Значи самиот наслов кажува што мислите вие дали луѓето денес живеат со маски или без маски. Кои се причините за тоа и дали вие сте со маска или без маска.Сите луѓе сме имале моменти кога сме имале маска. дали ги оправдувате луѓето со маски? Спојлер Ако е дупла се извинувам преку пребарувачот го пребарав форумот и не најдов ништо во врска во оваа тема
Ако денес луѓето не живеат со маски значи никогаш не ни живееле.Ама фактот е дека живеат со маски и како што доаѓа времево нема да има никој сопстевно лице туку маска.
Sо маски , и многу е жално.... некогаш имам чувство дека се разочарувам од ден на ден се повеќе и повеќе... и си викам сама на себе..... мисли позитивно , не се сите исти.... мора да има некој кој е со чиста душа без маска , се надевам.... не смеам да престанам да се надевам дека еден ден ќе запознаам луѓе без маска..... ( во моментот .. ај да ен кажам во последно време се околу мене запознавам луѓе со маски )
strasni se denes lugetooo nikoj na nikoj nemoze da veruvaaa tolku mnogu seeee ljubomorni ako nekoj e pogore od negoo haos stanuva se polosooo
Да, 90 отсто се со маски. На моменти се забораваат луѓето и ќе се издадат со некој гест, со изразот на лицето. Има многу љубомора меѓу луѓето.
Со оглед на тоа дека ако се отворат и бидат свои, постојано се осудувани од околината, зошто не би носеле маски? Едноставно, такво ни е опкружувањети и за да бидеж дел од целото мора да бидеш како останатите. Инаку си отпадник, чудак, ненормален, девојката што носи шешири, момчето што носи накит, момчето што не слуша и слични осудувања. Веднаш се прикачува етикета. Порано мразев што има толку многу скриени личности во појавата на еден човек. Уште не го сакам тоа но сега разбирам зошто е така. Се додека опкружувањето осудува за секоја промена и нестандардност, ќе има маски. Нема зошто да не го прифаќаме тој факт!
Секако дека живеат со маски... Всушност, денеска нема човек без маска, бидејќи ако се покажат без маска, ќе се видат многу работи што не треба да се видат..
Носењето на маска не подразбира само криење на злобата и зависта под таа маска. Нема врска... Не секој сака да биде отворен и достапен 100% за луѓето а можеби има и причини за тоа. Некој се штити себеси, а на некој му е потребна таа маска од време на време за да му помогне или да се снајде во некои ситуации. Таков е светот денес. Ти да не носиш маска, сите други носат па да размислиме колку е паметно во вакво време единствено ти да бидеш отворен пред црл маскиран свет...
Реткост е некој да е без маска. И чудо е. Ама, што ако си искрен и без маска? Пак ќе те осудат за искреноста. Никаквата е... Затоа не расфрлај ги бисерите на свињите...
Жално е што сите си мислат дека живеат без маски и се залажуваат самите себе си .Сите живеме со маски на ваков или на онаков начин
Сите ние живееме со маски, сите ние во себе имаме повеќе личности... Една од тие личности ја покажуваме пред пријателите, друга пред родителите и трета кога сме сами со себе. Тука не станува збор за лицемерност, љубомора, злоба и слично, туку така функционираат работите, кога на сите би им се претставувале какви што навистина сме, не би имале никој покрај себе.
Умешност е ак препознајш дек некој живејт со маска...зш луѓево толку добро си ја залепиле на фацата со и сами не приметват дека ја носат..се извинувам на зборовите ама имам вакво искуство... ја знајте фразава : Би ти кажала све во лице,само не знам во кое! неам појке коментар
А зошто да се преокупираме дали сме нечија копија или сме оригинал,животот е премногу краток за такви прашања.Едноставно треба да веруваме во себе и во нашите способности , притоа без да летаме во облци.Секогаш гледајќи ја реалната страна на работите.
Како да направиме да бидеме оргинали,а не копија?[/quote] А зошто да се преокупираме дали сме нечија копија или сме оригинал,животот е премногу краток за такви прашања.Едноставно треба да веруваме во себе и во нашите способности , притоа без да летаме во облци.Секогаш гледајќи ја реалната страна на работите.[/quote] Те разбирам јас,ама сакам да ти кажам опкружени сме со такви луѓе,сите носат некоја маска,со цел да се претставам некои други,можеби се плашат да бидат тоа што се,за да ни ги исмејуваат нивните особини.