Не само денес, туку отсекогаш. Со. Порано имале една. За пред луѓе. Ја слекувале само кога биле сами. Кога сфатиле дека нема потреба да се ограничуваат, почнале да имаат повеќе и да си ги менуваат. Маска за на продавница, за на работа, за во училиште, за пред свекрвата, за пред сопругот... Поучени од секојдневните страдања, луѓето не се одделуваат од своите маски, зашто без нив тие се свои, голи, ранливи пред светот. А ретко кој презема ризик да верува некому и да се изложи некому под опасност да биде повторно повреден.
А зошто да се преокупираме дали сме нечија копија или сме оригинал,животот е премногу краток за такви прашања.Едноставно треба да веруваме во себе и во нашите способности , притоа без да летаме во облци.Секогаш гледајќи ја реалната страна на работите.[/quote] Те разбирам јас,ама сакам да ти кажам опкружени сме со такви луѓе,сите носат некоја маска,со цел да се претставам некои други,можеби се плашат да бидат тоа што се,за да ни ги исмејуваат нивните особини.[/quote] Затоа и пишав Витомир дека сите носиме маски на ваков или на онаков начин .Некои од страв а некои намерно .Не постои личност што тотално би се разголила психички ,без разлика дали ја сака и почитува одредена личност .Сите ние нашите длабоки чуства ги чуваме за себе.Затоа да не се залазуваме дека сме без маски ,затоа ако подобро размислиме сите тоа го правиме сакано или не сакано.
Дефинитивно како што било од секогаш луѓето живеат со маски и тоа не 1-2 ѓи имаат повеќе за секоја прилика и ситуација си имаат различна маска незнам зошто е толку тешко да бидеш она што си и без да употребуваш некоја од маските а ги има многу.
А зашо да се замараме со тоа? Мора да се признае дека маските се дел од нашиот живот/секојдневие и се дел од оној прифатлив код на однесување. Имаме маска на себе кога со насмевка и милозвучен глас ја замолуваме госпожата од продавницата/шалтер да не` услужи, а уствари ни` гори под нозе, ни` се брза и ни` иде да и` испцуеме се` по список ако не мрдне. Имаме маска на себе кога досадниот гостин решава да си иде, а ние му викаме „Е да останеше уште малку? *smileyface*“, сигурно не викаме „Е фала Богу више, ти текна!“ Има многу вакви примери. Суетата е дел од човековата природа и доколку сакаме да имаме полза од нешто, многу ретко ќе го ценат фактот што истото го бараме без маска на лицето.
Искрено мене ми е преку глава од маски и глумење нешто сто не сме,нели е поедноставно да бидеме тоа што сме,е сега не велам дека 100процетно треба све да кажеме што мислиме,но сепак треба со усул,мене ме нервира што има личности што нон стоп се со маска,и апла ги приметувам и многу ми смета,и ми иде да ги отерам у пм. Пс. Ова е мое мислење.
Да. Во денешно време има многу луѓе кои живеат со маски.За оправдување не кажувам ништо,бидејќи некои живеат со маски со некоја намера,а некои живеат бидејќи мораат.Јас никогаш не сум живеела со маска и никогаш не би живеела.Тоа е како ужасен товар на срце
Луѓето отсекогаш живееле со маски, не само денес. Тоа не е секогаш лошо, некогаш сакаш да се заштитиш од другите за да не те повредат. Некогаш е тоа чисто лицемерие. Но без маска никој не живее, таа ја тргаме само пред тие на кои најмногу им веруваме.
Колку би бил поубав светот без маски,просто би уживал во животот барем јас,бидејки сум противник да се живее со маски,колку и да звучи ова идеалистички.
Сите ние носиме маски кои во одредени ситуации ги вадиме потоа пак ги ставаме, во такво општество живееме. Што помалку ги користиме тоа подобро, нормално.
Понекогаш носиме маски за да се заштитиме но и да прикажиме подобра,поубава слика за нас самите,мислам дека во нашата сурова денешница луѓето не ни знат повеќе како да живеат без маски за жал
Одсекогаш имало луѓе што живеат со маски,значи имало и ќе има. Нормално дека повеќето живеат со маски,ретки се тие што немаат маски.Но понекогаш за да се заштитиме мора да ги носиме маските. Ама не сепак.Кога тогаш во животов доаѓа време кога ќе паднат,маските и ќе дознаеме кои се навистина тие. Никогаш не остануваат маските на некого засекогаш.
Според мене 90% од луѓето се со маска на себеси. за жал... Доколку имаат корист од некого ќесе дружат со него, а доколку немаат корист, ретко кој би продолжил со дружбата. Секоја чест на исклучоците, а се надевам дека ги има кој не потпаѓаат под влијание на оние (не)вредност кои го обземаат светов денес