Не ми е верно дека постојат млади луѓе кои колнат. Тоа е умешност на прости бабетини, кога ќе склопат некоја клетва просто да се чудиш од каде толкава креативност и воедно злоба во нив. Простотија и злоба. За пцуење, пцујам и не се срамам да признаам.
Ако не ја прочитав темава, немаше да се сетам дека зборот колне се уште некој може да го употребува. Често слушав клетви во детството искажани од постарата генерација и таквиот начин на однесување и реагирање во моменти на избезуменост, гнев, слабост, ми е асоцијации за неуки личности. Не верувам во нивната моќ, но верувам дека тие што колнат би биле исполнети на негативизмот да вратат со проклетство, па макар и во примитивна форма.
Душичка таа, мисли дека сите членови што не мислат како нејзе имаат свои портпароли. Ако ти играш така, не значи дека сите се такви. Па ај и да се фатеше за мој пост како некоја 100% невина на темава, ама вака...
Најчето викам, пролив да го фати. Пред некој ден исколнав, надреден еден му рекол на мој бллизок, ти од мене леб јадеш. И без да размислам, реков, леб да нема да јаде. Ама па на тој нема да му се деси да нема леб, богат е ко брод...
Не колнам, ама некогаш во неправда знам да речам"'аир да не види тој и тој". Тоа повеќе е кажано во момент на немоќ и револт, не оти сум го посакала вистински истото де
Знам да кажам и : Ако ме претица- жена ти у кола да се породи. Ако не даде жмигавец - окото цел ден да ти жмига. Ако не ми закочи на пешачки, цел живот пешак да бидеш. Ако ме бутне и не се извини, да и го бутнат на дада ти несакајќи. Ако не ми се јави, да му се јави свети петре. Ако ми ќути на телефон, уста да немаш на жена ти да и одговориш. Ако ми се искива у фаца, мозокот да си го искиваш. Ако ми прдне у лифт, газното црево да го испрдиш. Ако нема ситни, се крупни да ти се качуат. И ниедно со лоша намера, за смеење ми се.
Колку ми е селски ова колнењето... Не колнам, ни дома до сеа не сум слушнала да колнат, ни па баба ми, а стара жена е на пример. Ме потсеќа колнењето како појава на некое неписмено племе, што нема друг начин како агресивноста да ја извади од себе...
пред некое време една жена што ја познавам ги нервираше и малтретираше една фамилија и жената почина по 10 дена, они пред тоа ја колнеа, така да пазете што зборите и не правете лошо никому
Колнењето и викањето ми е афективен ефект од причинско-последичен однос. Не секогаш колнам, но кога некој силно ќе ме повреди е тогаш бегај. Пример : Да даде Господ, да ме бараш и да не ме најдиш кога најмногу ти требам. Да дај Господ да ти направат исто ко ти што ми напрај мене. Да даде Господ да липсаш од плачење како јас по тебе, да не можиш со денови да се смириш За должниците, шефој шо кратат од плата а се праат наивни и живеат од туѓ грб - Да немаш пари да си купиш леб за јадење, а сега ми текна, да даде Господ сите пари шо ги имаш да ти се запалат Да живејш во долгови, да бараш пари на заем никој да нема да ти даде. Ова за да го напрам треба да бидам Нанервирана - левел 1000. И то....
Млада девојка си срамота е да колнеш ај да речеш да си некоја бабетина затуцана од некоја рурална средина а вака .. Не е убаво за тебе.
Не колнам бидејќи ми звучи сето тоа како непотребна хистерија и некако глупаво е.. Не сме во 15 век..