Форумџика на годината 2020

Дали мажите се плашат од амбициозни жени?

Дискусија во 'Сингл' започната од Gea, 14 јуни 2011.

  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Во последно време, се почесто среќавам девојки, кои се добро ситуирани, имаат убави работни места, звања или позиции, со голема плата, фино изгледаат, средени, но без партнер, а имаат +30.
    Некои од нив можеби не сакаат обврски, но што е со останатите?
    Што мислите, дали мажите се плашат од амбициозните жени?
     
    На SaraTrajkovska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Па незнам мислам дека не е секогаш исто.
    Има и доста добро ситуирани мажи, кои бараат такви жени...не се плашат...додека некои пак дакаат тие да бидат на највисоката позиција и не сакаат нивната жена да заработува еднакво или пак повеќе од нив.
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.320
    Мислам не е се до мажите.
    Жените, особено овие што се опишани, што добро заработуваат, средени и слично и те како знаат да ги одбиваат мажите околу себе, дека нели они се нај, не им е никој ни до колена, па најчесто остануваат сами или фаќаат некој последен воз, превод-некој никаков.Ретко која знае да остане цврсто на земја.

    Но, сепак, мажите се од мали учени дека тие се посилен пол, дека тие треба да ја оддржуваат фамилијата, дека треба да им помагаат на жените.И кога ќе сретнат жена што изиграва супермен-она сама си го носи куферот и никој друг, она сама си поправа се по дома и не дозволува на друг, она е нонстоп по состаноци и нема време да направи две минути муабет, мажот се осеќа бескорисно и нормално е дека постепено ќе се трга на страна.И никако да не ги заборавам оние што и на првата караница, иако се и те како криви, не креваат слушалка да се извинат, барем индиректно.Не, не, ќе падне круната.

    Се на се, жената е таа што секогаш може да ги сврти работите како што сака, па така и тука...нека биде она и успешна и почитувана и зафатена и средена, ама мора да му дозволиш на мажот да биде маж :!:
     
    На SNAODLIV, Strumfeta93 и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  4. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    37.082
    Жената со карактер ги плаши слабите мажи,а ги полудува силните...! :)
     
    На Elvis-Presley, GirlLove, sleepingbeauty и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    24.980
    Мажите се плашат од пајаци :fubar:
     
    На IvanaJenner, glosipgirl, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    37.123
    Се изнасмеав на постов над мене. Има и таков филмски момент, со Вуди Ален кога и вели на една девојка, уплашена од пајак - Не се грижи! Тепам пајаци од својата 30та година! :rofl:

    Дали се плашат? Свесните мажи тоа го доживуваат како супер квалитет, останатите - бегаат, зошто тоа би значело кршење на алфа мачоизмот. Има и нијанси тука, но во суштина, редок примерок е оној тип на маж кој амбицијата на жената ја третира како среќна околност.
     
    На GirlLove, glosipgirl и XMaN им се допаѓа ова.
  7. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    361
    Има една работа која економистите ја нарекуваат „Pricing yourself out of the market“, што би значело дека си толку „скапа роба“ да не може да се најде купувач. Ова со робата звучеше грубо, знам... :tmi: Работата е што малку мажи има што се и убави и успешни и хетеро и слободни....Останатите сметаат дека не ги имаат потребните квалитети за да бидат со таква девојка која е убава и успешна
    Е сега, во конкретниов случај купувачите (мажите) се плашат дури и да прашаат за цена (да пријдат) камо ли пак да почнат да се ценкаат (удвараат). Никако не им иде у глава дека „за проба пари не се земаат“.
    Проблемот е што најчесто приоѓаат несериозни купувачи :) ...ама тоа девојки не треба да ве изнервира...
    Long story short - „Свака роба има свога купца“
     
    На glosipgirl, zanana, srcekrsacka и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Не се плашат, тука на македонските мажи просто не им одговара.
    Во генот балкански е да си има поставено на масата ручек, да си е се' испрано, стокмено, суредено по дома...
    Сакаат жената да има време за нив, сакаат да се сексаат, а притоа да не е уморна, или да одговара вечно на повици на мобилен...

    Не се плашат бре, едноставно не сакаат супер-менка, која ќе зема готови јадења од Дивино и Мекдоналдс, а нема да сака, ниту ќе знае да му направи сарма или мусака, и нема да сакаат некоја која не се замара дали кошулата му е испеглана, која сама ќе поправа шпорет и ќе менува сијалици, и нема да сакаат туѓа жена да им го чува детето додека оваа брка кариера и нема да сакаат некоја која чмае пред компјутер со саати, вечно зборува на телефон, постојано е во гужва, на состаноци, конференции и патувања во странство.

    И кога конечно ќе дојде време за секс, оваа ќе му рече - извини душо, нема вечерва мазење, затоа носам 500 евра повеќе од тебе дома!
    И ќе му сврти гз.

    Не се плашат, македончето не ти сака таков тип на жена.

    А мене искрено таквите жени ми се малку за чудење :^) , ама нареден пат поопширно за таквите кои сметаат дека не им треба машки примерок во животов кој е ЕДЕН и нема друга шанса за поправен.
     
    На Strumfeta93 и marama им се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.360
    Не верувам дека е тоа балкански маж, за таква ти како што опиша има да направам огромна кривина околу неа а и не верувам дека ќе се најде маж што ќе сака таква.

    Жената треба да биде жена без разлика дали тера бизнис или не.

    Ова на кратко инаку може многу да се оди надолго и нашироко по темава.
     
    На Vittoria му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    Околу која ќе заокружиш кривина?
    Околу опишаната амбициозна жена?
    Или околу повеќе домаќински настроената?

    И сигурно нема разлика помеѓу балкански маж или еве пример тој од Америка или Германија?
     
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    765
    Самоуверениот маж сака и почитува силни жени. Обично тие што се исплашени се момците кои имаат проблеми со себеси и посакуваат да се силни и сигурни, но не се. Ваљда имаат некој одбранбен механизам да бидат негативни спрема такви позитивни карактеристики на жените.
    Вие жени бидете си интелигентни и силни! :) :*
     
    На Outlook му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    Трендафилке, ама чекај, сигурна си дека ова е суперменка? :) Ако некоја не знае (се тоа што наброи) за мене не е суперменка. Тоа е само жена која кутрата живее за да работи, односно има приватен живот = 0. А таквите тешко и да сакаат некаков маж покрај себе искрено.
    Познавам такви, и самите си признаваат дека им е поубаво сами. Таков им е стандардот, таков си го направиле што не ни сакаат, ниту имаат сили на 40 и кусур години, сеуште сингл, да почнуваат врски во кои толеранцијата и приспособувањето мора да заземат големо место за успех на истата.

    Ама има амбициозни жени кои го можат сето тоа, и еден куп такви познавам. Работат, успешни, знаат и да готват и да испеглаат, имаат сили и време за се едноставно, и - потешко си наоѓаат партнер. Затоа што реално - не секој може да се справи со ваква женска.
    Сега звучам ко да е врската битка, ама ме разбирате де што сакам да кажам :)

    Него, дали се плашат? Како кој. Зависи од карактерот, на некој таквите женски му импонираат за некој се побивање на неговото сопствено его или што јас знам што, можеби она мачоидното ЈАС. Во глобала би го рекла истото она што го пиша и Зоки.
    А судејќи према она што ми го кажа едно чиче во такси - заработуваш? Да. И живееш сама? Да. Епа, чекај да се помислам малку....аууу па иам јас еден внук невработен, да ти го местам а? Шо убаво ќе му биде со таква женска ко тебе, за све ќе се погрижиш. Е шо ме гледаш така? Сега тоа е у мода девојче!
    :o А? Молам?
    Ќе да се менуваат трендовите :D

    п.с. Почнав со Трендафилка а завршив со трендови. Сосема случајно, постов ми е ептен тренди :D
     
    На glosipgirl, Gea, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    почнувам да мислам дека стварно е таков трендот (барем у Скопјево).Последниов период Чарлс Дарвин не ми е рамен, само набљудувам :D и после неколку обработени case studies на оваа тема, можам да заклучам дека у Ск се повеќе се иде на тоа девојката да е убава, паметна, магистрирана или докторирана, финансиски независна, со решено станбено прашање, а дечкото...доволно е само да е нормален :D
     
    На glosipgirl, lolyta777, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.517
    ^ Пред истребување се изгледа, на една моја другарка баба и' и вика - абе само најди го, не е битно каков е, ние ќе си го чуваме!
    :D

    Ко мислиш галениче е, а не маж.
     
    На glosipgirl, Strumfeta93, Theodora и 9 други им се допаѓа ова.
  15. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.360
    Таа што ја опиша на која кариерата и е на прво место а се друго од второстепено значење па уште и секс ако не сака стварно не знам што ќе и е маж, нека си земе вибратор. Ништо привлечно не најдов во твојот опис за таква жена.

    Обратно пак знам неколку успешни деловни жени (над 30) кои и те како ги бива и за по дома и бараат дечко ама немаат никакви шанси да најдат затоа што квалитетни слободни мажи над 40 се малку а и тие преферираат помлада девојка.

    Тајмингот е битен за се и знам повеќе жени кои ради кариера жртвуваа приватен живот и сега се чудат што да прават со сите тие пари кои немаат со кого да ги трошат.

    Пс. Ме пресмејавте со коментарите погоре :D.
     
    На Vittoria и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    :rofl: девојки бе!
    Баш така, галениче. И сега следи визуелизирање, си го земаш, си го носиш дома, го седнуваш на маса - ајде мило, јади. Го раниш, па и лигавче му ставаш под брада да не се испрља, па си го бањкаш и му велиш - ајде сега напрај ми бебе, ајде и по еден оргазам ако може.
    Е така - лепи на Пирамида! Муууа! :*

    Го тапшаш и го праќаш да испие пијачка со другарите. За поише пари не му даваш! :D

    Ви викам, се менува трендот. Сега веќе не се плашат толку од амбициозни жени. Уствари прашање дали некогаш се плашеле, само не им биле омилени баш на грото од мажите.
     
    На Nigredo Odor, sesilija, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    хаха ќе се вивнам од смеење :D
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.004
    Допаѓања:
    24.980


    А што се случува кога е немирно?
     
    На najnajsexy56, sesilija и zoki-poki им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    18.376
    Пол:
    Женски
    Нема врска положбата, туку нивниот однос кон тоа (освен ако мажот не пати од тешки комплекси и е со искривена перцепција)...доколку од тој да речеме имиџ шо го фураат, не забораваат да покажат дека и тие се човечки суштества, со емоции, дека ако на деловен план „јадат луѓе“ шо се вика за да постигнат нешто, нема да бидат такви и дома, тогаш мислам дека мажот нема потреба да се чувствува загрозен. Доколку мажот успее да ја види и нежната, не толку строга кон себе и кон другите, страна на ваков тип на жена, нема зошто да се чувствува загрозен. Важно е тој дух што го имаат на работа да не го носат и дома.
     
    На najnajsexy56 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.777
    ^^ Јипман, кога е немирно, јас како амбициозна и самоуверена жена, нали, му скратувам од дневницата за пиво. Кога игра омилениот тим го заклучувам во соба без телевизор и без мобилен.
    Уствари зависи заради што е немирен.

    Другите идеи за казнување кои ми текнуваат не се за тука и се за по 22.00 часот :rofl:

    Врти сучи, што и да му мислам, освен пивово и утакмицата, пак он ќе профитира и ќе му биде добро.
    Ах Боже колку ви е убаво на вас мажите, не сте ни свесни :D
     
    На najnajsexy56, Nigredo Odor, sesilija и 7 други им се допаѓа ова.