одамна умре времето и во запознавање во живо онака баш рандом. Самото време све напрае awkward да биди.
Ја не знам зашо упорно ги рекламираат ко сајтови за дејтање, коа се сајтови за ебавање? Буквално продаваат путка. Жената е производот. Ист концепт као бесплатен влез за жени у дискотека, една од миљијардите женски привилегии... Затоа и жениве се откажуваат од членување, па мораше и еден Бамбл шо на почетокот нудеше еден искрен концепт, да почне со патетични реклами као жени извадете го појасот на невиноста, еднаш се живее...Кој кринџ. Или шо дозволуваат мужи со бради и ташаци да членуваат у Бамблот за лезбејки. А па да не праиме муабет шо паралелно со развитокот на Тиндер, се појави и трендот на мужи у Америка шо се шири и навака, да не сакаш на состанок девојката едно кафе да и платиш, оти не ти е исплатливо секој ден по едно кафе заијан да идеш, а за возврат понекад ни една путка неделно да добиеш...
Гош, голем фан. Вака сеа, тие мужите ќе си ги репортнеш, и ќе им го блокираат телефонскиот број, така нема веќе да имаат пристап до апликацијата, а репортс ги работат луѓе, знам затоа што сум правел и јас. А инаку муабетот за кафето, па ако е прво, нека си го плати тој што вика? Не знам ако сум поканил некој на гости, не очекувам да ми донесат кашкавалче, сланина и чварки, туку се подразбира дека како домаќин треба да ги пречекаш, исто и со кафиња, тој што вика на кафе, плаќа, па особено во дејтинг.
Не сум користела Тиндер ниту таа другата, ниту знам како се користат и прилично ми се ризични, не знаеш на каква будала ќе налеташ од другата страна. На Твитер минатата година флертував со двајца некои добри 5-6 месеци, ама се остана на тоа. Отидовме предалеку, почнаа да ми бараат интимни фотографии, во што јас секако не смеев да се впуштам. Мислам ваквите онлајн апликации се премногу ризичнинза девојки и жени, затоа може да паднеш во раце на некоја криминална група да те снимат и потоа да те уценуваат и животот да ти го направат пекол. Затоа ве молам добро да размислите пред да се впуштите во такво нешто.
Види тука колку толку имаш информации, доста ставаат и социјални мрежи но пак не мислам дека е доволно. Еве чист пример направив профил колку да видам што се дешава и ми искочи профил на познаник. Кога почнав да читам бил директор, имал свои бизниси, ужива во луксуз а типот вода во очи нема. Да го истресеш 100 денари нема да паднат од него. Затоа, само претпазливо и не верувајте на све што ви се пласира онлајн.
Опасно е подеднакво и за жени и за мажи. Ќе му побараат слика и на некој маж ќе му ја залуваат па уцени за пари и слично.
Живееме во такво општество каде за иста работа мажите се јунаци прави мажи, а жените ку*ви, Верувај ми маж снимен при секс и жена, ни од далеку не е исто. Никогаш не сум била снимена, но стигмата што се фрла врз жените ја чувствувам на своја кожа секој ден. Пример, разведените жени и вдовиците по дифолт се неморални. Тие куртоазно на улица да застанат со некој маж веднаш се неморални... Тешко е да си жена на Балканов.
Го пробав Тиндер, не жалам барем знам за следен пат. Не е то шо замислував, запознавање и чет, пред се.. две три сомнителни така што инцираа порака и мечнавме ми побараа Вибер, а не споделува инста или фб (дефинитивно нешто матно ми е), плитки муабети и се се врти околу секс.. Уште оваа недела сум претплатен и ајт укурац да го избришам.
Не користам ништо од тоа. А и ми заврши времето за запознавање Почни и таму да ду*иш како овде и ќе имаш среќа
Не знам дали се сеќаваш на еден сајт Точка. Аууууу... Колку беше забавно. Се допишував со машки и се преправав дека сум машко. Само секс ги интересираше па си реков да ги зафркавам
Не беа гејови. Ама наместо нормален муабет, они одма сакаа да плеснат. Мислам дека сајтот се викаше Точка.чат. Прво ги палев, па ги гасев кога ќе им признаев дека сум машко. Аууууу... Какви пцовки паѓаа
На четот на идивиди идеа 90% нормални луѓе освен може 10 души што беа забегани И тој едниот модератор што сакаше да плесне се што може На четот на точка идеа само загорени мажи и лесни жени И такви кои се заебаваа