Шо да ме погоди? Кој дел поточно? Аа, тоа шо си мислиш дека измислувам? Маа нее, не се замарам јас со машки глупоштини. Си праам муабет со членките само.
Да, тука сме да си даваме совети и искуства, за да не загази и некоја друга. од машки глупоштини хе хе
Јас обично не сакам мрза од жена и да има некакви амбиции.. Ако ништо друго и таа да ме мотивира да бидам добар и да се одржувам на тоа па и подобар да бидам. Ама тенка е линијата помеѓу поттурнување и вака ко шо замислувам јас идеална партнерка. Ретки се.
Да мажите се плашат и од успешни а и од убави и згодни жени. Всушност сакаат да владеат со жената, за да можат да изиграваат џекови. Од памтивек е тоа така... се надевам ке се искорени постепено
А јас пак имам и други видувања и искуство. Ако си помалку од жената значи не те бива. Ни ваму ни таму си на Балканов или Македонијава.
Уствари просто е. Силен маж може да се носи со силна жена, слаб ќе бара некоја што ќе може да ја манипулира. Амбицијата е претпоставувам одраз на силен карактер, нема врска со тоа кој што работи и колку пари заработува денес. И толку е. Кој е помалку/повеќе е дискутабилно, променливо, не е ништо во камен пишано.
Се убо кажано, ама овде ко да повеќето се претставуваат жртви ова она, како не си нашле сите амбициозен силен маж и со карактер.
Кој маж се плаши од било каква жена без разлика дали е амбициозна или не, не заслужува да биде машко.
Паметен маж не се плаши од неговата амбициозна жена,тој ја подржува во секој чекор и се гордее со неа. Неиживеан маж се плаши од неговата амбициозна жена, бидејќи знае дека таа е подобра од него во се.
Дај боже следната жена да ми биде амбициозна. Последнава само кочници, наместо поддршка да имам. Истото важи и за мене ако е амбициозна и гледам дека ми одговара нема што да се плашиме идеш напред. Каков бре страв дај боже повеќе да ги има.
Коментаров ме потсети на едно интервју што ми излезе на некој рилс, прашуваат рандом минувачи "Дали би ви пречело жената ваша да заработува повеќе од вас?" и еден кажува "Не се нашла жена што може да заработи повеќе од мене", кога го прашаа што работи кажа некој знает, не се сеќавам дали беше електричар или водоинсталатер (нешто такво).. И си мислам дали човеков е глуп, не дека е мала платат на електричар ама електроинженер сигурно повеќе зема плата од него, а може и жена да биде и постојат многу по платен професии од неговата.
Дефинитивно, пошто ако жената заработува повеќе од мажот, многу од мажите мислат дека го губат правото на глас во фамилијата, а паметна и амбициозна жена нема да ја стави финансиската состојба на мажот и жената на кантар. Не секој може да биде доктор, судија, правник итн.