Апликација ко апликација, реално добра и иновативна е замислата. Е сега што се има на таа апликација, тоа е веќе нешто друго. Ја имав симнато околу месец дена, катастрофа впечаток дејтовите и тука завршив со моето барање среќа на Тиндер.
ако навистина сакаш да и поогнеш има и други начини како можеш тоа да го направиш со цврст доказ нема потреба само со кажување да остане, ама сепак тоа си е твое
На Тиндер многу лажни профили или доаѓаат да си го изрекламираат инстаграм профилот. Рано е, уште сме назад со времето за да функционира ова како што треба.
Да го споделам моето искуство со Тиндер. Во 2016 за прв пат почнав да го користам и запознав дечко со кого бевме 4 години заедно. Оваа година го користам од Мај негде и мислам дека бев на дејтови со околу 12-14 момци и не произлезе ништо. Јас сум поприлично отворена и од старт кажувам дека си барам партнер, а не ons, casual dating и слично. Сепак, на почеток при чатување повеќето се екстремно културни и фини, па кога ќе решиш да излезеш сфаќаш дека се женети, со девојки, имаат скриени намери и слично. Така да можам да кажам дека потрошив доста време и нерви, ама па не гледам друг избор каде би запознала некој.
Е баш на Твитер ќе запознај На кој му се запознава најкористените опции се Тиндер, Бадоо, Инстаграм, Фејсбук и Фемина
Книжарава го дава тој вајб, али сепак најреални се шансите во паб или теретана како "алтернативи" за запознавање. Криво ми е што мудата ја снемува за запознавање у живо и почнува да се смета како што и сама кажа, сцена од филм. Али да гледаме позитивно
Епа дечко нема да фатам ако седам дома и чекам, така викаат Под дејтови, јас подразбирам излегување на пијачка, вечера и слично, иако Тиндер е првенствено нели за друга намена
Луѓе, мене Тиндер ме банираше. Си влегувам регулар и ОП - порака дека сум баниран и имам забрана да правам нови профили. Ништо лошо не сум правел, ниту сум пишувал... Баш чудно. Има некој со вакво искуство?
Направив Тиндер за прв пат во живот и за нецели 5 минути едно 3-4 профили ми пишаа, ми беше многу сомнително тоа и го избришав профилот.