Дали колнете и која ви е „омилена“ клетва?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Strumka22, 1 ноември 2013.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    108.575
    Оговарање ми смета.
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    86.017
    Знaчи некoј мoже мене дa ми прaви лoши рaбoти a јaс не смеaм дa кaжaм нa никoј?
     
    На christinnn, cresa-jagoda, Abeja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    108.575
    Не го спинувај, то шо го реков.

    И шо и' си ти? Портпарол?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    7.932
    Допаѓања:
    41.195
    Никогаш не сум колнела. Погрдо нешто нема.
     
    На LollySky, Nausicaa, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    4.398
    Допаѓања:
    86.017
    Не е спин, oд пишaнoтo излегувa бaш тaкa. И?
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    108.575
    Не излегува 'баш така'.
    Оговорање не поштовам, и точка.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    29.706
    Пол:
    Женски
    Не пцујам,не колнам.
    Колнев еднаш,да го снајде истото кога ни ја отру маалската кучка.
    Мислам дека колнењето е одраз на немоќ.
     
    На LollySky, Alisa22, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    108.575
    Секоја форма на агресија, е одраз на немоќ
    И псуењето...
    Псујам, знам.
     
    На Cosmi и hermosa им се допаѓа ова.
  9. SofiMar_

    SofiMar_ Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    48.852
    Пол:
    Женски
    Никогаш немам никој пцуено, ни пак колнето. Не знам ни што да кажам, не ми иде. Се има случено само кога сум сама, изнервирана од нешто да си кажам у п.м. :D Ни моите никогаш во животот ги немам слушнато да пцујат или колнат.
     
    На poenta, Animali, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.059
    Допаѓања:
    97.217
    Колнам. Онака во слободно време викам: „Бо колку сакам некој пироман да се запали сам на неќење“ :inlove: Колнење е, така?
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    29.706
    Пол:
    Женски
    Кај нас е дел и од традицијата и од учењето по модели,се пренесува од генерација на генерација,нормално со исклучоци.
     
    На WildMk и gjoker4e им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    2.367
    Допаѓања:
    3.003
    Пол:
    Женски
    Ако се смета за колнење,порано викав да даде Господ тоа и тоа,во смисла да види некој како е кога на него лошо ќе му биде,ако се потсмева на другите.Не одобрувам колнење,пцовки и недолично однесување,имаме разум ,и тоа е грев и духовна беда да се колне,на никого лошо не сум посакала и на некого кој бил кон мене лош нити враќам зло за зло.
     
  13. Peperutce1115

    Peperutce1115 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    14.266
    Никогаш не сум колнела некој и не сакам да слушам такви работи.
    За пцуење, ептен ретко може да ми се случи ако сум многу изнервирана (ама многу).
    Многу грдо звучи кога некој пцуе, машко, женско небитно на daily basis.
    Манири и начин на однесување за сите се исти.
     
    На Someonespecial, Alisa22, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Shalitra

    Shalitra Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    1.173
    Пол:
    Женски
    Од ист извор не тече и блага,и горчлива вода.Не колнам,и ќе се трудам и во иднина да го задржам овој принцип.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.357
    Пол:
    Женски
    Многу ми е неандерталско колнењето. Кога сум слушала некој да колне, сум се прашувала дали тие луѓе се слушаат самите себе што зборуваат, ама најискрено :?:
    Да речеш некоја пцовка, ајде во ефект, сите знаеме да се изнервираме, ама колнење и тоа го должат едно 10 минути во епска форма :bandit:
     
    На Doozy, Someonespecial, Herrera и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    9.374
    Едната баба колнеше, цел репертоар кретивни и некреативни болештини и непогоди се спомнуваа. Колку одвратно и да звучи звучи, како дете се имам изнаслушано. Дури и кон мене насочени. Ни тогаш ни сега не верувам во моќта на клетвите.
    Тоа се преткања на гневни луге.Лоши работи се случуваат и на ок луге, па кој ги колнел нив?
    Смешен дел е што немаше храброст да повтори пред некој рамен на неа по возраст. Само ако знае дека е на безбедно. Класична пасивна агресивност.
     
    На poenta, Doozy, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    10.937
    Не колнам и не верувам во клетви. Кога ќе се спомне колнење, замислувам некоја стара грбава баба со црна шамија, голем грд нос и бастум со кој мавта наоколу. Не ми се верува ова да го прават помлади луѓе (а во помлади ја сметам и мајка ми), но сум видела и прочитала сè и сешто, па ништо не би ме изненадило.

    Како членката погоре, и јас мислам дека луѓето кои колнат се гневни и по малку ги жалам. Клетвите нема да „фатат“, а колначите си изгубиле време и енергија на личности кои (веројатно) им згрешиле нешто и ги нервираат. Нека бидат поголемиот човек и нека си продолжат со животот без одмазда, или нека се соочат со тие личности во живо. Вака само се вртат во круг од кој излегуваат уште погневни.

    За среќа, мојата фамилија е нормална, па никој никогаш не колнел, дури ни од шала. За пцовки, знам да опцујам, ама најчесто ми се за самата себе или општо, не за други. Секојдневна узречица дома ни е се заебавам/заебанција и треба да ја отфрлиме, затоа што еднаш случајно ѝ реков така на внука ми :tmi:
     
    На Herrera, poenta, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    2.128
    Pa na kraj kraeva zoshto treba ti da se prashuvash ako poshtuvash ili ne m??Imash nekakva dopirna tochka so @Abeja ,pa ke rasuduvame??? Temata taa e:) A na vakvite temi mozesh na chovek da mu ja osetish dushata kakva mu e pa makar I na shala kazana:emo:
    ....Jas ostavam sve na Karmata da si ja vrshi rabotata..znachi ako dobro nekoj mi pravel nazad so dobro da im se vraka,ako so losho ,loshoto ke gi snajde..ne sum Bog za da im sudam ;)
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    108.575
    Добро, колку портпароли има за еден чоек?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    28.982
    Пол:
    Женски
    Не колнам, ми се повраќа кога ќе слушнам дека некој колне.
    Уште па кога ќе ми речат "жими тебе ти вела" не знам како се воздржував.
    Кога гледам дека некоја клетва им извира онака непромислено кажана, можам да ја сварам, ама кога гледам клетва со презир ...
    Најјака клетва што сум ја чула за Бранко Црвенковски " Бранкооо, брана да те крене". Кој генијален ум треба да си ова да ти текне?? (facepalm)