Дали луѓето се намерно инфицирани со вируси?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Bitter-Sweet, 24 јули 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Нешто многу инспирација добив во последно време па само отворам некоја тема. :lol:

    Се мислев да ја ставам во категорија Здравствени проблеми но не бев сигурна, тоа може модератор да среди ако треба.

    Се сеќавате ли на свинскиот и птичјиот грип кои се појавија одеднаш? Уште тогаш слушав некои муабети дека тие болести биле намерно создадени и распространети за да има ќар фармацевтската индустрија.

    Освен тоа, има и други сомнежи. Еве еден извадок од статија од Нет.

    Дури половина од Американците веруваат во некоја од популарните теории на завери, почнувајќи од тоа дека голем дел од африканската популација намерно е заразена со ХИВ, па се до тврдењата дека вакцините предизвикуваат аутизам кај децата.
    Според најновите истражувања, дури половина од Американците веруваат во некои од фармацевските теории на завери. Најпопуларна е онаа во која веруваат 37% од испитаницте, која тврди дека државата намерно спречува да се лекуваат со природни лекови.
    Водачот на ваквата теорија е Џеј Ерик Оливер, од Универзитетот во Чикаго, кој вели дека луѓето полесно веруваат во теоријата на завери, отколку во компликуваните медицински истражувања. Се работи за епидемиологија и теорија кој веројатно е теза која наведува на приказната која гласи:
    „Ако ова го внесеш во својот организам ќе се чувствуваш лошо“, вели Оливер.
    Во истражувањето учествувале 1351 возрасен Американец на кои им е понудено шест медицински теории и им е побарано да кажат дали некогаш слушнале за нив и дали веруваат во нив. Дел од испитаниците веруваат дека агенцијата за шпионажа намерно ја заразила дел од африканската популација со вирусот ХИВ, а државата исто така знае дека мобилните телефони предизвикуваат рак, но не прави ништо во врска со тоа, како и дека обичните вакцини предизвикуваат аутизам кај децата.
    Половина од испитаниците веруваат во барем една од наведените теории. Петина веруваат во врската меѓу аутизмот и вакцината. Така што истражувањето е воспоставено за да луѓето често се свртат на алтернативната медицина. „Наместо таквите пациенти да се сметаат за луди, лекарите треба да бидат свесни за нивните ставови и фактот што истите веројатно нема да се придржуваат до препишаната терапија“, заклучува Оливер.

    Имам слушано и мајки кои велат дека се сомневаат дека вакцините што нивните деца треба да ги примат, навистина ги штитат од болести, напротив.

    Има смисла сето ова. Ваше мислење?
     
    На LegallyBlonde13 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Има нешто дефинитивно, но не би знаела да кажам што точно.
     
  3. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    има вистина за сидата
    се збори и за ракот дека е најден лек ама само мал дел од популацијата го има
     
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Зa рaкoт имa веќе пoдoлгo време, сaмo штo вo пoвеќетo држaви е нелегaлен. Мoже дa се нaпрaви и дoмa инaче.
     
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Како дома?
     
  6. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    На fallenangel и makedonkamak им се допаѓа ова.
  7. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Не верувам во теории на заговор.Ден Браун во Инферно пишуваше за тоа.

    Верувам во факти и во медицина базирана на докази.Не верувам ниту во тврдењата дека вакцините предизвикуваат аутизам.

    Новите вируси на модерното време се резултат од брзиот начин на живот,од мутациите,од искористувањето на природните ресурси на нашата планета,од загадувањето и нормално е да има промени во нивната структура.
    Ракот како болест е откриен во поново време,а луѓето и претходно умирале,но не се знаело од што точно,односно не се знаело што се случува телото.

    Кој е тој лек што може да се чува и направи дома?Маслото од канабис ли?Не е лек.Тоа само има седирачки ефект,делува како хипнотик,аналгетик и може да го подобри квалитетот на живот.Освен цитостатици,друга терапија нема,не постои магично стапче кое може да направи карциномот да исчезне.


    Во лабараторија возможно е да се создаде вирус,но се е тоа заради научни истражувања,едноставно не можам да поверувам дека би се користеле за нечии поинакви цели,иако фармацевтската индустрија е најдоходовна гранка во светот и има огромен профит.
     
    На Tan4ence и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    а замислете само дека можда и не постојат ракот и сличните болести, доктори им кажале дека имаат канцер и они после на психичка база се разболеле. Го снемогнале телото до тој степен да немаат волја за ништо мислејќи дека прашање на време е кога ќе умрат. А тие што имале волја за живот се излечиле. Има случаеви и такви.
    Све е можно што знам.
    Паметот е деликатна ствар.
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  9. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Јас неодамна читав една студија која наводно беше научна и беше утврдено дека ракот се лечи со антибиотици, тоа бил лекот. Сето друго било само силна пропаганда и машинерија за пари.
    Колку е точно, не знам.
    Во овој век со толку развиени технолигии и средства повеќе од чудно е како медицината не пронашла и соодветен лек за тие ,,неизлечливи болести".
     
  10. PeperutkiVoMene

    PeperutkiVoMene Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2015
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Да јас верувам. Планетата е пренаселена и замислете ако ни ги дадат лековите за сите болести колку ќе не има..
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    172.685
    Пол:
    Женски
    Мора да има вируси за фармацевтската индустрија да си создава скапи лекови :)
    Верувам во тоа дека некои од нив се намерно ослободени, сепак збориме за милијарди долари профит.. не ги интересираат луѓето :)
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.358
    Пол:
    Женски
    Верувам дека го прават тоа.Многу болести се јавуваат како од ведро небо.
    Па ајде после се бара лек,вакцина итн.
    Сето ова го прави фармацевтската индустрија за поголема заработка.
    И секако да се намали популацијата нели земјината топка е пренаселена.
    Намерно создаваат вируси,имав читано статија за ова.
     
  13. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Не може ракот да се лечи со антибиотици, затоа што антибиотикот намалува имунитет, а луѓето болни од рак се веќе имунодефициентни, па уште тоа им фали
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Вистина е дека некои вируси се создадени во лабораторија. Но ако веќе целта им била да го збришат населението од Земјата, не е ли чудно што дел од вирусите се толку специфични?

    Да почнеме од неизлечливите.
    ХИВ се пренесува преку крв, сексуален однос, и од мајка на дете. Исиот предизвикува СИДА, за која нема лек.
    И вирусот на беснило. Се пренесува преку плунка. Има вакцина која делува само во првите 48 саати, после веќе му нема спас на заразениот. Особено е лоша сликата на пациентите во последните фази од болеста.
    Зошто овие вируси не ги направиле да бидат лесно преносливи, по воздушен пат, ако веќе целта е само пари? Исто така и со можност од превенција
    Во тој случај луѓето масовно би се вакцинирале против нив. Зборувам за вакцина за превенција, не како лек за веќе настаната болест, што е веќе случај со беснилото.

    Освен тоа, не сите болести се предизвикани од вируси. Порано многу умирале од туберкулоза, колера, лепра, што се бактериски болести, ама против истите веќе има лек.
    Да ја спомнам и маларијата која постои од времето на Александар и истата не е ниту бактериска, ниту вирусна туку предизвикувачот е од групата на протозоите. Не бил создаден лаборариски, ама болеста одзела најмногу човечки животи во историјата, повеќе од која било друга болест, па и ден денес умираат милиони од неа.

    Така да би рекла дека сите тие теории околу болестите, вакцините и вирусите делумно се точни. Дел од тие патогени организми, па и можеби некои вируси, останале со текот на еволуцијата, а останале и генетските помали мутации кои индиректно се причина за многу болести.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Ни теоретичарите на заговори не можат да се одлучат - дали намерно не’ инфицираат со вируси за да ни продаваат лекови и да печалат пари или не’ инфицираат за да се намали човечката популација? :D

    Битно, некој свеЦки заговор мора да постои, пошто вирусите кои постојат откако постојат и клеточните организми не можат да се шират, еволуираат и пропагираат низ живиот свет сами од себе.

    Шпанскиот грип, на пример, во текот на две години (1918-1920) заразил 500 милиони низ целиот свет, а од него починале помеѓу 50 и 100 милиони луѓе. И сето ова, замислете, пред добата на глобални фармаколошки корпорации, светски влади и моќници и други омилени „виновници“ на теориите на заговор.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Имаше порано некој муабет дека ХИВ вирусот е пуштен во западниот свет од ултраконзервативно лоби за да се намали промискуитетот.
     
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Никој не може за тоа со сигурност да тврди.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Да, верувам дека и тоа се случува. Сум го гледала како тема во неколку филмови, без разлика дали се работело за луд научник или за заговор на повисоко ниво, и знам дека филмот не е реален живот, меѓутоа ако може на некои режисери да им падне на памет, зошто не и на луѓе кои ја имаат можноста во раце секојдневно. Тоа не е научна фантастика, не е нешто невозможно.