Дискутабилно .. али ајде .. нека биде така . Мене лично не ми смета.. али пак можеби јас не сум саглам
Зависи од мажот. Во мојот круг на пријатели, другари, повеќето си сакале девојка/жена образована, со добра кариера и со амбиции. Најблиските парови со кои се дружиме жените имаат појаки кариери од мажите и подобри плати и онака ко нормална појава е (забарка со продавач, ИТ со администрација, газдарица на неколку бутици со осигурителен агент)… овие ми се неколку примери околу мене каде жените биле поамбициозни и се образовале и фатиле подобра работа. Ваљда се зависи од кругот на луѓе што го познаваме… не велам дека нема такви мажи, сигурна сум дека има, ама среќа не е глобален хендикеп… значи одиме на подобро.
Уште еден доказ колку маживе станале co - dependent спонзоруши. Не дека секој еден е со план и агенда, ама голем процент се, и тоа од сите возрасни групи. Трендот на жена да издржува маж во поглед на шушки се зголемува. Како им легна и го искористија феминизмов, алал нека им е...
Па за тоа се бореа, нели ? Ете во примерот погоре жените повеќе заработуваат од мажите, целта е постигната
Како и да гледаме, не ни чини. Ако не сакаат амбициозни жени, се плашат, шовинисти се. Ако сакаат амбициозни - спонзоруши се! Ако мажот зема поголема плата, жената спонзоруша е? Во нормален брак финансиите се заеднички, и не е важно кој повеќе заработува.
Ама во нормален брак. А повеќето мажи, особено овие на балканов, болни ќе паднат ако жената извади и 100ден повеќе од нив.
Па да де, во нормален брак, примерите погоре што ги кажав од нормални бракови се. Ама ете и то не чинело, спонзоруши биле.
Тоа убедување дали е лично твое ама поголема е веројатноста да ти е наметнато е неосновано. Тој став може само да те кочи у животот Многу добар сублимат
Кешким да беше само мој став. Но тоа е реалноста во која живеат тие мажи . Сум доживеала, сум сретнала други во таква ситуација, сум читала коментари за истава тема.... значи тоа е ФАКАТ.
Екстреми. Или се спонзоруши или се амбициозни нарцис фрикови, средина слабо. Зависи како биле воспитани дома, про - западно или југословенски.
Цк, не зависи од тоа. Пошо тоа не е проблем само кај нас, туку и во остатокот од светот. Многу жени се жалат дека партнерот им е љубоморен шо се успешни или шо заработуваат повеќе од него.
Ова се само шпекулации и вадење заклучоци од примери кои се статистички незначителни. Колку и да се примерите што си ги сретната/прочитала 10, 20, 50 ? - Од тоа да вадиш заклучок дека "повеќето" се такви е сулудно. Али треба да се внимава вака, пошо како шо пиша ти така да пишат уште 20 на форумов и некој трет кога ќе прочита ќе заклучи дека тоа е вистина и сите се такви.. Глеаш колку лесно се шират дезинформации, види има секакви ама како во ДНК да ви е тоа генерализирање.