Амбициозна со неамбициозен никогаш нема да завршат заедно. Таа врска ќе крае кратко и на време ќе сфатат дека не се еден за друг.
Или кога е несигурна па сака таа да биде “премијата“ во врската. Често и мислат дека заради тоа дечко им нема да гледа по други женски и ќе ја цени повеќе. Не се сложувам дека е тоа добра причина ама знам дека некои така размислуваат.
Не се плашам ама досадни ми се ако немаат амбиција некоја во животот и лежат така ко ендек по дома, искрено. Амбициозна жена е попривлечна.
нема врска дали се амбициозни или не, се плашат оние кои не се сигурни во себе, односно стравот е дека амбициозната жена ке изгуби интерес во неамбициозен маж. Факт е дека амбициозна жена губи интерес по некое време со неамбициозен маж или барем во 90% од случаите.
Може и да е успешна ама е успешна само поради некој тоа така го наредил за неа (родител и рекол адвокатка ќе си како мене или докторка) и го работи тоа ради реда не е мутава да го сфати па и успешна е, ама без желба го работи тоа. Колку да не биде без работа. Многу погрешно се разбира таа амбициозност со оглед на тоа што е модерен превземан збор. На нашки е многу по друго и поимот и дефиницијата.
"Што е успех" е многу субјективна работа. Старк збори за амбиција. Богат/а не значи автоматски амбициозност.
Not really. Повеќе се плашат од жени на кои финансиски не може да се потпрат. Трендот на машки спонзоруши е во пораст.
Прашањево претпоставува дека „успешна“ и исто што е „амбициозна?“, како да нема жени/девојки што може да се (сѐ уште) „неуспешни“ и да се „поамбициозни“ од „успешните“? И што е „успешна“ и што е „амбициозна“ всушност? Има илјада фактори зошто „некоја“ „убава“, „вработена“ “, успешна“ на “30+“ би била “сама“ , а не зошто мажите (кои се тие?) се плашат од „амбициозните“ или дека зависи само од „нив“... Претпоставувам секоја „ваква“ жена/девојка има свои причини и историја. Повеќе би сакал да ја прочитам личната ситуација и искуството на таа што го поставила прашањето и ја поставува оваа релација. Тоа би било многу, многу поинтересно и поконкретно. Тек тоа е почеток на разговорот, Вака, е само тенденциозна и произволна релација од неколку „видливи“ примери и претпоставки за нивниот живот...
Pozadi uspesen maz sekogas stoi uspesna zena I obratno. Ambicija bez realizacija!? - sto e toa? Akcija treba, da se vidi na delo. Dali se plasat mazite od ambiciozna zena? Ambiciozen I uspesen: ne gledam zosto bi se plasel ovaj tip od ambiciozna zena, mislam, sto bi pravel so druga, ako ne sproti nego. Neambiciozen I neuspesen: I ovaj nema sto da se plasi, toj ne razbira sto e toa, toj ke si bide sekogas "sigma" (vo vrskata). A dali ambiciozna moze da se nosi so nekoj takov? Neka odgovori ponezniot pol
Што прави на работа и што работи тоа е нејзина ствар. Се додека не станува нервозна поради работата и има време нешто за мене е ок. Доста сум независен.
Мажите не се плашат од амбициозни жени, мажите се плашат од нешто што може да ги нападне или убие, се плашат од нешто што може да им го загрози животот, а ако е паметен маж, ќе избегнува амбициозна жена.
Ве читам и не ми е јасно како некои од вас немаат реална претстава за Светот околу. Зарем немате интеракција со машки пол? Не ви кажале кои се нивните критериуми околу дејтингот, односно каков таргет на жени конкретно бараат? Господе Боже, во таква депривација живееме што до тој степен сме отуѓени да не знаеме како вистински функционира денешниот relationship крвоток. Еве јас слободно ќе си дадам за право да кажам дека веќе не познавам маж на кого изгледот на девојката му е пресуден за врска. Напротив, бараат фул пакет. Да е убава, средена и плус ситуирана во однос на кариера и пари. Тој самиот може е клошар без два грама интелект, ни лепота, но батето го интересира жена со сите можни атрибути и квалитети за да може да си го олесни животот. Или пак друга крајност, одлично поткован но, и покрај тоа бара слична на себе или подобра за да не мора да се труди. Што љубов? Љубовта е отидена у курац одамна и многу погрешно мислење се има дека само жените бараат спонзори. Мажите бараат на уште полукав начин, и тоа од сите народности и возрасти веќе.