Тиндер пола профили се со црна слика, значи дејтинг македонија на тиндер и во европа е ден и ноќ разлика, не ја разбирам форава со црни слики, бивши па гледаат дали дечко им е на тиндер, или пак тиндер им е некој ”last hope” задња прилика за некој си каков таков ”hook up” па не сакаат да бидат видени од машки/женски што ја знаат па да не биде еее види ја клошаркава, не може дечко да си најди па влегла на тиндер, некоја да ја објасни појавава?
Тиндер е blessing and a curse. Во првите 20 минути од правење добив 99+ likes и бев мачната со секој шо го свајпнав десно, исто и секое женско што го знам. Не го гледам како платформа за нешто сериозно.
Се случило на некој да го блонат од Тиндер? Мене ме блокнаа пред година и пол. Стварно не знам зошто. Нит сум ставал 18+ фотографии, нит сум се заканувал, ни ништо... Едноставно-ме блокнаа. Бев кратко во странство, таму си направив нов профил со нов телефонски број. Беше океј и пак ме блокнаа, гуглав дека имале некој систем што препознава фотографии. Кога прашувам во хелп центар, добивам само автоматски одговори дека, ете, едноставно, сум прекршил некое од нивните (многу) правила. А јас стварно не сум направил нешто такво. Читав по странски форуми дека и на други им се десило тоа. Малку ми е глупо што ми е одземено тоа „право“ ((((((
Јас све користам Да не го тупам многу, сестра ми си фати дечко преку Badoo, 5 години се заедно. Јас користам и Tinder, Badoo, Bumble, Boo , порано имаше Two апликација(не знам дали постои сеуште) и уште сум Single. Има свашта точно, понекогаш ќе се разочарам, па ќе паузирам, па пак ќе се активирам и така. Има и сериозни и за забава, кој што си бара.И нема тука што да се срамам јас дека ќе ме видат или слично, затоа се апликациите.Бидејќи умре запознавањето во живо, јас не памтам кога последен пат сум запознала некој во живо, не пак како што кажуваат : на улица, во некој паб, книжарница... шипки варени, запознавање така само на филм има. Не се откажувам во секој случај.