'Шо туку се влечкаш, цревата да ти се влечкат!' - не знам од кај ми текна, еднаш ја кажав.. на маж ми , и се искинав од смеење... заборајв и лутина и се'. Иначе псујам и јас. Псујам и онака, ко узречици ми се псовките...
Да ти е*ам често го користам, ми се има случено и со мајка неколку пати да ми излета па да ми упати прекорувачки поглед
И јас пред моите... а не псујат тие.. (односно, не псуеше татко ми)... Многу се лутеа/ат. Ме караа. Ако спомнам к*р... Мајка ми ќе ги зачкрипи забите, и ќе ми се врекни: 'Да ти виси под носо!' Ич не се сложваме со жената.... за овие работи
Никогаш не сум колнела, а кога слушам луѓе кои колнат, се засрамувам дури, колку погана може да биде една човечка уста-такво нешто да кажува
Никогаш не колнам. Луѓе што користат клетви ми се дно дна (секако овде не мислам на онакви повеќе хумористични и општи како она што е спомнато погоре, туку конкретно до некого и стварно злонамерни).
Не колнам ама кога некој ќе ми направи нешто лошо, некоја неправда, јас во нервоза знам да кажам: Господ да му враќа дупло од тоа што ми го правел, обично не пред него туку пред некој друг ќе се испразнам за тој третиот. За пцуење не ме бива, онака:фак за било што што треба да се испцуе а често ми текнува на "маменце му га ебу" изговорена на кумановски, од "богатиот" речник на еден подалечен комшија. Не ми иде да пцујам не за друго, туку поради тоа што немам со што да ебам, обично на машките повеќе им одговара, се е околу тоа, ти ебам ова, ти ебам она, на мајка ти, на сестра ти, се по список. Не можам да се уклопам
Колнам само убави машки Да даде господ гола по куќа да ти шетам. А ако сум нервозна само додавам - и да не можеш да ме чепнеш. @John Snow џоле и за тебе важи Инаку пред скоро 4 години ми се има десено две клетви да речам, со пола срце (личноста ја сакам) и двете се исполнија. И од тогаш веќе не колнам.
Што превртуваш очи. Подобро тоа отколку на маж ми да му кажам цревата да му се влечат како што ти си му рекла на твојот. Или нешто као "к*р под нос да ти виси
Сум рекла да пукнеш,да се распукаш неколку пати во афект,при најголема нервоза,ама не сум го мислела тоа сериозно. Потоа сум рекла дека на Господ оставам со нив да прави тоа што треба. Не се мешам во Божји работи.
Псуење редовно и цревата да ти се влечкат е ок и зa пукнувaње oд смеa ама ова од Абеја е за очи превртување.
Не колнам. Тие што колнат некој друг всушност се колнат самите себеси. Па и зборов 'колнат' што чуден ми е, одамна го немам слушнато или прочитано.
И кaжи ми штo имa тoлку стрaшнo вo тoa дa му пoсaкaш нa некoј лoшoтилoци исти кaкви штo тoј тебе ти прaви?