Дали сфаќаш дека ваквите генерализации се исти како оние ‘сите жени се спонзоруши’? Феминизам и борба за еднаквост е едно, навредување на другиот пол е друго. Сакаш почитување, а не почитуваш. На темата: Не, не се плашат мажите од амбициозни жени, амбициозните жени сакаат амбициозни мажи и нормално, бараат нешто на нивно ниво. Секое тенџерче си бара соодветно капаче, не знам за какво плашење станува збор.
Тогаш немој да се лутиш ако и тие не те почитуваат, те нарекуваат ‘ороспија’ и сл. За твое инфо, феминизмот се бори за еднаков третман на мажите и жените, којшто ти очигледно го немаш.
Знам за што се бори феминизмот. Се додека мажите не' третираат како говна, така и јас ќе ги третирам. *Чест на исклучоци.
Се плашат. Имав дечко на 18 год кога полагав за кола. Пробуваше да ме предомисли, он возел што ќе сум се мачела јас. Ќе сум имала факултет наскоро, да сум оставела возачка за понатаму итн. После кога тргнав на факултет, да сум се вратела порано, да сум го земела вонредно.
Има и такви кои не се плашат туку напротив сакаат амбициозна жена. Но, 70% мислам дека се плашат бидејќи со самото тоа што една жена е амбициозна тоа би значело дека таа веќе има планови, посветена е на себе, и знае што сака. Мажите сметаат дека ваквите жени би биле доминантни во врските и дека таквата жена ќе го контролира него. Поголем дел од мажите не сакаат кога немаат контрола врз работите..на пример секогаш кога ќе ја викни таа да прифати да излезат, секогаш да му биде достапна, да може емотивно да ја манипулира..ете затоа не сакаат амбициозни.
Не е срамота да се биде амбициозен човек, туку напротив така ти ќе биде уште поисполнителен и многу побрзо ќе ги решаваш пречките и проблемите. Најдобро е во животот да не му пречиш на никого на тоа што замислил дека сака да го направи, да го подржуваш во секоја негова правилна одлука и да жу дадеш мачку слобода во градењето на неговата кариера. Мислам дека нашето општество е многу заостанато, а има и многу други каде што мажите мислат дека ако тие се успешни, жените не треба и дека тие ќе ги гледаат како кралици, а тие треба само по нивното да тераат. Ова е многу негативно и му влијае на психичкото здравје на жените и им ја руши нивната самодоверба. Кога мажот има амбиција за нешто, тогаш и жената амбиција кон нешто. Доминантен секако треба да е мажот, но да биде вистински маж со вистински човечки вредности и со вистински машки став. Се плашат дека некој ќе му ја укради жената ако таа оди на работа, дека нема повеќе да го сака, дека ќе му избега за друг и т.н. Има жени и мажи кои што се земале за друг, ама тие се многу прости и без никакво размислување за нивните постапки, заради кои страдаат нивните деца. Апел до сите на форумов кои се сингл, размислете добро пред да се земете со некого, бидејќи после заради вашето избрзано мислење да не страдате од депресија и да ви биде загорчен животот. -----од еден ученик ----
Токму така. Дури можеби и ваквото однесување, не им е доволно “женствено“ зашто дефиницијата за жена , според нив, е таа што ти ја напиша толку убаво.
Јас познавам многу амбициозни девојки, така што тие на прва ги „читаат“ мажите. Кај нив тешко ќе помине лажење, манипулирање, фалење, или не дај боже некој насилник или материјалист да им се закачи. Не дека не може да згрешат, ама помалку грешат. Созреани и оформени личности знаат дека луѓето не се менуваат така лесно. Не се наивни.
Знаеш колку успешни/амбициозни жени се манипилирани , живеат си насилници и се финансиски злоупотребувани? Не ти држи вода муабетов.
Така е, познавам една многу успешна и амбициозна жена што опасно ја вози фраерот и ја цеди финансиски за свои лични потреби ван домаќинството. А имам два обратни примери кај што жените ги манипулираат мажите до бесвест. Што според мене значи дека не секоја успешна и остварена личност е и street smart. Така да вие кои приметувате или сумљате нешто такво да ви прават дома, на работа или вашите лични пријатели обратете се кај психотерапевт. Малце да ви ги разглоби работите и да ви даде појасна слика кој е у право а кој не и што точно ви прават луѓето околу вас. Отидов доста оф топик и се извинувам однапред. Btw погоре напишав дека ги обожавам успешните жени. Тоа е бидејќи се трудат и се упорни во животот и со таква особа секогаш имам добар и позитивен разговор.
Да, ама ако знам една успешна жена која е манипулирана, знам 100 неуспешни кои се манипулирани. Ама па впрочем успех е да не те манипулираат во животот. Ако некој финансиски те цеди, нема да бидеш успешна жена, туку за брзо време ќе бидеш пропадната жена. Ако си живее една жена во лаги, таа не е успешна жена, туку е наивна жена. Ако е тепана, таа не е веќе успешна, туку е уништена жена. Под успешна подразбирам да зрачи, да сјаае од што и е среден животот, а не искористена и фрлена на буниште.