој ни е бр. и им го кажавме, без да ни текне дека тие отишле во пошта и провериле од кој бр. ги зафркаваат...и така се издадовме самите и после ни рекоа само, така веќе да не правиме бидејќи не било убаво
Еее и тоа колку сме се зафркавале.Облично вртевме во пожарна. -Ало -Пожарна повелете -На улица таа и таа има пожар побрзајте -Ама да не се зафркавате деца -Не бе чичко -Добро пријатно -Чао *** и кога гледаш за 5 минути иде пожарна хахаха
Оффф дааа и тоа често, се собиравме со другарките и се зафркававме на кој ни текнеше, си правевме интересно
јас како помала со другарка ми се јавувавме насекаде , еден од наинтересните трикови ни беше : - Ало ! -Добар ден се јавуваме од една тезга , ве избравме вас на среќа , доколку изедете 4 кила краставици добивате телевизор ! - навистина ? - е не бе лажам те (во тоа време ни беше смешно xD)
А полани баш кога беа оние земјотресите ние со децата си седевме во маало.. И сега, досадно... Другарката слегна телефонот и ајде да измислиме некој број и да се јавиме.. и еве го нашиов разговор: „Добро вечер“ - ние „Добро вечер“ „Ние се јавуваме од станицата“ (како се викаше таа за земјотреси? Заборавив. Порано зашто се тоа се зборуваше и знаевме, сега не ми текнува) - ние „Да?“ „Ве молиме напуштете го станбениот објект, за 15минути се предвидува земјотрес“ И сега некој ќе се дере од другарите „Аааајде, уште тој број ни остана.. И ниие да одиииимеее!“ - ние и право исклучувавме А сето тоа ’ние’ фактички јас го зборував по телефон зашто јас бев најиздржлива да го кажам тоа убедливо и притоа да не се смеам Колку сме биле лоши! Па еднаш им се јавувавме: „Добар ден, ајде, ќе ве молам таксито со се пиците веќе ве чека надвор“ - ние „А, кое такси? Од кај се јавувате вие?“ „Ние се јавуваме од пицерија „Елизабет“, Ве молиме, не ли вчера нарачавте за некој роденден пици? Ајде излезете, земете си ги, колегата кој беше вчера на смена ми рече дека веќе сте платиле, одете само да си ги земете, надвор е таксито!“ - ние „Ааах, да бее, ајде одам, фала, пријатно“ И така некои лакоми луѓе ќе си помислат дојдоа до пици за без пари, а ние ќе се клештиме од смех
Обавезно кога бев помала јас - добар ден видовме на огласот продавате печка некој - не не грешка сте јас- нема да биде тешка ќе дојдам со чичко ми да ја земам
Хахахаххаха што не сме правеле.. и уште правиме.. слика ми е лани летоото кога ни беше досадно бевме собрани цело душтво кај мене в маало и истовремено викнавме 5 6 таксија од различни фирми на иста адреса (кај еден намќор со сите шо се кара) леле кога дојдоаа комееди бешее шта да ти причам.. а обавезно кај симпатиите тоа секогаш кога ќе се најде некој од друштвото да има бесплатни.. и последно слика ми е со сестра ми помала кога ми истекуваа бесплатните вртевме по измислени броеви тропавме глупости се газевме од смеење.. абе секош ќе си останам дете најубаво ми е
hahahahahaa jas i drugarka mi letoto si sedevme se gluppiravme a nejzinot brat non stop ne zamarashe i nie skrien broj i jas pocnav neshoo bojan ti se javuvam od skrien broj da ne te uplasham beshe mn romantichno i magichno togash ama jas sum trudna i neso pocnav da pishtam zasho ne mi odgovarashh so koja kurva spijeshh bojane i lazno plachenje a ovoj si go zaborail telefonot doma i dedo mu ili tatko koj i da beshe pocna koi ste vie sto e ova i ugasivme u ista sekunda i padnave od smeenje nezrelost [mod-kirilica:35jyzb8x][/mod-kirilica:35jyzb8x]
Еееее...беа и тоа времиња кога правев големи сметки Биравме броеви со братучетка ми и им викавме дека добиле награда. Ко за беља секогаш некои постари се паѓаа,па кога ќе почнеа...леле каде,која програма.. Интересно ни беше битно.
еее кој го нема праено ова хахаха и тоа особено зафркавање најпроѕирно на свет дека се јавувате од квизови, тв емисии и сл хахахахахахааххахаха дека тие од другата страна на телефонот добиле лото,бинго итн.
ДААААААААА хахахахахаххахахаха !!! Еднаш се сеќавам си седевме кај другар ми и така од досада ај ќе зафркаваме луѓе по телефон Обично се јавувавме кај некои кои ги познаваме па си го прикривавме гласот.Потоа ни стана навика и многу интересно па земавме именик Нашата забава прекина кога луѓето почнаа да поставуваа идентификатори па почнаа да се јавуваат кај нашите родители Колку само не искараа
аххх детство младост-лудост ми текнува дека еднаш со другарка ми си вртевме така безвезе на телефонот и се зезавме со луѓето, ми текнува на едно дека им викавме ,,Ви работи телевизорот? '' (шпоретот, фрижидерот со и да е) и тие викаат ,,да'' а ние ,,епа дајте му плата''
Лелеле ДАА како помали со братучедите и со другарчињата од улицата.Ахх смешки кога ќе ми текне сега. Сакам да ги вратам тие времиња.
Eееххе колку сано пати сме ѕвонеле по телевон броевите ги смислувавне од регистрациите на колите и се јавувавне им тресевне глупости нај често им викавне Bиктор ти си а некоја жена или маж ќе ни речеше овде нема Bиктор а ние ке му речевне а чичко Bлајко и ќе му тресевне зелени а на неки коа ќе им ги погодевме имињата ке им речевне синти се наоѓа во полициска станица го фатија како продава дрога и тие ке се испаничеа а еднаш се јавивне така кај една комшика и ја гледавне од прозор и ја чекафме нејзината реакција за малце жената ке се онесвестеше ама за среќа син и бил дома откако се испаници виде дека сини е дома.........Xахахахах секакви лудории сме правеле сме се јавувале во бардовци,полиција,брза помош и др, ѕвоневне и по врати и танви сваштарии.