Ако не сакате да залепите на некој манијак не споделувајте информации на овие апликации. Тие шо се "запознале" на овај начин се ретки. Нее толку усовршено и безбедно кај нас посебно за девојки.
90% манијаци ги има, и коа еден асален ќе пише бог да чува се, као : Јас: hey таа: OMG имам дечко а незнае дека досадно ми е и као тепам време да упознаам нов карактер. лудница чоече x)
Не знам зошто ама од Тиндер ми се повраќа. Мислам дека е најзлоогласена апликација од ваков карактер кај нас. Во времето кога искачањата беа кул и имавме каков-таков ноќен живот, сите другари со грото девојки со кои завршуваа беа од Тиндер. Не осудувам никој, ама со самово име ми ѕвони one night stand у глава. Не знам, ја не би.
Гледам споделени се доста женски преспективи за Tinder. Делумно се согласувам, но и не се согласувам со одредени мислења. Па еве да споделам и една машка перспектива. Лично користам Tinder веќе неколку години. Повеќе го користам како акаунт за memes и чат пат за зезање. Но, и покрај тоа сум бил на неколку дејта со женски што ми се виделе како ОКЕЈ. Така да, да може да се најде интересни луѓе и на Тиндер. И факт е дека не се сите таму само за секс (барем не во Македонија). Има доста девојчиња што се зачленети со фејк профили да видат дали дечко им има Тиндер. Има други што отвориле од радозналост... и на крај има група од машки и женски што се доста повечени и тоа им е last place to look for a partner. Не би ги осудувал тие што користат Tinder. Искрено, покрај теоријата што викате дека Tinder се користи само од напалени мажи, стари пубететлии, сељачишта и остала багра. Треба да знаете дека тоа е двонасочна улица. Како машко, сум имал неколку случаеви во кои некоја од Tinder ме сталкала на Instagram и на Facebook. Од друга страна имам налетано и на другарки/колешки што имаат дечковци, а ја користат апликацијава. Не би коментирал каква е Tinder-културата кај нас. Затоа што сите од прилика имаме некоја слика. Моето лично мислење дека Tinder може да е корисна апликација за едни, а за други да е најлошото искуство што некогаш ќе го имаат. Се зависи од вас и што очекувања имате. Барем сега со опцијата да свајпате кај сакате, поиграјте се малку.
Јас нишо со овој тиндер многу ми е чудно и не знам да го раководам зошто ми излегуваше нешто да платам ?
Почекај ме за 5 години ко че наполнам 30, не ти треба ни тиндер ништо, од овде че се запознајме, не си троши парите.
Не знаев што чудо е тиндер, а во средно ми беше досадно и симнав, си направив лажен акаунт и си гледав што се има во моја околина и се чудев. Со тек на време го избришав и никогаш повеќе не ми текна да симнам тиндер или било каква дејтинг апликација бидејќи добив многу непристојни понуди и многу од тие беа очајни старци или тинејџери. А имаше и некои измеѓу кои бараа само секс.
Се што сум пробал е повеќето фејк профили. Има ли некоја бесплатна што навистина може да се најде пристоен разговор со девојче