Ќе сними филм дека го цедиш ко лимон. А и несакам Зошто да мисли дека сум ради пијачка со него? Тешко да се искоренат тие стереотипи, а свесни ли се дека има жени кои заработуваат повеќе од мажи?
Не се работи за пијачка туку за џентлментски потег преку укажување почит, давање валидација и чувство на сигурност.
Под амбициозна жена мислиме образована, интелигентна, има свои цели (да не се фантастични) и жена со став-стабилна? Ако да, тие ме привлекуваат.
Постојат различни дефиниции за амбициозна жена, но, најбитната лежи во тоа да се чувствува самоуверено и реализирано. Ти си набројал неколку каракеристики, па за среќа си ја сфатил поентата. Има луѓе под амбициозна жена исклучиво подразбираат кариеристка, мегаломан кој трча по високи позиции и финансии, што не е точно.
Да, мажите се плашат од амбициозни жени дека со сигурност една жена ќе е поуспешна од многу мажи. Може да си прифатена како амбициозна само ако работата ти е на некоја пониска позиција.
Секоја чест на исклучоците. Но Балканосапиенс најчесто не сака амбициозна жена. Сака мирна и тивка куќна помошничка што ќе му биде служавка, нема да се дотерува и да троши пари за себе, нема да му противречи, сама ќе излегува единствено на релација дома-работа и платата ќе му ја дава на него. А он ќе ги остава гнасните чорапите на маса и најмногу ќе си ја сака мајка му затоа што жената е нужно зло кое служи само за расплод. Амбициозните жени не ретко се многу успешни. Со добро изградена кариера и примања далеку повисоки од тие на сопругот. А успешна жена не дозволува никој да ја гази и омаловажува.
Според мене секој нормален маж со широки сваќања, а не (sheep mind) би сакал да има покрај себе амбициозна и успешна жена. Амбициозноста е доблест и самата по себе ги повлекува другите позитивни работи кои ја оформуваат личноста.
Ако е зрел и изживеан, буквално со широки сваќања би прифатил покрај себе амбициозна жена. Само комплексашите и заостанатите мажи што несакаат да постигнат ништо во животот, а си се тешат со тоа дека ке биде некад нешто и дека ке им падне нешто од небото се плашат од ваквите жени како нас!
И генерално и субјективно, и да и не. Многу зависи на која страна си. Дали си жена која граба, граба, работи, се остварува, патува, качува некои корпоративни скалила и општо прикажува слика на -остварена- жена онлајн. Или си мирна, тивка особа која не е у натпревар со светот, медитира, чита, цени мир, не и значи општествена валидација како лајкови и унапредувања, и сака да јаде лук. И двете се успешни жени. И двете се застрашувачки за медиокре мажот 30+. Само што вторава е и ОСВЕСТЕНА. И двата профила можно е да разбудат внатрешен немир и страв кај мажот. Да го предизвикаат егото. На многу потсвесно ниво. Некогаш прават тригер особата да почувствува пониска вредност, дека не е доволно добра за да дополни таму, дека нема и потреба да дополни, и имам приметено дека се повлекуваат. Не целосно, ама делумно ќе го колеба дали е он доволно -дораснат- за таков профил(и) на жена. Многу е битно и за која група на луѓе станува збор. 20-30, 30-40, 40+ Сопственото искуство ми е тоа дека зависи на каков човек ќе налеташ. There is no one size fits all. Дружев со претпримачи, газди, луѓе од фамилии со бизниси, станови чуда, дејтав многу остварени мажи финансики, на кои најголем страв им наби не мојата кутра малечка позиција на работа, туку мојот став за животот, неверството, смртта, партнерството, моите амбиции за наредните две години, мојот план за пензионирање.. и одлетаа. Дружев со луѓе кои на прв дејт не сакаа да платат 40 денари паркинг живеат со мама и тато и не сакаат да уплатат за стан ама секое лето идат по фестивали за да се џанакосуваат, апла 0 амбиција, до 3 работи, од 3.30 у кафана, ливерпул и манчестер.. и не беа исплашени од мене. Напротив, мојот профил допунуваше кај шо они мањкаа. И почнав да немам никакво мислење за полот општо. туку само за индивидуата. У мојот случај - амбициозна жена не мора да значи дека ќе те исплаши. Ама мудра, стабилна, изживеана и страшно емотивно зрела жена - е тогаш се вика поп за егзорцизам.
Ne se plasat tuku ne sakaat, tesko se kontrolira, voopsto ne uspevaat uceni, ne palat manipulacii odnosno palat dodeka na taa i odgovara i tolku, nema daj sto dash i tn. Se na se mnogu napor ..."koj kje se zamara, kje zamine taa i vaka i taka"
Воопшто, ама воглавно амбициозните личности се тип кој ретко покажува емпатија - освен доколку е комплетна личност со реални чувства, граници, и самосвест. Ако нема едно од овие три, осудени се на пропаст. Истото важи и за жени и за мажи. Без ниедно од овие, преовладува ароганција, заслепеност од финансиска моќ, во најмала рака mood swings, барање некој налик на другиот со амбициите, парите, кариерата, бизнисот, и слично. Па кој маж (или жена) би го трпел/а тоа по дома? Замислете да едниот прави повеќе пари од другиот, а со тоа да мисли дека има ексклузивно право над сè во домот? Знам бивши другари кои биле заслепени од амбиции, и затоа не сме се виделе повеќе од 10 години. И уште се сами, а и не знаат што да прават со животот, пошто нели - амбициозни. Девојки исто, и затоа не се претворило во нешто сериозно. Ваквите луѓе пречесто знаат да мислат само на пари, кариера, и ништо друго околу нив. Ако си амбициозен и истовремено ЧОВЕК, тогаш стварно си успеал во животот. А да, најбитно - "парите уште никого не збогатиле."