1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали користите Tinder, Bumble и слични платформи за запознавање?

Дискусија во 'Сингл' започната од Allure, 26 февруари 2016.

  1. Allure

    Allure Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Еве веќе некое време и кај нас се крева голема врева за апликациата Tinder.
    Во последно време многу луѓе го користат овој сервис за запознавање нови луѓе и излегување со истите.
    Јас лично сеуште ја немам симнато апликацијата, но вие што сте ја имале или сеуште ја користите би било интересно да ги споделите вашите искуства :)
     
  2. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство со Тиндер, но еден мој близок другар (кој е геј) користи Grindr (апликација слична на Тиндер) и на истата има пронајдено добар дел од своите досегашни партнери. Јас долго време живеев надвор од Македонија, најверојатно и ќе се вратам таму, така да не знам баш многу луѓе од Македонија. А сакам да пронајдам некое момче тука. Кога го прашав другаров како да направам тоа да се случи, тој ми кажа да симнам Тиндер. Мене искрено вакви апликации и не ми се допаѓаат но од друга страна не знам, зошто не би се обидела. Тоа што ме загрижува е потенцијални манијаци, но знаете, не мора да значи дека сите таму се психопати или манијаци. Всушност, манијаци можеме да најдеме насекаде, кој знае колку од луѓето кои секојдневно ги гледаме имаат таква страна... Да не забегувам од темата, ме интересира што вие мислите за Тиндер и ваквиот начин на запознавање. И како луѓето во Македонија ја сфаќаат оваа апликација - не сакам да се зачленам за секс или нешто слично. Само да запознаам некој и да излегуваме, да разговараме па што биде нека биде... Би ми било мило и да ми остане само другар.
     
    На hunter26, Nigredo Odor и SAMIRA им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Можеби треба и таму да пробам.... :D Иако излегување со некој запознат на таков начин не ми е прифатливо...
     
    На Desi1991k, Читател, Dabria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. tea20

    tea20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    365
    јас ја користам оваа апликација, и искрено сите до сега што сум ги запознала се интересираат само за секс, обично тоа се типови кои што или се сингл и сакаат да прцнат нешто или пак типови кои што се во врска и сакаат да сменат нешто.... тоа е мое искуство, не викам дека има и нормални типови кои што сакаат муабет, врска али на таквите сајти се многу ретки, така да девојки внимателно со апликацијава :*
     
    На s.a.m.a, marlonbrando69, БезопаснаИгла и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Забележав малку чуден феномен во последно време. Многу жени го менуваат полот на профилот, за да го зезнат системот на спарување и да наидуваат на геј и би момци. Може има некоја девојка од тие што го чита форумов па да објасни за помогу кои причини тоа го прават, наместо да бркаат стрејт момци со апликацијата!? (facepalm)
     
  6. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    882
    Пол:
    Женски
    Според стереотипот дека геј/би мажите се физички попривлечни и полесно се наоѓаат за муабет. :D
     
  7. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Па стереотипот е токму тоа - стереотип. Не е баш подржан од реалноста :P

    Значи, за изнаоѓање на нови пријатели, според тебе? Интересно. Не сум размислувал за тој начин затоа што апликацијата сум ја користел стритктно за дејтинг.
     
  8. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Користев порано ваква платформа, не знам дали беше Tinder или некоја друга и резултатот беше никаков, никого не запознав или можеби не сватив како функционира ова.

    Ако добро се сеќавам инсталацијата беше бесплатна, но за секоја порака да не требаше да се плати или така некако, инаку другата страна нема да добие порака, а пак од друга страна не е проблем кога ќе пратиш покана за пријателство, ќе те додаде во пријатели но џабе кога потоа не може нормално да се комуницира.

    Ако некој знае, кои платформи за запознавање се бесплатни а на кои се плаќа?
     
  9. Krunicka

    Krunicka Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Јас ја инсталирав апликацијата,сакав да видам што е но морав за да се логирам преку фб а не сакав баш толку информации да давам и ја избиршав :D
     
  10. Хиперион Кантос

    Хиперион Кантос Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Машки
    Не ти текна дека можеш да направиш лажен фејсбук профил (со твои слики, но затворен за широкоата јавност)? Со минум информации за тебе, без деталите што ги има твојот официјален фејсбук, и со кој се си тагната, кои ти се пријатели и сл. И со тој после дека можеш да направиш Тиндер профил?
     
  11. Krunicka

    Krunicka Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2016
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Па искрено не сакав да се замарам да правам фб па после кој ќе ми здосади тиндер да го деактивирам :D
     
    На biGirl и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Како што гледам апликацијава не е нешто многу активна кај нас, а? Или бар јас досега не сум налетала на некој/а што ја користи.
     
  13. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    имам користено тиндер, чисто за заебанција и ко што можам да оценам повеќето се се некои сумљиви типови
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Би момци..Нивното постоење не беше мит? :D
     
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Ja koristam povremeno radi zaebancija:)
    Ima mnogu dadichki koi sakaat druzhba.
     
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    И јас имам профил.
    Сум наидувала и на екстра напалени што одма од прв збор само за секс пишува, ама има и ок дечки.
    На крај краева ако не сакам, не морам да излезам со дотичниот.
    Само unmatch :)
     
    На Desi1991k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Можда глупаво од моја страна ама првпат слушам за апликацијава. Како функционира накратко ако можи некој да ми кажи и дали мора да се симни на мобилен (или можи и од лаптоп компјутер) да се пристапи?
     
  18. Dante1993

    Dante1993 Нов член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    и јас сега почнав онака да видам шо има. од 1000+ лајка, само 2 добив хахахаха,, како што гледам нема сериозни, за ништо не е. особено женските си отвараат профили од досада, и си ги ставаат инстаграмите за да добијат повеќе следбеници. терајте си олдскул, излези запознај се, и после терај преку фејс или инста или директно на место. :)
     
    На honey.11 и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    9.975
    Пол:
    Женски
    Лани едно време си инсталирав тиндер.
    Престанав да го користам, истиот момент кога еден ми пиша "Твоите заби се прави и убави, исто како и моите".
    Трауми. :drunk:
     
    На Martinovski, Love Elixir, marionce и 7 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Страшно! :rofl:
    Не сум ја користела апликацијава, но знам за еден пар што се запозна преку тиндер, сосема ок. Ама ја сум си старомодна за вакви ствари :bug:
     
    На MarigoldA му/ѝ се допаѓа ова.