Јас лично не носам маска искрена и своја до максимум ама среќавам многу луѓе на кои маските им се смрделе од носење.
Скоро сите во денешно време се со маски и маската им трае додека имаат корист од тебе, после си го покажуваат вистинското лице.
Сеуште не сум сретнала човек кој нема маска Сите луѓе во денешно време живеат така..ти се прави добар ваков тако,а од друга страна секако збора за тебе..но што да се прави..еден ден ќе сфатат дека е погрешно ама касно ќе им биде
Јас се трудам да бидам своја,не ги оправдувам оние кои се дволични,еднаш вака велат,еднаш онака...Биди си таков каков што си,нема потреба од преправање и маски.
Па живеат со маски до некаде за некоја ситуација оправдано пазете да не ме сватите погрешно САМО ЗА НЕКОЈА СИТУАЦИЈА кога ќе е многу потребно, а иначе кога не треба кажете ја вистината.
Сите носат маски. Зарем секогаш се претставувате во вистинско светло? Сигурно не. Кога се запознавате со нови луѓе нормално пофини ќе бидете отколку што сте. Кога одите на интервју за работа исто. Затоа не велете дека не носите маски. Сите носат.
Сите носиме маски поради одредени потреби и цели. Секако дека нема да го покажувам моето вистинско лице пред оние кои не сакам да го знаат, имам посебни делови од животот, посебни тајни кои се дел од мене и кои не сакам да бидат откриени. Најчесто сум искрена со луѓето, особено кога се работи за нив и проблемите помеѓу нас, но кога се работи за моите лични работи си ја чувам маската на мене, така ми е подобро, бидејќи не сакам да се објаснувам на оние кои секако нема ни да се потрудат да ме разберат.
Obicno sum otvorena so site,no koga znam deka nekoja licnost ima mozebi i 3maski istovremeno,sekako i jas ke se pravam ko nea,neka misli deka sum naivna ili nez sto
Денес сите живеат со маски. Прикажуваат идила на Фејсбук и Инстаграм, а животот им е во рушевини (карикирам). Не е се така како што сјае на социјалните мрежи, ако ги земам нив како едно мерило. И во реалниот живот сме со маска зависно од ситуација и личноста со која се дружиме. Само мал дел, а можеби и само ние си го знаеме нашето вистинско лице. Еве еден најобичен пример: сите се жалиме немало искреност меѓу луѓето и сите биле лицемерни, а кога некој ќе ви ја спука вистината во фаца тогаш се лутите како мали деца. Не можеш со никого да бидеш 100% реален и искрен. Маска мора, маска е неопходна.
Има моменти кога премногу ни е потребна таа маска, кога ја ставаме да се заштитиме, да одбегнеме многу прашања, караници. Јас мојата секој ден ја носам. Признавам, потребна ми е, се смеам и се правам среќна, а нешто ме мачи и тишти. Научив дека на тој начин се заштитувам од несакани прашања, од непријатни разговори и личности. Воопшто нема потреба секој да знае како се чувствувам.
Зависи маска во која смисла, не значи дека некоја личност е лицемерна ако едноставно не сака да ги искаже своите емоции, можеби има причина за тоа. А маска во смисла на дволични луѓе, не оправдувам.