Може за некој е ок и ете му се нашла таква апликација. Ни јас немам ништо против тиндер запознавање и верувам дека некои познанства од таму среќно завршуваат. Дека не е за мене се уверив кога ми се падна Пабло Неруда-македонска верзија. Или тоа или некој загорењак, нешто трето-амин. Некој при себе што останал тешко се наоѓа, со оглед на тоа што некои и од заебанција ја користат апликацијата.
Ја имав инсталирано апликацијава порано, пред околу 5 години и тврдам дека некои 95 % корисниците ја користат за цел-пронаоѓање партнер за секс. Тоа е уствари и оригиналната намена на тиндер во светот, инстант секс и тоа најпрактична е за луѓе што патуваат и не познаваат некого на одреденото место. Можеби и да има некој намера за сериозен партнер, сепак палетата додека листаш е широка, што повеќе особи имаш match и уште повеќе си ставаш свои филтри, па ќе излезе некој нов и така.... Моја другарка фати дечко од таму но они се единствениот таков случај за кој сум чула. Јас конкретно се запрепастив колку познаници, колеги итн што се веќе женети ги начекав таму.
Сите дејтинг апликации се срање, заедно со фејсбук пошто и тој се користи за истата намена. Ништо сериозно, само one night stand-oви.
До сега сум ја бришел и инсталирал едно сто пати, некаде 5 години така и до сега само две совпаѓања од едното испадна дека е машко зад женски профил за секс, а другото девојка за една ноќ. Така да според досегашното мое искуство таму, нема ништо сериозно.
Колку само грешиш. Треба да си свесна колку ти се има посреќено што си нашла асален човек ( ваљда е штом си се омажила ), во морето од дик пикс, старци пубертетлии, манијаци, и милите напатени вечито гладни за пичка - оженетите мажи. Така да тргни ја таа доза на judgy од твојот коментар.
Другарка моја налета на човек пред брак. Триста приказни и сврте додека не и ја кажа причината - Пред брак бил, многу ја сакал вереницата, но го изварала пред две години и сега сакал и тој да проба нешто ново да се испука пред да се ожени. Спиди е една во милион што имала среќа да налета на таков.
Не сакав да звучам judgy, јас раскинав 8 годишна врска, па после една година решив дека време ми е за нешто ново, со таа мисла "тргнав во потрага", и ете си најдов. Претходниот дечко од 8 години на времето го запознав на мирц. Си стојам на мислењето, кој што си бара тоа ќе си најде. Сигурно не ми се посреќило 2 пати.
Без навреда ама на такви страни само болесници седат, демек дњќко ќе најдеш од страна каде што се знае сите каква цел имаат, ваљда не сте дошле до тоа ниво дечко на тиндер и баддо да барате.
Зошто таква кфалификација "болесници" ? Па тие страни се заради тоа осмислени и направени, тоа се класични дејт - сајтови и служат за тоа а не за менување рецепти за баклава....
Вистински маж се стреми кон тоа да основа фамилија и да биде со некоја чесна и добра девојка а не да дреме на вакви демонски страни и да иде по хотели со рандом девојки и да фаќа болести. Па според ова, како да ја наречам странава?
Се е нормално, секој што си бара тоа и ќе си најде. Аман со тоа лесни, тешки...добри чесни, нечесни...поштени
А што бараат таму девојките? А и може некој пар ќе се најдат таму па ќе се развие во врска или повеќе... И тие девојки што ги посетувааат тие страници по автоматизам имаат болести?
аха... ама таквите вистински мажи у принцип минимум по една имаат на страна.. најчесто на тиндер најдена
Не ги осудувам ниту пак ме интересира кој што прави, но нели е малку чудно и ризично од толку луѓе околу тебе, и други развиени социјални мрежи ти да одиш со некој кој си го запознал на Тиндер? Која е воопшто потребата за Тиндер во 21 век?
Ох леле што се нема човек да прочита Па може на странава си бара и жена за фамилија, од каде знаеш. Идејата на такви дејтинг страни е да најдеш партнер, дали за на кафе, дали за секс или пак за фамилија не е ограничено.