Девојки, дали користите фотошоп? Ако користите, редовно или понекогаш? Ако не користите, зошто не? И дали се срамите да кажете дека користите фотошоп?
Не се срамам да кажам дека НЕКОРИСТАМ фотошоп, а искрено да си бидам и појма немам како да работа со него, еднаш поднаучив нешто кога ми требаше, ама заборавив, а и за информација, во ниеден компјутер го немам симнато. Ама, не е лошо да знаеш да средиш некоја слика, не ради убавина, туку онака, општо да знаеш да работиш на секоја компјутерска програма е убаво и корисно. Ниедна слика не ми е обработена во фотошоп, освен тие од полуматура и матура.
Убаво е понекогаш да се користи фотошоп да си направиш некоја интересна слика , но притоа да знаеш навистина како треба да се користи фотошопот . По фб гледам девојки како се шминкат дотеруват на фотошоп а немат појма како да го напрат тоа да изгледа естецки .Стават трепки , кармини ... и изгледа многу грдо и заради тоа најмногу го мразам фотошоп . Јас не користам .
Поим немам како се користи, еднаш пробав да работам на туѓ компјутер и има убави опции, ама ако знаеш како да ги употребуваш. Ме подучуваа, ама ми изгледаше премногу комплицирано, па се откажав. Ретко обработувам фотографии, евентуално некогаш сакам да ги осветлам, ама за тоа користам Corel. Најчесто сликам парчиња од природа, а тука мислам дека нема место за употреба на вакви програми, барем според мене. Нема потреба да им ја менувам бојата на крилјата на пеперутката да речеме. Се што ќе се вметне или измени, веќе не делува природно. А тоа мене не ми е целта. Што се однесува до моите лични фотографии, ниту една немам обработено. Не сум ни имала потреба, затоа што имам чисто лице, па немам што да менувам и да гланцам. И не ни сакам да бидам совршено испеглана, без ниту една најситна бемка на лицето.
Не никогаш не користам фотошоп за да поправам некој делови на мене или нешто слично , а ефекти да како затемнување, вметнување слика во позадина ,ставање на сликата во рамка тоа да ама корекции на мене не .
Си користам, и си признавам Дури и сликата за апсолвентска што веќе беше професионално средена малку ја корегирав. Си ги белам забите, подочњаци ако имам ги бришам и си чистам по некоја бубуљичка по потреба. Иако знам буквално чуда да правам по сликите, најчесто си ја средувам косата, зошто иако ми е виткана, често ми искача сплескана на слики, па малку волумен да и дадам. Нормално, не сакам да претерувам и не се приметува по сликите, и искрено си кажувам на секој. Едноставно не сум фотогенична, и си имам извежбано лик за сликање, за да излезам најдобро што може, па може да се каже дека сум еднакво лошо искочена на сите слики Сум пробала и поголеми корекции да правам на разни слики, така и се учам, ама на себеси не. Имам грпка на носот на пример, ама јас не би била јас ако ја тргнам
Не користам фотошоп,а нема ни да користам!Јас си се сакам таква каква што сум си испаднала на сликите и плус ако искористам фотошоп ќе биде неоргинална сликата и се разбира нема да ми се допаѓа.Бидејќи јас мнооогу фотографирам и за сликите не користам фотошоп,а не па за мене.
Многу сакам да научам да користам фотошоп, зашто има милион ефекти и можности за транформации на фотографии и креирање дизајн. Тука не мислам на покривање бубуљица или што ти знам, избелување заби, туку на сериозни ефекти, правење рекламни постери, графички дизајн значи, итн. За жал, мене ми е премногу комплициран фотошопот. Секоја чест на оние кои го баратаат, јас или сум малоумна, или глупава, т.е. и двете. Не го контам, ме фаќа бес и нервоза, нетрпение, па кревам раце. Сум пробала со туторијали, сум симнала неколку Fотошоп за трупци, дечко ми ми помагал и џабе. Морам да кажам дека програмот е страшно јузер анфрендли.
Не сум користела фотошоп а немам ни намера да почнам... еднаш само на овие страниве за средување фотоградии си ја променив бојата на косата, чисто да видам како изгледам со црна коса
Имам голема желба да го научам програмов, не за лицкање на моите фотографии кои и така ги немам многу , ами затоа што ме интересира оваа област од аспект на графиката, која и те како (ќе) има голема улога во мојата идна професија. Штета што овој програм сè почесто пага во погрешни раце и тоа е пресудно чинам, што секоја асоцијација на Фотошоп ми е испеглан лик со максимално употребени ефекти за покривање на сите можни недостатоци.
Јас порано имав фотошоп, гледав од некои туторијали нешто научив ама потоа се откажав.. инаку сакам да знам како да го користам не за моите фотографии туку сакам да знам како функционира можеби ќе ми биде потребен некогаш
Порано го владеев одлично фотошоп, ги знаев повеќето битни нешта, долго време работев на овој програм. Но, откако го форматирав компјутерот, не можев да најдам добар сајт од каде што би го симнала. И така, полека го баталив фотошопот. Инаку, додека го користев, никогаш не сум го употребувала за поправање мои слики, туку за креирање на различни постери, флаери, некои графики и сл.
Не, понекогаш користам некои други програми за средување слики ама никако да се нафатам да научам да работам на фотошоп.
Имав но,се е некој за 30 дена никако неможам да најдам линк да го симнам траен.Не се разбирав во фотошоп многу но,тука се туторијалите