1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали лицата со Даунов синдром се прифатени во Македонија?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од inimini, 31 август 2011.

  1. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    за жал не се прифатени тука, јас имам другарче со даунов синдром што живее во моја зграда и тука го знаат сите и никој не му се потсмева иако еднаш се карав со едни зошто му се потсмеваа
     
  2. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Имам близок роднина кој што има Даунов синдром. Постар е од мене неколку години, полн е со разбирање, културен, добро воспитан, знае да чита, да пишува, математика се, све, попаметен да кажам и од нас „нормалните„. Јас лично немам проблем да се дружам со него, како помали се бевме заедно но животот е таков и сега воопшто не се гледаме. Се оделив од цела фамилија, а баш би сакала да го видам...
    За децата со посебни потреби во општеството постојат многу пречки. Но, доколку околината покаже поголемо разбирање за нив, и успехот ќе биде поголем.Им се восхитувам на храброста на родителите чии дечиња го имаат овој хендикеп а покрај се им пружаат неизмерна љубов!

    Во Македонија многу малку, да не речам не е ништо направено за поддршка на овие лица и нивните семејства, со што би им се овозможило да функционираат со своите права, потреби и обврски. Поради тоа и некои родителите најчесто немаат храброст да го прифатат детето со Даунов синдром и многу често таквите деца ја губат привилегијата да растат во своето биолошко семејство. Навистина жално.
    Треба да се рабуди свеста, љубовта, одговорноста на нашата заедница дека и лицата со Даунов синдром се рамноправни и покрај нивниот хендикеп.
     
    На tanjabela и Moira им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Колку што е вистина дека луѓето се плашат од непознатото, толку е вистина и дека луѓето често се склони кон субјективност, верување во она во коешто тие сакаат да веруваат. Тука џабе информирање... :worried:

    Не знам како овие деца ги прифаќа Македонија (не сум била директен сведок на таква ситуација), но за мене како малечок дел од овој народ и држава знам дека добронамерноста и добродушноста на човека ми се доволни да го прифатам со сите негови карактеристики, а предрасудите не ги милувам многу, на неколку наврати имам кажано.
     
  4. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    Не, за жал не се прифатени.
    Знам,пример..на пракса на неврологија, има 2 деца со Даунов синдром..како само ги одминуваат..и со чуден поглед ги гледаат..како божем тие не се човечки суштества.. :^) :doh:
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Овде сме сите полни со разбирање сите сме хумани и сето тоа завршува овде на форумов.
    Ајде ако не признаеме јавно барем да се погледнеме во огледало, и да си признаеме себесим. Дали би се дружеле со лица со даунов синдром, лица со телесен хендиќеп, лица со лесен ментален хендиќеп....
    Одговорот би бил поразителен, 99% од оние кои овде велат дека нетреба овие луге да се дискриминираат не ни познаваат луге од наведените категории. А зоштп? Затоа што овие луге не ги ни приметуваме освен ако не се дел од нашето најблиско семејство.
    Лесно е овде да се биде паметен, но реално која од вас би сакала да има во јавност другарка со даунов синдром или хендиќепирана личност? Веројатно само оние кои веќе такви особи имаат во семејството.
    Најмногу што правиме за тие маргинализирани групи е да им отстапиме место во автобус и тоа нерадо го правиме.
    Доста е од лицемерие кога никоја од вас не би се дружела со таква особа а камо ли да биде во врска. Па нели се тие ок, нели се попаметни од другите, тогаш зошто не би биле со таква особа арем пријатели?
     
  6. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Пепелашка е во право,хуманост и милосрдеи по форум до бесвест,а ајде реалноста да ја погледнеме.
    Нека кажат градинлите колку деца со даунов синдром имаат запишано? Нека кажат во колку основни училишта има деца со даунов синдром(не зборам за училишта за деца со посебни потреби).Дали сте сретнале табло на деца од основно на кое е сликано дете со даунов синдром?
    Тешко на родителите и маките на овие деца.
    А сите лица со пп се профатени само пред "себе рекламирање" и пред избори и сликање.
    Никој овде не е прифатен
     
  7. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за постов, само ќе го додадамследново, зошто ги нема таквите деца во школите и градинките? Затоа што останатите родители се бунат и ги отпишуваат своите деца.
    А, верувам дека сите овие хуманитарци овде први би го отпишале своето дете ако е во таква група со такво дете, наместо од мали да ги учиме децата да ги прифаќаат различните од себе.
     
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Како ги нема ваквите деца низ училиштата? Вие сте отишле во некое училиште, или чисто без везе кажувате? Во основното каде што учев имаше неколкдеца со Даунов Синдром. И дел од нив завршија основно годинава. Да, ги имаше и на табло, исто како да се едно одделение.
    Да, вистината е дека не се општо прифатени од светот, но тоа не значи дека сите треба да ги одбегнуваме. Тие не се виновни за тоа што се такви какви што се. Луѓе се, исто како и нас, имаа чувства, навики, однесување. И треба да ги почитуваме.
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ете ние во клас имаме ваков ученик, да вистина повеќето му се смеат, се зафркаваат со него, но сепак колку толку класната се труди да не се осеќа како да е поразличен од нас.. :|
    Сега за табло и он ќе се слика со нас, на екскурзија и тој беше, но цело време класната викаше да го набљудуваме да не му се случи нешто.
    Крај краева и тој е дете како нас. :doh:
    Да го видите каков е, сака да се дружи, ама сепак не е тоа тоа, од км се гледа кој има проблем. Искрено не се дружам со него, се имам насемано на нешто кога кажал па сме се смееле, но сепак да беше во некое друго одделение од нашата генерација, верувам уште потешко ќе му било отколку што му е сега, зашто сепак машките, на шала вака-така го дружат. :D
    И не, не се прифатени, исмејувани се и тежок им е животот. :!:
     
  10. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Феминки, се согласувам со сите Вас дека лицата со Даунов синдром и нивните блиски имаат тежок живот. Мислам дека со некој закон од пред неколку години е предвидено да одат во градинка и училиште со останатите деца.
    Пред петнаесетина години работев во близина на училиштето за деца со посебни потреби (мислам дека се вика “Св. Климент Охридски“ и се наога во Капиштец). Децата со Даунов синдром ги среќавав секојдневно и секојдневно се муабетев со нив... Тие се толку многу мили, културни и ненасилни. Многу сакаа да раскажуваат за училиштето, другарчињата, семејството... Секоја нивна насмевка кај мене будеше желба да ги прегрнам, да им кажам дека се исти како и останатите луѓе, со таа разлика што не се злобни и завидливи...
    Луѓето во Македонија мислам дека не се доволно информирани за болните од Даунов синдром!!! За поголемо прифаќање од средината потребна е поголема информираност!!!
     
  11. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Многу точно мислиш дека во мкд не се инфорнирани за тие луѓе..јас имам многу близок со таков синдром...тој е сосема нормален дури неговите родители и сестра за него премногу се грижат.Кај нив е низок растот и лицето им е поинакво од другите,а се друго е исто како и кај нас.Дури имам читано дека они имаат и поголема интелегенција од нас така наречено нормалните луѓе и баш се жално да видиш некој некого да исмејува за нечија болест .. :|

     
  12. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Потполно те поддржувам во тоа што го зборуваш! Само едно ќе кажам, а тоа е нека им е лесна душата на нивните родители коишто се секој ден со нив, се борат, страдаат, а тоа што некој ќе ги погали на улица само за да се чувствува поубаво “еве хуман сум“ ништо не значи. Не дај боже некој да има такво дете, да гледаш како други деца раснат нормално, а твоето дете секогаш ќе остане на тоа ниво во животот, нема да видиш внучиња, свадба и се останато. Не мора да продаваме лицемерие. Македонците не се толку прост народ да исмејуваат некого, јас не сум видел личност да се смее на таков проблем, затоа што животот е курва, не бира.

    Лицемерие, лицемерие, лицемерие...
     
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.958
    Пол:
    Женски
    Не се прифатени доволно, и тоа е факт.
    Да тргнам од мене, кога би видела некого со Даунов Синдром би се натажила, знам премногу сум чувствителна за такви нешта.Каде ќе им оди душата на тие што би се мајтапеле со нешто вакво,ако воопшто ја имаат секако?
    Но, да бидеме искрени не би можеле да се дружиме со нив.Да е твој близок сакал нејќел мора да поминеш одредено време со него, али вака не.
    Баш сега за брзо бевме кај пријатели од друг град кој имаат болен син на моја возраст.Не е од даунов али е буквално како мало детенце, и цел ден ми зборуваше нешто што би го зборувала со 3/4годишно детенце.Си го слушав, зборувавме и ниту еднаш не покажав дека ми е досадно, не сум таква, не можам. :x Али јака му душа на родителите, нека им даде Господ сила да издржат, не е ни малку лесно.
     
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Site luge so bilo kakva mentalna retardacija se neverojatno pametni, samo sto nivniot mozok raboti na razlicna frekfrencija nego nasata. Procicitajte ja ovaa kniga i ke vi se otvorat polinjata na razbiranje.
    Knigata e avtobiogravska, tatko ja napisal za svojata kerka. Isto taka ima intervju na you toub , devojceto bese gostinka na Ellen shaw. Vo momentov knigata e na sale na Amazon i e samo $8,00.
    Carly's Voice Breaking Through Autism Book by Arthur Fleischmann
    Ako nekoj ja procita slobodno moze da razvrzeme konverzacija na taa tema.
    Poraka do site roditeli so deca so specialni potrebi: Nisto ne e vrong so vaseto dete, toa samo komunicira na poinakov nacin.
     
    На Meredit му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Која е поентата да се биде лицемерен на форум, глупости. Толку ли е неверојатно тоа што постојат луѓе коишто единствено на дискриминацијата гледаат со поинакви очи? Плус тоа, темата е дали се прифатени, а не колку сме хумани кон нив. Јас баш верувам дека повеќето луѓе се добронамерни, тоа што недобронамерните се 100 пати “погласни“ и полесно се забележуваат од првиве е друг муабет.
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Razlikata e vo toa sto ziveeme vo razlicni opstestva. Ovde ne stanuva zbor za neprifakane. Postoi razlika samo vo razbiranjeto.Ova i kerka mi bi ti go kazala tessie.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    toogood мислењето мое не се однесуваше на тебе (последователноста во постирање е чиста случајност), туку на едно друго мислење според кое ние сите вака на форум сме фини а во реалноста сме спротивни на тоа. И совршено го разбирам тоа што и ќерка ти може да го разбере. Темата се вика „Дали лицата со Даунов синдром се прифатени во Македонија?“ а не „Разликата во општествата и децата со посебни потреби“ така што, да, на оваа тема се зборува за прифаќањето, а не за општествата и нивните разлики. Да прочиташ мое мислење страна наназад ќе видиш дека јас сум човек кој прифаќа секого којшто има добра намера. Од мала сум таква.

    А ако веќе одиме офтопик и зборуваме за општеството, на глобално ниво ... ете ... такво си е. Такво време дојде more like. Низ цел свет има случаи на неприфаќање на различностите. Запад, исток... не е многу важно. Не ни` е потребна посебна состојба за да се осудуваме, дискриминираме и напаѓаме меѓусебно, обидувајќи се да се издигнеме себеси со спуштање на другиот. Но за среќа постојат и добри луѓе, полни со разбирање и љубов за секого. Е за таквите вреди да живее надежта во сите нас за подобро утре.

    Затоа искрено за Македонија и ова општество јас сум оптимист дека работите ќе тргнат на подобро. Затоа што неприфаќањето и предрасудите ги има и во као најлибералните општества. Доволно е да се биде општество коешто низ историјата и главно во животот е пацифистички настроено, како нашево. Потребен е само добар насочувач.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    За прифатеноста генерално на лицата со Даунов во Македонија не знам да судам.
    Факт е, не дискриминација, дека сите лица со Даунов синдром имаат помали или поголеми тешкотии во учењето. Не значи дека не се интелегентни, секоја индивидуа за себе, но тешкотии да учат, имаат. Не е прашањето дали тие се за во редовни училишта, туку дали училиштата се адекватни за нив да им пружат повеќе внимание кое им е потребно? Земете ја во предвид стручноста и подготвеноста на повеќето од наставниот персонел.

    Друга работа.
    Знаеш дека има двојки во светот кои се земаат, некои имаат и деца. Имаат 25% шанса за дете без даунов, 50% за дете со даунов. Во последно време во некои општества е прифатливо еве да се земаат, да раѓаат и да чуваат деца, значи не им се одзема, општествено или со закон она единственото нешто што знаат да го прават најдобро, без ничија помош, а тоа е да сакаат. Не сакаат сите деца, свесни се за одговорноста која ја носи, за помошта која би им требала, со предвидливо скратениот век, повеќе се свесни од 17 годишни трудни невести. Кога ќе видиш, можеби абсолутно и без исклучоци сите, со и без Даунов синдром, треба да добијат проценување на менталниот капацитет пред да им се дозволи брак и деца. Инаку, на таа тема, секогаш ќе има некој во општеството на кој тоа ќе му пречи, без да го засега лично него.
    Точно, во овие врски/кохабитирања/бракови зависни се сеуште од нивната поблиската фамилија, ама кога согледаш реалност, дека можеби се понезависни и од некои што ќе ги најдеш во темана Снаи и свекрви - проблеми, кои ниту имаат екстра хромозом, нити им фали нешто, освен метлата по грб чат пат.
     
    На SV1911, tessie и nevermet18 им се допаѓа ова.
  19. Dr.Strangelove

    Dr.Strangelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2014
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    151
    Јас знам дека има такви двојки, но искрено јас тоа не одобрувам.

    Каква Македонија сакаш? Со здрава, полетна, физички и умствено спрема или благо ретардирани деца, наркомани, алкохоличари, проститутки? Не знам зошто второ споменатите секогаш се форсираат од медиумите и граѓанските групи кога искрено тие се само товар, а не и корист за едно морално и физички здраво општество.

    Често децата со блага ретардација се и жртви на силување, злоупотреби, затоа што не знаат да расудат, да се заштитат или било што. Едноставно имаат некој сегмент од животот каде што покажуваат одличен потенцијал на интелегенција како на пример математика или физика, но многу бргу се губат на непознато.

    Едноставно не се корисни за општеството, заедницата. Тоа е факт и знам дека ќе ме осудувате поради политичката коректност и хуманост, но мене тоа не ме прави помалку хуман, туку реален. Знам дека многу пати човечката судбина и генетика си поиграла со многу, дека е тоа товар на душата, но дека читави деца ќе излезат од такви бракови мало морген. Зошто да создаваш нови деца кои ќе се мачат, кои ќе бидат на товар на секого, кои нема да бидат корисни наместо тие родители да се кастрираат за да не создаваат неквалитетно потомство?
     
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.211
    Пол:
    Женски
    Хитлеру ти ли си???

    Он топик. Не се прифатени и тоа е факт за жал. Ај луѓево што не ги прифаќаат можам да сфатам до некаде, се што е различно од нас не плаши, ама и институцииве бре за што служат?!
     
    На blackwave и tessie им се допаѓа ова.