Ја памтам. Ихииииии... Забавно беше Јас не бев од тие загорените Ама дефинитивно мажите имаа една цел. А имаше и женети. @Stark да не си бил ти еден од оние кои ги зафркавав?
Не верувам пошто сигурно сум бил мал и зафатен кај шо играм игри. Не сериозно, не сум се зачленил нигде освен порано на Кајгана.
Што е главната нсмена,како се користи. Дали мора да се верификуваш со број, дали мора да имаш слика итд.
Таму не начекав воопшто македонци ми делуваше ко слабо развиена во нашиве краишта и одма ја избришав.
Јас имав 6 7 меч , дури и комунициравме ама се се сведува на секс површно такви ми ти муабети... само една е онака ок дури и си разменивме и Инстаграм.
Направив профил на сите можни апликации, ама секаде иста приказна. Иако имам еден куп „matches“ скоро ниедна девојка не бара ништо сериозно. Околу апликациите Badoo ми делува за нијанса подобра од останатите, но сепак ништо не ги заменува средбите во живо. Таму барем знаеш на што си или барем нешто малку знаеш за девојката. Ова е заморно оти секакви ти пишуваат но можеби вреди да се има додека сме сингл, никогаш не се знае.
Здраво. Може темава не е за тука, но ми треба мислење. Дали ако на инста додадам дечко кој неодамна го запознав автоматски значи дека ми се допаѓа? Сме се сретнале само еднаш.
Од моја гледна точка, ако ме заследи девојче, одма јас си замислувам свадби, деца, крштевки итн итн. Дали е во реалност така? Апсолутно не. Не значи ништо, едноставно си го видела/ти го понудил алгоритмот и си го заследила. Дали ќе помисли тој? Можеби, најверојатно. Неможеш да контролираш што ќе помисли тој, а дали ти се допаѓа, само ти си знаеш