Еве една зафрканција!!!!! Обаждам се јас на некој си број, одбран от тел. указател. Званја и велам ."AЛO" ,"AЛO" Јас сум конја на Дон Кихот, изгубих го по пътја...Случајно да сте го видели????? А те велат: Спрете да се зафркавате. - и затварјат телефона. След нема и една минута јас пак званја и викам: Ало, ако сакате, не ми затварјајте телефона, знаете ли, колку ми е тешко да набирам с копитото!! -Ало, добар вечер! Дали имате топла вода? -да! -Епа мијте си нозете и заспивајте!
не ама знам едни девојчиња наставникот по ликовно шо го малтретираа и ги фати со полиција и после цело школо за нив зборуваше
ехее интересни моменти беа тие последен пат пред 1 година за мајот со другарките и така на некои машки што ги знаевме им се јавувавме со скриен број и ги прашувавме: ви работи фрижидерот? и ако каже ДА прашувавме:а му давате плата?
Јас со уште една другарка вртевме на девојки кои не нервираа и измислувавме дека сме другари на некои убави момчиња што мислиме дека им се допаѓаат па им викавме (неверојатно добро можевме да имитираме гласови од машко јас сеуште можам ) Овие абе како да се топат! Ние се газиме од смеење па потоа ни с ејавуваа татковците нивни ние замалуваме! Јас и на сестра ми ја зафаркавам еднаш таа беше в град ,а ние в село и јас се јавувам и таа -Ало -Добар ден, дали вие имате пријавено за семејно насилство? (тогаш беше ново ова ама јас со сериозен глас како машко и зборувам) -Нема шанси! Сигурно е грешка. -Ам ве молам дали се шегувате со нас, ова е сериозно дали ***-*** е вашиот телефонски број? -Да. -Дали ----- број ** е вашата улица? -Да. -Епа повикот е од тука, дали имате имано проблеми можби мајак ви го тепа татко ви? (ама сериозно) -Не! И малку се насмеа поради ова. -Се шегувате? -Не ама сигурно е грешка! -Ако вие не се шегувате јас се шегувам со тебе! Хахах Замалев! Иако баш не треба да се шегувам со ова ама смешно беше.
аууу да многу со другарчињата од маало. памтам дека вртевме број од прилика и кога ќе ни дигнеше слушалка некој помал од нас (ние големиве ) го прашувавме кој е таму, па погоди кој е тука и паметам имаше едно девојче Елена и детенце Марко ни кажаа како се викаат и им вртевме секој ден и ги баравме и им викавме: ај чим не ти текнува кој е на телефон кажи дома дека вечер ќе ви дојдеме на гости и ќе видиш кој бил на телефон памет а и често сме вртеле во полиција, пожарна и слично се додека не ни кажаа дека имаат идентификарот и знаат кој врти.
Ова од скоро беше, пред еден месец чинам. Со другарките се ослободивме од блок часови и отидовме кај едната дома. Што ќе ни текне на другарката кај што бевме да ја зезаме баба и. Тие живеат на горниот спрат а баба и на долниот и имаат два поврзани телефони. Другарка ми спадна доле и и вели бабо те бараат на телефон (а само го отворила) и се качува горе а ние од горниот телефон. Дргуарка ми: Добар ден госпоЏа! Баба и: Добар ден. Дргуарка ми: Се јавуваме од фотошоп (топ шоп) дали сакате да си порачате нешто, имаме многу добри производи и поволни цени. Баба и: Ееее госпоЏа јас сум стара не ми треба ништо а еднаш порачував павер џусер и ич не е убав. После ја прашавме колку има години, дали има деца и таа се ни раскажа. Не знае внуките колку и се години сите ги испогреши а ние горе се кикотиме. Кога бевме на гости кај другарка ми ја викнавме и ја прашуваме дали и се јавуваат од топ шоп и она вика да да а бе само досаѓат да купам нешто....... Лудници, шо да прајш.
Ние уште зафркаваме Баш преднеколку денови бевме сите соберани заедно на спиење (ние сме многу другарки) и ѕрнкавме на кој ни текне. Нема да ве почестам со смешките, ама јадни тие душички што во 4 саат по полноќ зборуваа со нас на телефон Штета што финтата со пожарната не ни запали. Еден дечко што погодивме, изгледа заспа на телефон
Ние ко помали се јавувавме во пожарна и се зафркававме,се смеевме..а сега кога ќе размислам греота луѓето. Деца
хахаха имало доста вакви смешни ситуациии..ама најсмешна беше другарка ми ко се јави во пожарна од говорница и оттаму: Пожарна: Ало добро вечеррр Другарка ми: Помошшшшшшшш ми гори пи***** Пожарна: Шо гориии ?? Другарка ми: пи***** aaaa и му го бапка телефонот Ние во позадина се изнасмеавме.
Секако..Како само ги зезавме... Еве еден разговор баш паметам од збор до збор: Седевме со братучедка ми кај мене и го најдовме именикот на броевите од цела Македонија и вака ѕвониме: Јас: Ало дали е тоа (незнам шо име беше, сум забораила) Тој: Да јас сум. Јас: Денеска имаше игра, за најубава куќа, и ние дојдовме и ја сликавме вашата. Тој: Ама јас живеам во зграда. Јас: Ако ама ние внатре сликавме исто ви е. Тој: Ме зафркавате ли вие мене, цел ден бев дома Јас: Ало, не ве слушам, еве ви ја мојата секретарка. И му заклопивме на чоекот..xD
Даааа... И кога ќе стигнеше сметката.. Еве ќе издвојам една случка за да се насмееме: Ми дојде некако во рацете мобилниот на сестра ми. И се јавив во службата за корисници и почнав да пцујам и да викам „Жено, како не ти е срам, зарем уште не е готово јадењето?! “ и онака мртва озбилна. И после на тој број ми дадоа забрана за појдовни повици. Сестра ми кога дозна ќе ме убиеше, но штетата више беше направена.
Сме зафркавале како не.. посебно кога ке се јавевме се јавуваме од водовод ај ве молам проверете дали имате топла вода пошто има некои проблеми па правиме проверки.. они сироти идат викаат да имаме зошто? ај сеа чим имате измијте си ги нозете е добро де деца сме биле
ХАХАХХАХА леле и ја со другарките се сеќавам како помали вртевме на броеви и памтам како одеше разговорот -Ало -Добар ден, дали е тоа живинарска фарма -Не, грешка сте -Е како не кога зборувам со кокошка и тука почнуваат да ни се дерат, да не пцујат а ние се газиме од смеа
Да, и тоа често. Сега кога ќе се сетам на тоа се газам од смеење. Сите другарки собрани, по цел ден тоа правевме, и тешко на нашите кога ќе стигнеше сметката за телефон. Некогаш и после полноќ sвоневме, кога ќе ми текне какви глупости им зборевме на луѓето. Ама важно беше многу забавно.
Ехеее...и тоа колку....имав една другарка она цепаше муабет..хахха Еднаш некако дознавме број од бардовци па зезавме таму...или пак кога редевме таксиња пред зграда
Уште се случува да ѕвониме така кога ни е досадно, не само ко мали Сме ѕвонеле во пожарна, брза помош, полиција, Бардовци, во пицерии, по комшии, во такси. Памтам кога викнавме по една кола од сите такси компании на исто место а ние од балкон ги гледаме, па почнаа да ни вртат за да ни кажат дека таксито пристигнало. Имаше исто случај кога се јавивме во пожарна но бројот веќе ни го имаа научено и им викаме „Гори бе, гори“ И тој од таму прашува шо гори и по обичај му одговаравме дека изгорело чкорчето, но тој пат тој не зафркна и ни вика „Изгоре од мајка ти .......“ А еднаш па вртејќи на број шо си го измисливме со другарка ми, се јавивме кај некоја мајка шо имаше ќерка во Скопје на факс, па помисли дека и’ се јавува таа и почна да не’ прашува како е во Скопје, како е таа, што има ново, што сака да и’ прати..И и’ викаме да прати од омилените колачи. По некој ден пак и’ завртивме и ни вика „Абе кој ми врти мене. Знам дека не е Марија“..тоа ќерка и и’ се јавила да праша зошто и’ пратила колачи кога ништо не порачала.. Има уште куп вакви зелени моменти. Ќе пишам понатаму пак
Да, ќе се соберевме неколку другарки кај мене и знам ги зафркававме оние од телефонски информации. Престанавме откако ни се заканија дека ќе ни го исклучат телефонот.
Да.....го имам правено ова со другарка ми...се јавувавме и демек бараме некој...некогаш ќе погодевме име вистина имало таква личност шо живеела тамуу.....и после срамисе...ами колку пати му се имав јавено на симпатијата на домашен....деца