а што е разликата дали ќе го запознаеш на Фб, Инста. или слично.... штом не е во живо, исто ти се фаќа... Од кај знаеш која будала или манијак се крие зад нечиј профил на другите социјални мрежи?
Јас пред едно 2 години си отворив профил од љубопитност, на еден ден. Имаше еден фин дечко, во отворен брак бил, машка верзија на @WildMk . Ама сосема нормален и убав. Еден ден бев и го деактивирав. Сите мажи, повеќето оженети во среќни бракови од мојот град ги видов. Сите имаат профили. Тие апликации се знае за што се. Исто ви е со Инста, ФБ, па и форумите. Што сакаш тоа ќе си најдеш .
Да бидеме реални, голема е разликата помеѓу Тиндер и другите социјални мрежи. Да, може и таму да се најде, но многу помала е веројатноста. Колку што имам слушнато се знае која е намената на Тиндер..и стојам зад тоа дека не е од корист, барем за сериозни луѓе.
во право сте...се знае која е намената на Тиндер и зошто се регистрираат луѓе таму, било да се машки или женски. И ако ви пречи или го сметате за демонска работа, не влегувајте таму и не се регистрирајте. Ама и не морализирајте и не навредувајте...
Е добро де, што се најде навреден? Јас не кажав еве ти си таков, според мое мислење така кажав, на крај краева во иднина ако некој те вреѓа, пцуе, замара треба само да го игнорираш, со будала да влезеш во конфликт побудала ќе испаднеш. Тиндер = на мозок во алфа режим.
Затоа што фејсбук е многу повеќе од апликација за запознавање на партнер каде што имаш многу повеќе податоци за личноста со која комуницираш и слично. Не сум била на Тиндер и не негирам дека има и такви случаи како што нагласи ти, но тоа е реткост. Мило ми е што се разбираме, без навреди секако.
Да но лесно се препознава лажен профил на фејсбук. Нема врска, сите имаме различно мислење, мислам дека е доволно за оваа дискусија. Не се правдај, кажи си дека сакаш да бидеш дел од демонската работа.
Јас користам. И имам приметено дека тиндер во другите држави го користат баш и за намената за која е наменет. За запознавање луѓе, потенцијални партнери, пријатели итн. Едноставно кога го правиш профилот пишуваш во био за што си заинтересиран и со такви луѓе се мечнуваш. Имам запознато луѓе со кој денес сум во контакт, од тиндер. За кај нас малку работите се измешани.
Пред некое време во темата гатање и баење, го препорачав Тиндер, како “гатач/бајач“ што помага за мажење/женење. Не гледам зошто толку ја демонизирате апликацијата. Сум запознал добри девојки таму, кои барале момче, а не сексуална авантура. Која е разликата меѓу Фејсбук и Тиндер? На Тиндер се знае, дека луѓето кои се таму бараат врска, а да им се пишува на секој/а на Фејсбук е едноставно некултурно. Ако се “мечне“ некој на Тиндер не значи, дека ќе мора да завршат со коитус.
Bas taka, se znae namenata na tinder i ostali socijalni mrezi, ako si napravil profil na tinder se znae za sto si tamu E sea kako ke ti se posreki toa nikoj ne ti garantira.