Не користам фотошоп,не знам како се прави,но би сакала да научам за да си правам графички дизајн и уметнички слики и затоа што мислам дека можеби некогаш и тоа ќе ми треба да го знам како една современа графичка и компјутерска техника!А,на моите слики,пак,од таблото за основното,средното училиште,и за факултетот исто,им беше правено фотошоп од страна на фотографите за да ми ги отстранат подочниците и акните на лицето поради естетски причини!
Не користам и не ми е потребно,иако не сум фотогенична.Тие што се занимаваат професионално со фотографија веројатно знаат кога да ја употребат оваа опција.Можеби во некои ситуации е пожелно да се користи.
Пикаса за ефекти на сликите или да ги скратам. А за она другото за да се израмнам, да ослабнам и дрн дрн такви работи НЕ! Што ќар од фотошоп на сликите кога во живо ни фотошоп нема да ми помогне. Биди си ист биди си свој.
Спојлер Иначе не знам да го користам фотошоп-от а и не ни планирам некогаш да учам. Само за фотоскејп ме бива ама сепак не го користам за бришење на акни или такви глупости
Користам само за правење постери за факултет, инаку не, не сакам кога се многу вештачки сликите, затоа само ги осветлувам/стемнувам, поправам црвени очи, евентуално некоја црвена бубулица да скријам
Никогаш, ама никогаш не сум правела фотографии на фотошоп. Всушност, не сум била ниту на самата страница, не знам ни како изгледа, а је па слики да праам.
i'm so happy ... си ја инсталирав 5ката фотошоп пред некое време .. кога бев мала многу бев во фотошоп после ми се избриша од компијутерот и го подзаборавив сега пак од ново све мие е иначе 5ка ми е најубав 6ката најновиот некако е комплициран еве неколку : од ова го направив ова http://flawless-chick.deviantart.com/ar ... -447335067 и овие прв сет до сега нацртани
па користам но не а мои фотографии ова планирам да се запишам на финки па така нешто си вежбам а знам да работам