Господ да те казни од кај што не очекуваш. Нее убаво да се колни , и не колнам се трудам да се воздржам , ама човек коа ке претера и кога на сето добро на глава ке ти се качи....е....сам си бара.
Наставничката по математика, не само јас цело одд ја колне.Омилена: -Да даде господ од скали да падне на час да не дое!
ејјј еднаш проколнав од срце и стварно се оствари така да од тогаш сум рекла више не колнам сеа само онка глупа некоја клетва на заебанција хахах
Не ми е колнење повеќе како навика... Најчесто на предмети му се обраќам со ова онака кога не чини нешто не работи па на нерва се дерам „Гром да те мани“ !
Најсмешна клетва што сум ја слушнала беше кога двајца другари почнаа жестоко да расправаат за нешто, и едниот му вика на другиот: Да даде господ да ти се исуши, никогаш да не ти стане више Инаку јас не колнам освен ако сум многу нервозна и ако ми е тешко па можам да речам Бетер да дочекаш...... повеќе сум по пцуењето...
Јас незнам така некоја клетва да сум изговорила затоа што не колнам,ептен ми звучи сељачки, како некое старо жениште!Од самата помисла ми е срам и не практикувам да колнам..а и знам дека не чини да се колни едно е некултурно друго не е убаво си ставаш грев на душата,ни на душманот не се посакува такво нешто.
Не упoтребувaм вaкви клетви,пцoвки реткo. Слушнaв вo улицaтa скoрo се скaрaa кoмшивки: Крaстa дa те изеде. Грoм дa те удре. Пукни. Умри. Мa не е вкуснo зa уши oвa.
Јас не можам да слушам вакви погани зборови, не па да колнам и да имам омилена клетва Па уште кога ќе чујам Да даде Господ... Мислам, стварно е одвратно.
Мене мајка ми ко мала ми викаше дека луѓето што те колнат не ти прават ништо лошо тебе, туку сами на себе. Не можам ни да помислам да колнам некого, одвратно ми е.
Не колнам и не пцујам. Језиви ми се тие т.н. клетви, не знам како некој може да има омилена, тоа најверојатно само онака на шала. Барем претпоставувам или ужасно се надевам дека е така. П.С. Се смета за пцуење она додека возиш низ метеж и ти излегува така махинално од уста ??
Не сакам да колнам бидејќи кога и да колнам ги фаќа клетвите .. иначе често велев да падниш и да си скршиш некоја коска
Си пцујам редовно, убаво ми е коа ќе си ја исфрлам нервозата со една сочна пцовка. Ако ми дојде нешто кое го трпам долго време преку глава порано знаев да проколнам од душа и фаќа бе да му се сневиди, затоа сега се сецнувам пред да проколнам нејкам после да ме јаде совест.