Никогаш не зборувам "мажите" "жените". Може да кажам јас што мислам. Тоа првото не е во ред според мене.
Точно, и мажите се спонзоруши се повеќе. Неодамна братучетка раскина со тип, 36+ пошто конечно увиде дека типот е со нејзе само зошто има стан, заработува повеќе од него, има кола (тој не) па и ја џапнува колата кога ќе му текне, на нејзин трошок и нејзин бензин. И да, големи се шансите дека на дејт ќе ги ококорат очите и ќе зинат ако им кажеш дека си со добра плата и дека имаш стан на твое име особено ако тие сеуште живеат со мамичка. А на вистински маж нема да му е гајле за твојата финансиска ситуација и би те сакал и ако немаш скршен денар и ќе ти помогне да се пронајдеш себе си.
Да, точно така. Овде веќе не зборуваме за љубов туку за користољубие. Мака ми е бидејќи секојдневно слушам и читам на темава колку од жените се жалат. Не сфаќам колку треба да си неостварен од жена да бараш да те кредитира за да се искупиш да не и подариш внимание и подарок, а притоа имаш пари, значи страшно. Не знам кога се случи ова само.. Еве според тебе, која година од прилика беше точка на пресврт? Пред 2017 или после?
И што е најнормално и толку едноставно, во согласност со сите закони на природата. Сѐ друго е погледнато низ материјалната призма, која создава спонзоруши, без разлика дали машки или женски.
Не знам богами од секогаш имало вакви случаеви, и мала кога бев памтам мајка ми раскажуваше за некој случај кај што дечково одел со нејзе само зошто татко и на девојката бил на некоја висока функција па искористил за да се бутне и он на некоја висока позиција. Ама по ретки биле случаевиве во секој случај затоа и се раскажувало толку многу за тој еден случај. Денес некако нормална појава е да се чујат вакви случаеви, ваљда вредностите се скрос изместени и сѐ е тргнато на корист за све машко и женско... Јас лично се соочив со реалноста последниве 2-3 години, ваљда зошто претходно ми беше рано и не бев во фаза на запознавање на луѓе, мажи и потенцијални сопрузи
Воопшто не, туку што поамбициозна и поедуцирана ми е wife material. Најголем red flag ми е неедуцирана жена.
Степенот на образование и карактерот се две различни работи. Не мора да значи дека некоја со Phd ќе биде подобра сопруга или мајка од некоја со средно да речеме. Според мене според мене подобро е да бидеш со некој на иста фрекфенција, да имаш исти или слични гледишта на светот и тоа што сакаш во животот. #партнеринкрајм
Се надевам под едуцирана не мислиш да има папир. Зошто денеска дипломата нема никаква вредност. Скоро сите имаат дипломи а многу од нив имаат 0 познавање од светот и животот. Еве јас од моја перспектива не ми е гајле дали мажот има формална едукација туку едукација која ја стекнал самиот индивидуално со радозналост и со желба да биде свесен и разбуден. И да знае шајка да закова а не при најмал проблем да го вика татичко на помош или мајстор. Дали завршил лингвистика со мастер е баш ми е сеедно.
Дефинитвно да, дипломата кај нас е парче хартија, напрај муабет сфачаш колку се боси. Така да не мислам едуцирана само да има диплома Еее баш така, најбитно е да сте на иста фреквенција Баш илјадници имам запознаено со дипломи импресивни, а немаат појма за ништо друго и не си ни трудат да се надоградат. А ти со шо ке му возвратиш ако он ти биде мајстор и шофер, тогаш ти треба секој ден и ручек и вечера да спремаш
Хахаха, па покрај се, зошто тој да не направи и ручек/вечера? #HappyWifeHappyLife Зафрканцијата на страна, врската/бракот не може секогаш да биде 50-50, али треба да има почит, разбирање и пред се комуникација, зошто без разлика колку мислите дека можете да си ги читате мислите, верувај не можете и еден ден кај и да е ќе пукне балонот. Едно е да правиш работи од љубов, друго е едниот да лежи, а другиот да трча наоколу како будала, тоа е еднострана љубов и батали.
Ако нешто се расипе и он го поправи го поправа и за себе исто колку што го поправа и за мене бидејки ни е во корист и на двајцата. Исто така и јас ако направам убав ручек и мене ќе ми биде убаво на стомакот исто колку што и на него, така да правам нешто што е добро и вкусно и за двајцата. Кој што е во можност и му е јака страна прави за другиот а воедно и за самите себе.
Точно тоа да. Може не се изнајснив добро, поентата ми беше дека не е мерило за тоа колку некој е способен и паметен. Бар денес лесно ни се достапни сите книги, интернетот, јутјуб, курсеви. Кој сака да се едуцира ќе се едуцира. Порано да се завршело факултет било поим и реткост, сега секој, се и сешто завршува и од толку презаситеност на дипломи прашање е и колку се вреднуваат. Со исклучоци каде што е стварно потребна како на пример во медицината итн.
И 5 дипломи да има, и ракета за да иде на месечината да направи, не значи дека ќе биде добра сопруга или добар сопруг. Не и барам диплома, не и барам материјални работи. Љубов, разбирање, почит, некоја со која ќе можам да изградам живот, со која ќе имам мир, некоја со која ќе го освојам светов, како што пишав погоре партнер ин крајм, па макар и со 8мо била или ни тоа. Мене да ми биде најдобра, т.е еден на друг да си бидеме, натаму ич не ми е гајле. Што и да имаш завршено не те прави човек или нешто повеќе од другите, тоа си е само за тебе. Не можеш секогаш да работиш на струка, мора да работиш тоа што ти ги плаќа сметките што е најдобро за фамилијата. Мислам дека Ајнштајн беше рекол дека способноста да се прилагодиш е интелегенција, слободно поправете ме ако грешам. Али не можеш ти да имаш 3 деца дома да речеме и да си седиш дома и да чекаш да работиш по диплома, со извинување, мо*ај и се на дипломата, тоа нема ниту да ги нахрани твоите деца, ниту да ги облече, така да лично мене формалното образование ми нема никаква тежина при изборот на партнерка.
Како е криза фатено дури и им одговара да носи дома пари умреа тие времиња петел кога пееше по дома хаха