Абе луѓе тоа е реалноста на денешницава.. луѓето се изопачија начисто ,почнува да владее онаа завид и љубомора,себичност и злоба. Невелам дека сите се такви ама повекете се и ретко да има некој исклучок. А мхм не бирекла бас дека се со маски туку со МАСКИШТА . Па тоа е веке претеризам од оној кој што најмалку се надеваш тој ке те зафркне (а тоа е затоа што погрешно си го проценил пошо ја познаваш неговата маска не личноста што е). А тоа се со цел да повреди некого божем па тој потоа ке биде срекен.
Сите скоро се со маски,сакаат само да извлечат нешто во своја корист и не им е гајле дали ќе те повредат или не.Ама не им се давајте! Само едно знам:Кругот се врти
со маски се сите луѓе ретко се тие искрени луѓе без маски сите во денешно време гледаат да те измамат за да имаат нешто во свој корист
Мислам дека се пола-пола. А оние што се без маски најчесто другите им замеруваат и се лутат бидејќи искреноста многу често боли. Па поубаво им е на луѓето да слушаат ласкања и гледаат маски, отколку да слушаат вистина која ги боли.
Живеат со маски, легнуваат и ја вадат маската носена дента, покрај креветот... Некогаш ги мрзи да ја менуваат, па цел ден се свои и најчесто тогаш вистинското лице доаѓа до израз. Во животов сум сретнала такви фасадирани и зацементирани лица, просто да не може човек да им продре ни во ум, ни во поглед. И ги разбирам, се штитат, ако тоа е единствениот начин да бидат стабилни. Секој носи маска. Дури и во пишана форма, целосното наше Јас, секогаш е накитено со некои дополнителни ептитети, често и лажни за да се добие впечаток на, нели театар. Па после крив ни е некој кога аплаузот не е доволно гласен. Најчесто е тоа кога не сум подготвена на некои средби или едноставно се чувам од енергетските цицалки, негативци или пренагласени луѓе. Да се биде скриен зад своите маски е многу природен процес на самоодбрана во светот во кој функционираат первертирани вредности. Нијанси се во прашање. Нијансирани маски од она што е наше Вистинско лице. Иако, мислам дека гооолем број од луѓето, немаат поим кое е нивното вистинско, од толку менување.
Секако дека сите живееме со маски. Што мислите дека ако се разголиме пред јавноста ќе ни кажат браво за искреноста? Сакале ние или не мораме сите ние да имаме маски кои ги носиме во јавност а богами голем дел од нас и дома, бидејки понекогаш се случува ниту дома да не ни го знаат вистинското лице, поради отугеноста и недоволното време да си го поветиме едни на други. Јас мислам дек секој оној што ќе рече дека нема маска лаже.
Луѓето одсекогаш биле и ќе бидат со маски не постои човек кој барем еднаш ја нема сокриено вистината, барем еднаш нема зборувано зад нечиј грб едноставно таков човек немало ниту пак некогаш ќе се роди