Скоро сите живеат со маски...и тоа различни маски за различни околини. Ама по одредено време, маските паѓаат, неможеш вечно да глумиш.
Сите имаат маски,некои вешто ги носат а на некои им вадат очи пред тебе сите се арни и фини а ако свртеш грб веднаш те оговараат се најлошо, криво им е ако си нешто поуспешен од нив,аама пред тебе нели наводно се срекни и насмеани..ете тоа ти се луѓето
Како и да е,маските кога тогаш ќе паднат.Вистината секогаш е некаде скриена меѓу нас,чекајќи е да ја пронајдеме
Но користејќи маски, луѓето ја губат својата личнист и се претвораат во бескорисни суштества...Тогаш веќе нема потреба од маски...
Со маски,дефинитивно. Па и јас,секако. Што да се прави... Додуша во последно време се повеќе им кажувам на сите што мислам в лице,ама не иде на арно.
исто како јас да се читам...секој ден се разочарувам...и мислам дека не постојат веќе луѓе...се е лицемерие...нажалост...и неможам да се помирам со тој факт...сите гледаат да си проживеат, на никој не му е гајле дали некој ќе навреди, повреди итн... ама очигледно треба да се прилагодиме на ова да го наречам проклето време...
На секој чекор луѓе со маски АМА тоа си е нивен проблем Имав можност да запознаам многу луѓе со лажни лица, некои од нив дури и успеаја да ме разочараат и повредат, но не дозволувам тоа да ме смени, односно да ме натера и јас да си ставам маска на лицето и да станам нешто што не сакам. Со времето учиш да бидеш директен и јасно и гласно да кажеш што мислиш без разлика на тоа што мислеле другите. Ако имам став за нешто или за некого гледам да го кажам баш онака како што го мислам, а за тој другиот со маската како ме сфатил искрено не ме засега. Во ситуацијата губи тој или таа што не може да биде она што реално е. Некои луѓе се кријат зад маската од злоба, други од страв, трети од недостаток на самодобоверба. Колку побрзо си расчистат со себе толку побрзо ќе може да излезат од светот на завист, љубомора и други слични состојби. Затоа не се разочарувајте, бидете си свои, тие што знаат да го ценат тоа ќе си дојдат, а тие што сакаат само да ве изманипулираат со другото лице кога тогаш ќе си останат без него бидејќи ништо не е вечно
Луѓето со маски ги има се повеќе и повеќе а искрените и добри луѓе стануваат се поретки во денешно време за жал ..
Индивидуална работа, без разлика дали било денес или утре. Времето во кое живееме нема врска со нашиот карактер, колку сакале нека се вадат луѓето на тоа. Секогаш можеш да бидеш подобар од другите ако сакаш, па макар и да си еден во милион. Околината не е изговор.
Секој гледа да ти наштети, искористи...само незнам што фајде од тоа. Мислам дека времето си е исто, луѓето и нивната завист се тие што се менуваат.
Со маски секако, во денешно време никој неможе без маска. Никој не е ЧОВЕК да го покаже вистинското лице!
Има луѓе што живеат со маски, а има и без маски.Најжалосно е тоа што процентот на луѓе без маски денес е многу мал, а лицемерието преголемо.Незнам како ќе биде во иднина, вака ако се продолжи никаде не се стигнува.