Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мажите се плашат од амбициозни жени?

Дискусија во 'Сингл' започната од Gea, 14 јуни 2011.

  1. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    мммм некои од нас се свесни, верувај :rofl:
     
    На glosipgirl и Phyramide им се допаѓа ова.
  2. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    сеа одма си извизуелизирав: Пирамида на дотичниот: You've been a very, very, very naughty boy :D
     
    На glosipgirl, Gea, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ќе се ставам во групата на многу амбициозни жени, но жени коишто не си го запоставуваат партнерот, детето нити пак домашните обврски. Пред да го сретнам мојот сегашен мм имав поактивен ноќен живот бидејќи живеев во Скопје. Бев сингл, со дете вработена во супер фирма во која заработуивав многу. Имав проблем скоро со секој втор дечко кој ќе се запознаеше со мене, и тоа не заради детето него заради работата. Кога ќе кажев каде работам, дека сум 24/7 активна на работа и отприлика колку заработувам бегаа ко од ѓавол. Овој феномен од машки коишто се шетаат по скопскиве улици неможам до ден денес да си го објаснам.
     
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Шо праиш злато? еве дома срце, ти излезе од работа? денес ќе задоцнам, ќе бидам до кај 7, ти напрај ручек, пушти пералната, избриши прашината во дневната и садовите од сабајле измиј :D И вакви парови познавам :) Тукуууу шо ќе кажев за темава.....се насмеав онака поштено, си го продужив животот за некоја година, и не заборавајте на мажот да му стаите каишче со пшлочка на која што ќе му го пишува името, во случај да се изгуби кога ќе го шетате :D и да факт е дека вие девојки сте тотално откачени (во позитивна смисла на зборот - нормално) 8)

    На сериозна нота - Ако дечкото се цени самиот себе, е интелигентен, успешен - ќе си бара таква девојка, а со оние просечните нема да се задоволи....Како и да е - нас не привлекуваат личности кои што можат да ни парираат на интелектуално ниво зарем не? Ако ти доаѓаш дома и праиш муабет за Архитектура и за новитети што ќе се воведуваат во идните проекти а типацот те гледа со блед поглед и ти вика - бејб Џон Вејн е на тв, а и врска неам што ми кажуваш... после ќе идам да го шетам Мурџо по улица, а ти рачунај си да не ти падне тоа зградата, зарем тоа нема да ве исфрустрира? Што ти како интелектуалец, имаш партнер кој што нема едно општо познавање за да ти сврти два реда муабет? Мене би ме исфрустрирало до максимум !!!

    Од овој аспект може да се каже дека е потешко за амбициозните личности и оние што се ценат себе, да најдат соодветен партнер, зашто сепак имаат одредени очекувања од таа лчност....Како и да е - Мажите кои што се самоуверени во своите квалитети, цврсто стојат на нозе, знаат што сакаат, имаат зацртани цели во животот, ОБОЖАВААТ Жени кои што ќе им парираат на интелектуално ниво !!!!!! Од тука ќе им се роди хемијата ;)
     
    На Elvis-Presley, glosipgirl, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  5. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    ммммм ти си самохрана мајка?
    Тоа е друга математика, не сите мажи можт да го прифатат тоа...
     
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    дефинитивно да ... а уште ако неможе да и парира :x :x
     
  7. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Апсолутно неточно! Гордост е да имаш покрај себе успешна жена. Не можам да се замислам себе си со некоја неостварена, мрзлива и неамбициозна која се задоволува со медиокритет. Нормално, се што е претерано секако не е убаво па и амбициозноста но секако е посакувана и позитивна карактеристика.

    Правиот маж не се плаши од амбициозните жени затоа што сака предизвици! Истите ги користи како поттик да стане уште подобар!
     
    На glosipgirl, zhap4e и sanjaeva им се допаѓа ова.
  8. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Релативно е. Ми пречи генерализирањето, треба сите мажи да се слабаци па да се плашат од амбициозни жени. А не е така, очигледно.

    Јас мислам дека им е предизвик, да имаат во близина успешна жена. Амбициозна со остварени цели и планови, тоа е за почит. А инаку амбициозно може да биде и некое
    курвештииче
    а неуспешно и мизерно.

    Дефинитивно постојат различни типови на мажи кои различно се однесуваат со амбициозните жени. Некои ги имаат во тон во близина, бидејќи имаат заеднички интереси, а некои искомплексирани мажи си сакаат нешто поедноставно, бидејќи не знаат како да се однесуваат со оние успешните и некако губат доминација.
     
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Зависи од карактерот и темпераментот на мажот.
    Некои сакаат да доминираат,т.е. жената да не се истакнува над нив.
    Некои имаат потреба од жена која е поамбициозна од нив,зашто преку неа на некој начин ги исполнуваат своите амбиции.
    Не верувам дека на некој му е сеедно дали жената е амбициозна или не .
    Тие се почитувани и посакувани од страна на мнозинството (а кој би сакал флегматична жена,на крај краева?)
     
  10. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Тука самите жени, несвесно ги одбиваат мажите. Нивното држење,живот,заработувачка и слично ги тера далеку од нив. Тоа е моето мислење. Мажите можда се плашат од нив.. дека нема да биде нивна само, дека зарабоува повеќе, има повеќе, не ке може да ја задоволи или пак нешто слично :)
     
  11. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Машки
    Не се плашам од амбициозни жени баш сакам такви бидејќи се далеку покреативи од одтанатите девојки секако сега не зборам само да и е завртено во глава работа и само работа да заработам што повеќе можам да си има амбиција но и да знае да ужива
     
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Јас да бев машко и да не бев во врска баш би сакал покрај мене да имам амбициозна жена. Јас сум многу амбициозна, а дека се плашат не вервувам тие не сакаат само некоја да ги потсеќа дека е подобра од нив и дека повеќе заработува од нив :)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Малце повече од дозволеното сум амбишиос........можда затоа и не сум комуникативна со народот 8)
     
  14. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Според мене успех е да имаш добри резултати на секое поле од животот,меѓутоа ова не е случај со овие жени,тие ги насочиле силите кон една цел,но иако имаат добри работни места и добра финансиска потпора,сепак задоволството не им е комплетно и моја констатација е дека они сами си се криви за таа single ситуација,не се криви мажите.Значи,според мене темава треба да гласи-"Дали амбициозните жени се плашат од мажите?",бидејќи тие одлучиле да се посветат на професионалниот живот,па можеби се плашат дека мажот во нејзиниот живот би и бил кочница во напредокот,зошто мажите не ги делат жените на амбициозни и неамбициозни,ги делат на жени што им се допаѓаат и жени што не им се допаѓаат,а тоа што амбициозните жени се сами,тоа е така зошто неможеле да најдат доволно време за приватниот живот,се стремеле за повеќе и повеќе и повеќе.......
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Се плашите бе машки, признајте!!!!!! Сакате жената да не е помоќна од вас. :D
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Па сеа зависи ... во некои области не ни смета , а во некои ни смета


    На пример мене девојка ми да ме победи во Дота .... ќе ја оставам :tmi:
     
    На Hipica, Trendafilka, agirl17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    јас мислам дека се плашат машките од анбициони зени, ама срам им е да признаат :lol: :rofl:
     
  18. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    воопшто не би ми сметало па дури и само она да работи а јас да си го прчам дома е така луѓе се живее без комплекси до 101 и назад :D
    несум горделив у овој случај она само нека си работи нека си биде амбициозна и нека носи пари :D
     
  19. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.095
    Пол:
    Женски
    Ако во денешно време маж се плаши од жена што придонесува повеќе од него, за мене тој е прост. Не е важно кој колку заработува, важно е да има придонес во домот, да има хармонија и разбирање.
    А оние дигнатите и еднонасочените жени не ни можат да имаат некој крај себе, не дека ги одбиваат мажите поради нивните амбиции, туку баш поради тоа што не обрнуваат внимание на ништо друго околу себе освен работата.
     
  20. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.036
    Пол:
    Машки
    Нема врска,не се плашиме,бар не јас :shake: ,моќната и амбициозната жена би ми била мотив плус,дека знаете,сакам да се тркаме :D