не знам колку е клетва, ама користам ретко израз „да ти се не види“, но тоа кон предмети или работи кои не одат односно не функционираат како што треба, не кон луѓе, луѓето се доволни сами за себе.
Имаше една бабичка кај мене во маало, порано и крадевме нон стоп јаболки и и ги кршевме гранките од јаболката, се утепуеше од колнење по нас онака на Кумановски ``рана ве изела`` , ``пипка ве ватила`` Али ние деца шо разбираш, смеј се само.
Ептен бизарно ми е колнењето, а гледам многу млади луѓе се користат со клетви. Во моја околина не сум слушнала, но често гледам по социјалниве мрежи кога нешто не е по нивно мислење нормално, одма со тие клетви и глупости. Мислев дека се искоренува со постариве генерации
Не колнам, и ептеен ретко може да опцујам. Единствено што имам кажано е: ако, но ќе ти се врати мислејќи на одредена личност, но не го сметам тоа за клетва туку дека кругот се врти и еден ден и тој ќе го почувствува истото што ми го направил на мене, и мене ми се има "вратено", неизбежно е. Затоа еден мој бивши се утепуваше од колнење и пцуење, дури незгодно ми паѓаше. Кога ќе го чуев да рече: да даде Господ сите пари во аптека да ги оставиш, децата во аптека само да си ги лечиш ми се повраќаше... И на крај, јас изнадавав пари по аптеки и дур бев со него и откако раскинавме.
Колнењето ми е многу ,,ниска,, првобитна ствар. Точно дека човек во лутина може се да каже, но сметам дека давање клетва е она најпоследното нешто, затоа што се се враќа кога тогаш, нема потреба од дополнителни грди зборови коишто ќе остават белег кај некого за секогаш.
Не колнам. Ми се има случено да помислам (онака рандом) само да личноста биде за момент на мое место кога ми било најтешко и...вистина се оствари, затоа сечам мисли.
Никогаш не сум колнела на глас можеби така во себе си имам кажано некоја клетва Повеке пцујам ама и тоа само по потреба не сум пцуела по луге. Одвратно е, човек без манири и култура може да го направи тоа...
Да се самоцитирам. Мислам дека почнав да колнам сега на фин начин. Кога некој ќе ме повреди и изнервира, а не можам да се карам и да викам во себе или тивко кажувам :"ќе те стигне кармата, секој си сноси последици." Е сега Лазарев во книгата вика дека ако некој е полн со омраза, вообразеност,презир и плус лошо се однесува се загрозува сам себе но и потомците свои до 7-мо, а некогаш и 9-то колено. Така да ако на лошите постапки на другите луѓе одговараме со омраза и клетви наместо да си ја чистиме кармата ние си ствараме нова..
Не колнев, ми беше глупо тоа, ама кога видов колку луѓе имаат страв од клетви, едно време почнав да ги користам ко метод за заплашување, така да, имам кажано некои работи. Тоа е затоа што не верувам во клетвите, да верувам никогаш не би спомнала такво нешто. Сега престанав, сепак не сакам да вознемирувам.
Не колнам. Колнење, пцуење според мене е многу проста работа. Паметен човек би се изразил поинаку макар и двеста луѓе да му стапнале на петната жила.
Знам да опцујам, ама тоа го правам во себе, особено ако ми е дојдено преку глава од нешто. Никогаш гласно не сум опцула. Знам дека не е во ред и не сакам да си го грдам речникот. Колнење не доаѓа предвид за мене! Зошто? Затоа што како прво, ми е примитивна работа како и пцуењето, а како второ, тоа ми е исто како да градам среќа на туѓа несреќа, а такво нешто не сакам.
Не колнам. Многу лошо звучи, а особено млади луѓе под 30 кога ќе слушнам како колнат како некои баби, ужасно ми е.